На прво место

Сиљановска-Давкова од Братислава: Не е доволно да бидеме охрабрувани со децении, ни треба еднаков третман како сите други

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава порача дека Македонија очекува еднаков третман во процесот на европската интеграција и оценување исклучиво според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови кои не се дел од европското законодавство.

На заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини во Братислава, Сиљановска-Давкова истакна дека државата заслужува можност целосно да се посвети на реформите, наместо енергијата да ја троши на билатерални прашања.

– Бараме да бидеме третирани како сите останати и вреднувани според Копенхашките критериуми – да добиеме можност да се фокусираме на реформите, наместо да ја губиме енергијата на билатерални прашања што немаат врска со духот и словото на Копенхашките критериуми – изјави претседателката.

Таа нагласи дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија не е само политичко прашање, туку и прашање од безбедносно и стратешко значење во време на сериозни геополитички промени.

– Не е доволно да бидете охрабрувани со децении. Процесот на интеграција во ЕУ значи исполнување на Копенхашките критериуми и европеизација во сите сфери на општеството. Без разлика дали се работи за мали или големи држави, Западниот Балкан отсекогаш историски, културно и логично припаѓал на Европа и треба да го најде своето место во неа – порача Сиљановска-Давкова.

Според неа, интегрирањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија ќе придонесе за надминување на поделбите и ќе стави крај на феноменот на „балканизација“ и на вештачките граници меѓу Истокот и Западот.

Претседателката го поздрави и ставот на Словачка дека идентитетските и културните прашања не треба да бидат предмет на политички условувања и преговори, нагласувајќи дека Македонија високо го цени ангажманот на земјите кои бараат рационален и правичен пристап кон европската интеграција на регионот.

– Навистина очекуваме разбирање, а не поттикнување на употребата на ветото во врска со кластерите и поглавјата. Меритократски, според заслугите – тоа е суштината на Европската Унија. Ќе влеземе тогаш кога ќе личиме на оние што веќе се членки на Европа. Често велам дека сум уморна од тоа да живеам во „егзотична“ држава – сакам да живеам во досадна европска држава. Досадната европска држава е заснована на принципи и вредности. Тоа е она по што треба да бидеме оценувани – истакна претседателката.

Словачкиот претседател Пелегрини порача дека проширувањето на Европската Унија мора да биде фер, предвидлив и процес заснован на исти правила за сите земји кандидати.

– Ставот на Словачка е јасен – стабилен, просперитетен и европски ориентиран Западен Балкан е во стратешки интерес на цела Европа. Ние сме партнери кои го поддржуваат европскиот пат на Македонија и сметаме дека довербата во Европа се темели на правила и добрососедски односи. Нашата амбиција не е да бидеме судии, туку да придонесеме за почитување на европската перспектива на регионот и достоинството на сите вклучени страни – изјави Пелегрини.

Посетата на Сиљановска-Давкова на Словачка доаѓа во период кога Македонија повторно ја актуализира потребата од деблокирање на евроинтегративниот процес и доследна примена на принципот на еднаквост за сите земји кандидати за членство во Европската Унија.

Најново од: На прво место

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Најнови вести

To top