Коментари

Зоран Заев го потценува македонскиот народ и си ја бара бељата

Свекрва

Зоран Заев го потценува македонскиот народ и си ја бара бељата

На референдумот одржан на 30-ти септември македонскиот народ му кажа Не на спогодбата со Грција за промена на уставното име. Повеќе од 63 проценти го бојкотираа референдумот и покажаа дека се против промената на уставното име на земјата. Меѓутоа, и покрај слабата излезност од 36 проценти, од кои над 90 проценти гласаа за, актуелната власт се обидува ова да го прикаже како воља на македонскиот народ и како дозвола да го спроведе договорот со Грција низ институциите на системот. Односно да изврши измена на Уставот во Собранието на Македонија.

Од околу 1.800.000 гласачи, скоро 1.200.000 го бојкотираа референдумот на кој требаше да се одговори на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за промена на името меѓу Република Македонија и Република Грција“.

Референдумот беше неуспешен, а референдумското НЕ не беше против западот или за истокот. Едноставно македонскиот народ е против промената на името и идентитетот и му покажа на светот дека постои, дека нема намера да се откаже од своето културно наследство.

Сепак, иако резултатот од референдумот се реалност, тоа никако да ја отрезни актуелната влада предводена од Зорам Заев, како и неговите поддржувачи од центрите на моќ.

ЕУ, НАТО и САД, упорно говорат за успешен референдум и му даваат за право на Заев да продолжи да ги спроведува активностите за промена на името. Во соопштенијата кои доаѓаат од САД, ЕУ и НАТО, или во изјавите на нивните претставници, видливо е дека го потценуваат македонскиот народ и ја игнорираат вољата на Македонците.

Ваквата политика на ЕУ, САД и НАТО е безобразна и контрапродуктивна. Надвор од правото и законите на земјата таа може да има трајни негативни последици како по македонскиот народ, така и по самите нивни интереси на големите сили на овие простори.

Имено, ако некогаш за ЕУ и НАТО беа над 80 проценти од населението во Македонија, сега на референдумот за евроатланските интеграции само 30 проценти го дадоа својот глас. Тоа значи, дека ЕУ, САД и НАТО мора да ја преиспитаат својата политика, доколку го сакаат македонскиот народ на своја страна, односно да биде таму каде што му е и местото.

ЕУ, САД и НАТО вршат притисок врз македонските власти да го спроведе договореното од Преспанската спогодба од 17 јуни помеѓу Македонија и Грција која воопшто не е добра за Македонците.

Поради тоа, и покрај пропаднатиот референдум, што според законот би значело отфрлање на спогодбата, во наредните десетина дена во Собранието на Македонија се очекува вистинска трка по гласови од опозицијата за да власта се стекне со двотретинска поддршка (80+1).

Во овој период голем број пратеници на ВМРО ДПМНЕ ќе бидат изложени на уцени, закани, ќе им бидат нудени пари и позиции само да прифатат измени на Уставот и вметнување во него на договорените одредби со Грција, по што би дошло до ратификација и во грчкиот парламент.

Со оглед дека ВМРО ДПМНЕ е против промената на уставното име кој се содржи во договорот со Грција, социјалдемократите тешко е дека ќе обезбедат доволен број гласови од опозицијата. Исто така, СДСМ ќе треба да обезбедат и гласови од албанскиот блок, кои ќе ги зголемат своите побарувања кои тешко ќе можат да се исполнат. Сепак, поединци под притисок можеби ќе ја попуштат, но сосема е сигурно дека ќе биде многу тешкоСДСМ да обезбеди гласови од 81 пратеник.

Актуелниот премиер Зоран Заев во пресрет на референдумот најавуваше дека доколку референдумот биде неуспешен тој ќе поднесе оставка. Но, како и досега, рече и одрече. Тој продолжува да ја манипулира јавноста. Така, сега за него е успех излезноста од 36 проценти и спротивно на законот за референдум смета дека има мандат да продолжи да работи за уставни измени, за смена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Според изјавите за медиумите, Заев е решен, доколку не му успее да обезбеди доволен број на гласови во Собранието, да оди на предвремени избори и тоа што е можно побрзо. Доколку се случат овие вонредни избори тие би биле во ноември. Без оглед на искуството со референдумот, тој се надева дека ќе успее да донесе нов устав на Македонија, ново име и дека земјата ќе стане 30 членка на НАТО, а потоа и на ЕУ.

Меѓутоа, Заев навистина има еден голем проблем за да успее. Тој заборави дека македонскиот народ на референдумот кажа НЕ за промена на името.

Тоа значи дека Зоран Заев го потценува македонскиот народ и си ја бара бељата. Засега референдумот беше тивок бојкот, а утре може да биде громогласен шепот на милион и двеста илјади души кои власта сака да ги игнорира.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top