Досиеја

ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОП ВЕЧЕР – 97“-Берлин

Berlin 1

Berlin 1

ЛУДА ЗАБАВА НА „ЕВРО-МАК-ПОП ВЕЧЕР – 97“-Берлин

На првата „Евро-Мак-Поп вечер – 97“, повеќе од десет часа, се дружевме со младите Македонци,втора или трета генерација, која живее, учи или работи во Берлин. Всушност, нивните родители се родум од Македонија, а овде дошле на времена работа, во периодот меѓу шеесеттите и седумдесетите години на 20-тиот век.

Пред почетокот на забавата, Милена Цветанова, претседателка на Македонскиот младински клуб „Александар Македонски“, организатор на забавата, не информираше, дека на нивна покана со специјални автобуси и сопствени возила допатуваленивниврсници,МакедонциодХановер,Латцен, Нинберг, Минхен, Штутгард, Франкфурт,Бремен,Дортмунд,Офолбенг,Дизелдорфиод други места, за да се дружат, да се забавуваат, да ги продолжат традициитенанивните родители, дане ги заборават сопствените македонски корени.

Цветанова, во разговорот посебно ја потенцира и изрази голема благодарност за помошта што им ја дава Манојил Јаковлески, која се состои од голема финансиска, морална и организациона помош, за формирање на ММК „Александар македонски клуб“ и за организирање на првата „Евро-Мак-Поп вечер Берлин – 97“.

Гостите ги забавуваше штипскиот бенд „Арис брада бенд“, а незаборавно шоу приредија: популарниот Владо Јаневски и специјалниот гостин Јонче Христовски. Неочекувано,мошне забавно и неповторливо беше, кога Владо Јаневски му се придружи на Јонче и во дует исполнија неколкупесни.

„Не сумзнаел,дека со Јонче сме прекрасен дует.Задоволен сум што без проба, без договор, настапот ни беше неповторлив“- со задоволство говореше Владо, а Јонче тоа го поздрави со воодушевување.

По завршувањето на манифестацијата,претседателката Цветанова, беше презадоволна: „Целта ја постигнавме. Она што го замисливме, целосно го реализиравме. Ова беше вечер, која на сите ќе ни остане во долго сеќавање, бидејќи на дружењето, на играта и на веселбата им немаше крај. Се запознавме со многу наши врсници и се договоривме, вакви и слични средби и забави да организираме почесто, за да не се заборавиме и за да ја продолжиме нашата македонска традиција и на овие простори, далеку од нашите корени“.
Berlin 2ВЛАДО ЈАНЕВСКИ И ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ЗА ПРВПАТ И ПОСЛЕДЕН ПАТ ЗАЕДНО НАСТАПИЈА НА ЗАБАВА БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА ПРОБААТ.

ЈОНЧЕ ЈА ПЕЕШЕ СОПСТВЕНАТА ХИТОВСКА ПЕСНА „ АЈ ЗАСВИРЕТЕ ЧАЛГИИ“ МУ СЕ ПРИДРУЖИ ВЛАДО ЈАНЕВСКИ. ТОА БЕА МОМЕНТИ ЗА УЖИВАЊЕ ВО ПРЕКРАСНИТЕ ГЛАСОВИ НА ДВАЈЦА АСОВИ.

ПУБЛИКАТА НАСТАПОТ ГО НАГРАДИ СО ГРОМОГЛАСНИ АПЛАУЗИ.БРАВО.

ФОТОГРАФИИТЕ ГОВОРАТ ЗА РАСПОЛОЖЕНИЕТО НА ЈОНЧЕ И ВЛАДО.

ТЕКСТ и ФОТОГРАФИИ: КИРО КИПРОСКИ

Најново од: Досиеја

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

Што видел Ниче Димовски-Македон додека седум дена бил во кома?

Во 1997 година, на 33-годишна возраст, Ниче Димовски-Македон, по тешка операција на хранопроводот во Германија, паднал во кома која траела седум дена. Преживеал, а подоцна пишувал за своите сеќавања од „другиот свет“. Години подоцна јавно изјавил дека доживеал клиничка смрт и дека имал необични визуелни слики, меѓу кои и визии поврзани со гробот на Александар […]

Членска книшка на Македонски женски сојуз од 1926 до 1934 година – сведоштво за стремежот кон слободна и независна Македонија

Членската книшка е печатена во Бугарија, а оригиналниот текст е на бугарски јазик и со тогашниот бугарски правопис, бидејќи женската организација била формирана и дејствувала во Бугарија. Македонскиот женски сојуз бил организација на жени бегалци од Македонија, формирана во Бугарија. Дејствувал во периодот од 1926 до 1934 година и одржувал контакти со ВМРО. Во почетокот […]

Вистината за „Сина птица“ – (Документи)

Патриоти вовлечени во опасна игра и видеокасетата што случајно ја откри аферата Аферата „Сина птица“ од 1992 година не може да се разбере ако се гледа само низ една видеоснимка или еден состанок во Кочани. За да се разбере што навистина се случуваше, мора да се вратиме во годините кога Југославија се распаѓаше, кога во […]

Тајните досиеја сведочат: Мане и Гојко Јаковлески членови на ДООМ под надзор поради македонската кауза во Берлин

Транскрипција на службена белешка од 16 октомври 1978 година РСВР на СРМ СДБ – Скопје Испостава на СДБ Струмица [прецртано] Струмица, 16.10.1978 год. Евиденција бр. 132/18-266 17.10.1978 год. СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА Извор: [прецртано] Објект: Емиграција Лица: Гојко Јаковлевски, емигрант во Берлин Мане Јаковлевски, емигрант во Берлин Стојан Ковачев од Струмица, на привремена работа во Париз – […]

Архивски документ: Љупчо Георгиевски го овластува Мане Јаковлески да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во Европа

ВМРО – Демократска партија за Македонско-национално единство Централен управен одбор Бр. 224/92 30.10.1992 год. Скопје ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Скопје РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Рег. бр. 38 [нечитлив знак] 3552/1 ГУВР–Скопје ПРЕДМЕТ: ПОЛНОМОШТВО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (Република Македонија), има чест да го ополномошти г. Манол Јаковлески (роден на 1.02.1951 год., во Гостивар, Република Македонија), кој сега […]

To top