На прво место

Мицкоски: Колку повеќе СДСМ удира, толку повеќе народот се обединува во нашата борба

Мицкоски: Колку повеќе СДСМ удира, толку повеќе народот се обединува во нашата борба

Велат ако нешто трае повеќе од една година значи дека ветува дека може да се постигне многу, кога тоа нештото трае 5 години значи дека може да опстои на сите турбуленции и предизвици, а она што трае повеќе од 10 години, веќе прераснува во традиција која мора да се почитува. Затоа  дозволете ми во мое име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ да ви ја   честитам  11 годишнината од основањето на Партијата на обединети демократи на Македонија ПОДЕМ, партија која што од основањето до денес активно придонесува во демократскиот живот и политичката сцена на Република Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод роденденот на партија ПОДЕМ.

-Големината на една партија е во големината на љубовта кон Татковината, но и мноштвото на идеи за подобра иднина на своите сонародници во земјата и надвор од неа.Токму затоа можам да кажам дека ПОДЕМ е многу поголема партија од партии кои денес егизистираат на власт бидејќи и со примери и со дела покажале и докажале дека Македонија е нивниот идеал и дека демократските вредности, напредокот и подобрата иднина се нивната водилка низ ова 11 годишното функционирање.Партија која покажува во овие времиња дека има кичма да се спротивстави и да каже НЕ на погрешните политики на власта, и тоа во периоди кога тоа е нималку лесно да се направи и за што знам дека наместо комформизмот и сладострастието на власта, го одбравте правилниот пат и застанавте со народот, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека токму поради ова со полна сигурност можам да кажам дека ПОДЕМ е нашиот верен сојузник и партнер во нашата борба за подобра иднина, борба која трае и ќе заврши кога катастрофата наречена Зоран Заев и СДСМ  ќе замине во темната историја во Македонија.

-И вие како и сите граѓани на Македонија чувствувате дека Заев ја турка Македонија кон амбисот, кон амбисот со целиот економски колапс кој што го предизвикува, осиромашувањето на народот на сметка на личното богатење, рушењето на достоинството на граѓаните и континуираното уништување на угледот и позициите на државата. Македонија во време на изгубениот Зоран Заев станува загубена држава и затоа наша должност е да застанеме на овој пат на разнебитување на нашата земја. Заедно мораме да ги сплотиме силите, да ги збиеме редовите и да се спротивставиме на непогодата наречена Зоран Заев. Тој е веќе на колена и го покажува целиот свој очај и немоќ. Неговото блескање кое само тој го гледаше се претвори во беда и срам. Неговиот систем евро за Вицето целосно ги замени европските вредности. Неговите квази реформи во судството и администрацијата се претворија во лична амнестија за криминалите и максимално партизирање и приватизирање на институциите. Правото се претвори неправда, а правната држава во полициска држава за прогон на политички неистомисленици. Свесни сме дека си имаме работа со однародена власт која се одлепила од реалноста, а истовремено заглавена до гуша во скандали, корупција и криминал, па станува се понервозна и пожестока кон својот народ. Но колку повеќе удираат, толку повеќе народот се обединува во нашата борба. И кога ќе ми речат лошо е, одговорот е, полошо е од најлошото. Кога ќе помислите дека е пробиено дното, Власта не демантира дека има ново уште поголемо дно. Така е и во економијата. Нема пари, а буџетот се троши само за социјални трансфери и купување на социјален мир. И тоа може да функционира година две, но не може така вечно. УЈП има дупка во прибирањето на даноци, и тоа е така зошто народот нема пари, бизнисот трпи, а граѓаните влегуваат во уште поголема сиромаштија. Ќе потсетам дека ветуваа 5% раст, а ќе бидеме среќни доколку се посигне половина од тоа. Земјоделците мака мачат со откупот, а во здравството само успех има во наместените тендери. Се останато тоне. И онаа малку надеж што беше, а се однесуваше на брз напредок во преговорите со ЕУ гледаме дека се претвори во нов неуспех. Датум за преговори нема зошто Европската Унија констатираше отсуство на реформи и постоење на корупција. Нема одење во Европа со градоначалник кој физички се пресметува во својот кабинет а обвинителството спие. Со генерален секретар на влада кој не чувствува одговорност за скандалот во кој е вовлечен. Нема во Европа со наместени тендери во здравството за опрема која сега се плаќа два или повеќе пати поскапа. Нема во Европа со премиер кој договара мито од 100 илјади евра за Вартоломеј, и се впушта во криминал за 5 секунди. Нема во Европа со прогон кон опонентите. Македонците стануваат граѓани од втора категорија во својата земја. Сменето име, историја која Заев ја прекројува како ќе му текне само за да остане на власт, потенцираше Мицкоски.

Имам една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека Зоран Заев создава изгубена и упропастена држава. Добрата вест е дека ќе ги победиме. И ќе ги победиме силно, рече Мицкоски.

-Ова мора да престане затоа што е премногу. Затоа мојата, нашата борба е за Македонија која вистински ќе оди напред. Мојата визија е за Македонија која ќе биде членка на Европската Унија, држава која сериозно ќе се бори против криминалот, корупцијата и неправдите. Овој канцер кој ја гуши земјава десетици години мора да биде победен. Мојата визија е за Македонија која ќе биде технолошки тигар на Балканот, со развиена економија и која ќе биде место каде ќе се случува технолошка и економска експанзија. Мојата визија и нашата борба е за Македонија која ќе има квалитетно здравство и образование. Која ќе нуди поддршка на земјоделците преку загарантиран откуп. Мојата визија и нашата заедничка битка мора да биде да го сочуваме достоинството на секој еден граѓанин. Затоа ни е потребна обнова. Обнова во секој еден руиниран сегмент во општеството. Доаѓа ново време кога политиката мора да биде работа на принципи, разум и труд. Многу работа и чесност. Јас во мојот живот немам заработено нечесно ниту едно пенкало, имам принципи на кои ме учеле од мал, моите родители. Тоа го барам од секој еден мој соработник. Оваа обнова за која зборувам може да ја донесе оваа нова генерација на политичари која мора да ги победи старите ликови од транзицијата. Тоа е можно и тоа заедно ќе го направиме. Сметам на Подем, верувам на нејзината сила и Подем е еден од нашите најверни коалициони партнери, додаде Мицкоски.

Ништо во животот не е лесно и не е брзо, но подобро да победиме во тежок и исцрпувачки маратон, отколку да бидеме поразени на краток и молскавичен спринт. Нека ви е честит роденденот и посакувам уште многу години опстојба на македонското политичко небо, рече Мицкоски.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kolku-povekje-sdsm-udira-tolku-povekje-narodot-se-obedinuva-vo-nashata-borba/

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top