На прво место

Нека слушнат Филипче и СДС: каде е вистинскиот проблем со бугарската политика кон Македонија

Коалицијата МАНАПО – Македонски национално-патриотски организации, реагира на изјавите на Велизар Енчев, поранешен бугарски разузнавач, кој во гостување во подкаст со Зорница Илиева изнесе сериозни тврдења за односот на Бугарија кон Македонија и нејзиниот пат кон Европската Унија.

Според изнесеното, Енчев смета дека членството на Македонија во ЕУ би било „голем удар“ за Бугарија, бидејќи со тоа македонскиот национален идентитет би добил уште посилна меѓународна институционална потврда.

Тој отворено говори дека Бугарија не треба да дозволи Македонија да стане членка на Европската Унија, бидејќи, како што вели, „македонизмот“ е длабоко вкоренет, особено кај младите генерации, и станува сè посилен.

Особено загрижувачки се деловите во кои се зборува за продолжување на блокадите, економско слабеење на Македонија, иселување на населението и можност за користење на внатрешни етнички тензии како средство за дестабилизација.

Овие изјави треба сериозно да ги слушнат Венко Филипче и целата СДС. Токму ваквите пораки покажуваат дека проблемот не е во Македонија, туку во политиките кои сакаат да го негираат македонскиот идентитет, јазик и историско право на постоење.

Македонија не смее повторно наивно да влегува во процеси без јасни гаранции. Не смее да се прифаќаат уставни измени, отстапки и диктати кои не носат сигурна европска иднина, туку отвораат простор за нови уцени.

Изјавите на Енчев, бараат внимателна проверка, но и јасна политичка, правна и морална реакција. Повиците за блокада, слабеење и дестабилизација на една држава не се европски вредности, туку спротивност на сè што Европската Унија треба да претставува.

Македонија има право на свој идентитет, свој јазик, своја историја и своја иднина. Тоа право не може да биде предмет на трговија, уцена или политички инженеринг.

Најново од: На прво место

Македонски историски календар: 4 август – херојските битки на илинденците и прогонот на Македонците

На 4 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е запаметен по херојските борби на македонските востаници во Кичевско и Костурско во 1903 година, по воспоставувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција и по смртта на македонскиот национален деец Сократ Маркилов. Битката кај Ѓурѓејца во Кичевско На 4 август 1903 […]

Муцунски: Од ЕУ слушаме пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на македонскиот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но нагласува дека тоа нема да биде решение по секоја цена. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за МИА, изјави дека се работи на решение за одблокирање на […]

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата […]

По снимката што ја вознемири јавноста, МВР ги идентификуваше осомничените за нападот во Гостивар

Двајца малолетници од Гостивар и 20-годишен скопјанец се осомничени за насилниот инцидент во кој биле нападнати две лица. Случајот ќе се води по брза постапка. Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот инцидент во Гостивар, за кој на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка видеоснимка. На снимката се гледа како за време на […]

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

Македонски историски календар: 3 август – слободно Крушево, Крушевската Република и борбата за македонска државност

На 3 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е нераскинливо поврзан со ослободувањето на Крушево, воспоставувањето на Крушевската Република, херојските борби на илинденските востаници и завршувањето на Првото заседание на АСНОМ. 1903 – Ослободено е Крушево Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1903 година, околу 750 востаници, организирани во […]

Честит Илинден до сите Македонци каде и да се!

Редакцијата на „Македонска нација“ – mn.mk им го честита големиот национален празник Илинден на сите Македонци во Република Македонија, во Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа, како и на македонското иселеништво ширум светот. Илинден е симбол на македонската борба, слобода и државност. Тој е вечниот пламен што ги поврзува илинденците од 1903 година со […]

To top