На прво место

ВАТИКАНСКА ЗБИРКА СО ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Епископ Македонски од татковината на Александар

ВАТИКАНСКА ЗБИРКА СО ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Епископ Македонски од татковината на Александар

Според документи што се чуваат во Архивот на Светата столица, во Македонија никогаш не живееле Бугари или Срби туку Македонци. Во огромниот фонд на Конгрегацијата, односно на Ватикан, има многу интересни, всушност сензационални сведоштава за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. 

Во еден документ од 1624 година, кој зборува за обновување на Колеџот во Лорето, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука да се доделат места за питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата Столица за стипендии“. Значи на почетокот на 17 век во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, па затоа за нив биле одобрена посебна квота, и посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето, според документот, студирале „тројца Македонци стипендирани од Ватикан“.

Македонците за Ватикан биле Македонци и во 17 век!

Овој документ, заедно со уште стотина други документи, на латински, се разбира, може да се прочита во збирката ватикански документи што се чува во трезорите на НУБ „Св Климент Охридски“ во Скопје. Станува збор за  факсимили од оригинални записници од историјата на Светата столица, каде што се чуваат значаен број документи и за Македонија и Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим (Archivio della Sacra Congregazione de Propaganda Fide), кој е формиран за да ги собира и чува документите од секојдневното фукционирање на Светата столица, се чуваат документи кои го покриваат периодот од 1622 до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи уште од основањето на Конгрегацијата како „ресор за пропаганда на католицизмот во светот“, целокупната документација систематски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот Архив. Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Memoria Rerum), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, папата Урбан Осми покажал не само разбирање за напорите на Инголи, туку со тоа оваа драгоцена збирка  ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период  документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттаму, по неговата смрт, збирката била преместена  во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18 век овој Архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За време на транспортот во Франција, односно при и враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925-та година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан?

Записници со потпис на Папата

Според документите од фукционирањето на оваа институција може да се види дека е основана во времето на папата Григориј Петнаесетти. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година,  а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката  вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на римокатоличката црква. Освен тоа обврска на Конгрегацијата била да го организира и надгледува ширењето на католицизмот меѓу нехристијаните. Конгрегацијата според актот  за нејзиното основање ја сочинувале  13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред. Членовите на Конгрегацијата редовно одржувале седници еднаш месечно, и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници (Congregazione Generali) биле рагледувани важни прашања, додека оние сложените биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите  во Конгрегацијата и други експерти (Congregazione patrikolari). Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно (Congressi). Прашањата кои барале интервенција на папата му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала  со декрет, препораки и писма.

До 1665 година генералните или месечните  седници  се одржувала во присуство на папата, меѓутоа таа пракса е прекината 1666 година. Оттогаш секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувал папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање прашањата кои ја надминувале надлежноста на префектот и на целата Конгрегација. Од овие извештаи, и кратки молби, поднесени до папата, основан е  посебен  фонд. Мнозинството документи во овој фонд се однесуваат на  прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување на брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници а подоцна  секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата.

Стипендии за Македонци во 1619 година!

Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот колеџ, значи Словенски колеџ во Лорето, кој би основан 1580 година. Токму таа своето образование на овој  колеџ го започнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука Колеџот да се врати во Лорето а истовремено да се доделат места на питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата Столица за стипендии“. Значи, уште во 1619 година во Ватикан добро знаеле дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, па затоа за нив биле одобрена посебна квота во Колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци стипендирани од Ватикан.

Освен овој, во Архивот на Когрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ кој е мошне значаен за Македонците. Станува збор  за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од Охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова, и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот  долг на неговите  претходници кон Портата. Се работи за даноци кои ги наметнал Султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила  папата за барањето на Охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на  Порфириј да го достави за одлука до папата.

Епископ од татковината на Александар се жали за зулумите што ги прават Албанците!

Дека Македонија не се антиквизира, зашто таа е античка откако е Македонија, може да се види од двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои е жали за зулумите што ги прават Албанците во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои  дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар Македонски“. На позадината на истото писмо во Конгрегацијата била запишано да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна Влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на Охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година, значи, сите што сега бладаат дека има некаква антиквизација на Македонија, слободно може да го обвинат епископ Мардариј за тоа, но, пред тоа, ќе мора да се вратат 370 а не само три години назад.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал  да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светата столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград „каде што Oхридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на Бугарија, Србија, Македонија и Босна“. Значи, за разлика од Бугарите, и оној жален грст кутри новоосвестени наши Блгари, кои сакаат да формираат некаква Бугарска црква во Македонија, пратеникот Леонардис добро знаел дека Македонија не е Бугарија, како што не е ни Србија. А тоа се случува во средината на 17 век, не во 18 или 19 век, а да не зборуваме за 20 и 21 век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека Охридскиот патријарх ќе договори со Султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки, известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици а ниту еден муслиман. Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци, нема податоци во Конгрегацијата, затоа што Албанци на тој терен во тоа време нема.

Во секој случај, овие и многу други документи, чии оригинали можат да се  проучат во Ватикан, а факсимилите можат да се видат во збирката  што ја поседува НУБ „Свети Климент Охридски“, сигурно ќе фрлат ново светло врз затемнетиот дел на балканската историја, која, како што се знае, особено по пропаста на античка Македонија,  ја пишувале само победниците и оние што од петни жили се обидувале и ободуваат да ја снема Македонија а со неа и Македонците.

Блаже Миневски (2012 г.)

https://denesen.mk/vatikanska-zbirka-so-tajni-dokumenti-za-makedoncite-episkop-makedonski-od-tatkovinata-na-aleksandar/

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top