На прво место

Христијан Мицкоски-Денес Македонија е “изгубена држава”

Mickoski

MickoskiХристијан Мицкоски

Денешниот пост ќе го започнам со еден цитат кој вели: “Power is okay, and stupidity is usually harmless. Power and stupidity together are dangerous”, Patrick Rothfuss.

Заев, но и неговата копија, она младо и заведено момче Костадинов, во страв и паника продолжуваат со навредите кон мене и ВМРО-ДПМНЕ и можеби секој одговор после нивните вчерашни панични напади е непотребен, но водејќи се од крајот на тоа што Patrick Rothfuss во неговата книга The Name of the Wind од 2007 година го вели…, тогаш навистина барем Заев заслужува одговор.

Имено, Зоран Заев можеби заборавил, но ќе го потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција работеше на реформите и благодарение на додадената вредност во тој реформски процес Република Македонија денес сѐ уште добива позитивни извештаи со препорака за добивање датум за отпочнување преговори од Европската комисија.

Но, да сме јасни, јас и ВМРО-ДПМНЕ не можеме да поддржиме закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата. Се согласувам апсолутно со тврдењето дека имплементцијата на правдата зависи од ВМРО-ДПМНЕ, добро е што и Зоран Заев и неговите обожаватели сфатија дека за неколку месеци од сега реалноста ќе биде поинаква во Република Македонија. Со други зборови, Заев не е во состојба да наметнува услови, ниту да диктира темпо, а правдата е потребна затоа што тој и неговите луѓе носат неправда.

Доаѓа правда за сите граѓани, нема привилегирана каста на политичари, туку политичари кои ќе им служат на граѓаните и државата. Секој што се огрешил пред законите и посрамотил пред граѓаните ќе треба да понесе одговорност. Но, Вие сте грешеле многу и затоа сега Ви е потребен закон за обвинителството ваков каков што е за да можете да излезете пред членовите на вашиот ЦК и да ги убедувате дека сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги притиснеле странците да го поддржат законот, па така Катица како ново промовиран заменик републички обвинител, помошниците на Катица во новото обвинителство заедно со нивните братучеди, внуци, снаи, соседи и пријатели на Катица, но и по некој член на СДСМ во тимот истражители и администрација ќе носеле правда во “заробената држава”, а денес со голем дел од тие луѓе се уортачивте и заеднички ковате планови против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Притисоците ќе поминат, Катица и останатите ќе имаат можност да докажуваат низ фер истражна постапка дали СЕ или не се дел од октоподот наречен „Рекет“, а Вие заедно со вашите нови ортаци ќе бидете поразени на следните предвремени избори и затоа бегате да проверите дали блескате или ќе ве блесне народот со жестока казна, ден порано.

Нема да поддржиме со закон инсталирање на роднините, братучедите на помошниците на Катица, внуците, снаите, соседите и пријателите на Катица, но и по некој член од СДСМ во новото обвинителство, додека младите ја напуштаат масовно државата затоа што не добиле шанса.

Ќе има фер транспарентна постапка за секој кој чувствува дека има компетенции да може да се пријави, а не само тие кои вам ви слугуваа до сега. Дали државата била “заробена” имавте можност со вашите слуги во обвинителството и судството да докажувате веќе трета година по ред, ги излажавте сите оние кои ви веруваа во паролата „немало правда немало мир“, но затоа сега за малкутемина привилегирани има функција има привилегии, а за вашите најблиски има тендерчиња има дебели провизии по принципот пола-пола, место на исплата сега веќе различно, но најмногу старото проверено, еден ресторан во југоисточна Македонија.

Не успеавте да докажете дека била “заробена држава”, но еве сега јас ќе ви кажам, денес Македонија е “изгубена држава”, ја губиме од ден на ден, педа по педа, сите ние без разлика на етничката припадност, без разлика на политичката припадност поради вашиот ортаклук со криминалните банди кои формално и неформално ги инсталиравте до себе но и околу себе.

Сосема на крај ќе се вратам на почетокот, како што ќе напише Patrick Rothfuss, моќта е во ред, а глупоста најчесто е безопасна, но моќта и глупоста заедно се опасни, затоа следи #ОбноваНаМакедонија, а со тоа и одговорност за криминалот, лагите и корупцијата…

ПС: не одговоривте на многу прашања досега, а во периодот кој следува ќе Ви поставам дополнителни прашања…, внимавајте, размислете добро што ќе одговорите…

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top