Коментари

Северна никогаш, Македонија засекогаш

Свекрва

Црни денови на македонската историја

Да не се менува Уставот! Да не се менува името! Оставка на Владата! Оставка на пратениците! Избори! „Северна никогаш, Македонија засекогаш“! Ова се барањата на македонскиот народ кој ги истакна на неделниот протест пред Собранието. Ни лошото време, ни попречувањето на полицијата не ги спречи неколкуте илјади граѓани да протестираат против спогодбата со Грција за промена на уставното име и другите уставни измени.

Преспанскиот договор не е правосилен без потпис од Претседателот и негова објава во Службен весник. Сепак, иако овој документ формално правно не постои, актуелната власт продолжува со уставните измени, односно постапки за разнебитување на македонскиот народ и неговата држава.

Во тој контекс се и најавата за одржување на пробниот попис во 2019 и пописот во 2020 г. во која се предлага да нема прашања за етничката и верската припадност, туку само прашање за мајчиниот јазик, како и бегството од земјата на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, во моментот кога требаше да замине на отслужување казна затвор.

Неверојатно изгледа веста дека Никола Груевски, кој како лидер на најголемата опозициска партија ја предводеше борбата за зачувување на уставното име и македонскиот идентитет, наместо во затвор, на филмски начин избега од Македонија. Неверојатно изгледа веста, дека македонските безбедносни органи не ја знаеле неговата намера и не го спречиле бегството. Исто така, неверојатна изгледа веста дека „големиот брат“ и неговото „големо уво“ од Кале, ништо не знаел за намерите на Груевски и дека доколку ја знаел, не им ја пренел информацијата на безбедносните органи под контрола на Заев.

Не случајно Зоран Заев јавно се прашува дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран.

Тоа отвора можност за повеќе шпекулации за тоа кој и како Груевски го пренел во Унгарија, дали е таму или на друго место и т.н..

Дека актуелната власт има намери да го избрише македонскиот народ од листата на европски народи покажува и најавата за одржување на пробниот попис во 2019 и пописот во 2020 година во која се предлага да нема прашања за етничката и верската припадност, туку само прашање за мајчиниот јазик. Истовремено овој сомнеж се зголемува со информацијата дека се планира за 2020 година да се исфрлат хартиените пописни листови, а податоците да се внесуваат во лаптоп со кој ќе располага секој попишувач. Изостанувањето на тврда копија од изјаснувањето дава простор да се размислува и за други манипулации во однос на одговорот на прашањето за мајчиниот јазик.

Со спречувањето на македонскиот народ да се изјасни за својата етничка и верска припадност актуелната власт го прекршува правото на самоопределување според меѓународното право и според Повелбата на ОН. Истовремено, доколку не му овозможи на сопствениот народ да се изјасни, актуелната власт ќе изврши злосторство врз сопствениот народ.

Во овие црни денови на македонската историја, кога македонците се соочуваат со бришење од картата на народите на Европа, македонскиот народ се повеќе го крева својот глас. Тие го бојкотираа референдумот од 30-ти септември, спротивставувајќи се на спогодбата со Грција која предвидува промена на уставното име. Веќе се најавува бојкот и на пописот на кој не ќе може да се декларира етничката припадност на македонскиот народ.

Во моменти кога институциите кои треба да го бранат Уставот и Законите во земјата се парализирани од антимакедонски инсталации, македонскиот народ се самоорганизира. Неговиот отпор станува се посилен. Со бојкот на референдумот тие не му дадоа правен легитимитет на спогодбата со Грција и за уставни промени.

Врз основа на неуспешниот референдум, организаторите на неделните протести пред Собранието на РМ побараа „итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени, еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, трајна заштита на името на државата и распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори“.

Доколку не посакува да се соочи со народ, без притоа да се повторат грешките од 27-ми април, актуелната власт мора сето ова да го испочитува. Едноставно пратениците треба да ги прифатат барања против уставни измени“.

Паролата е едноставна „Северна никогаш, Македонија засекогаш“!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top