На прво место

Секоја држава има мафија, само нашата мафија – има држава

Латас
Секоја држава има мафија, само нашата мафија – има држава

Што да кажам? Штом Заев го зема Цацко да му биде советник во кабинетот прашање на ден беше кога ладата ќе се претвори во скечовите на К-15. Владава се надмина, и од скечеовите од К-15 премина во Кум 1, Кум 2, Кум 3… Она што Цацко сега го чека е да се смени раководството на МТВ па да се згне со нови проекти, и пак да ги заглави за 500.000 евра како што тоа им го направија со другарите му на националната телевизија претходно, во време на претходната власт на СДСМ.

Скапи му се на Заев вицовите што Цацко му ги раскажува. Со Боки Тредичи и Цацко циркусот со лажниот Порошенко ти следи како логична последица.  

Па ако на листата профитни советници на Заев го додадеш и Љубе Бошкоски, ќе видиш дека продажбата на уставно име уствари да ти било проект кој не е изум на Заев, Никола Димитров, Шекеринска… На Љубе тоа му текнало пред нив.

Просто се чудам како Љубе Бошкоски, покрај сите аргати на СДСМ, не доби од Фонд за иновации барем 100.000 евра, колку да ја надомести загубата од кешот што Маноли му го даде во кеса од Зара во онаа прилика, кога Љубе беше уапсен пред камери. А што знам, може Заев и да му дал на Љубе 100.000 евра како надомест за штета од првиот обид за продажба на уставното име, па слушавме сите како Заев во разговор со лажниот Порошенко со леснотија нуди 100.000 евра за поткуп. Човекот си има 100.000 евра при рака секогаш, за секој случај, колку да тргне бизнисот, а поткупот му е рутина. Што ја гледаме и денес.

А денес гледаме видео серија за поткуп, уцена и рекет вршена од милениците на Зоран Заев, премиерот на Македонија кои, одеднаш, тој едвај ги познава. А толку се бореше за нив. За Боки Тредичи вршеше промоција, пола врв на СДСМ му прати во невладината за рекетот да добие на тежина и покритие. Радмила Шекеринска стана домашен пријател на Боки Тредичи кај кого оди на вечери и размена на мислења за стартешките определби на државата. Тоа што по Фејсбук и Твитер фрчат слики на скапи кондури и други подароци од Боки Тредичи за Шекеринска, тоа е само признание за нејзината 25 годишна кариера во политиката која, и онака, на Шекеринска и се памети само по ултра скапите гардероби. И петте станови.

А Катица и Заев… тоа е синергија, хемија на единство. Тие, едноставно, не можат еден без друг. “Не ни треба ова обвинителство на Зврлевски“ викаше Заев од митинзите на СДСМ , “ни треба СЈО, ние ги созададовме, сега од нив чекаме да испорачаат аспења, обвиненија, пресуди…“ наредуваше Заев, тогаш. Денес едвај се сеќава која е Катица Јанева и бара истрага за неа. За неа, за да нема за него.

А истрага има, и ќе има, без оглед што Јовевски и обвинителството прават се што можат работата да се заташка, да помине време без последици за Заев, СДСМ и Катица Јанева. Има една разлика: ако Обвинителството ја ставеше Катица во осомничени веднаш, ќе собереа слава и авторитет затоа што тогаш тоа ќе беше нивна одлука. Сега, се што ќе преземат е акција под притисок на Вашингтон, на нашата јавност и притисок од објавените материјали – затоа што мораат. Авторитетот и довербата веќе ја загубија. Само доказите кои ги виде јавноста, а има и многу други, се доволни за акција. И тоа акција за Боки, Катица но, да не заборавиме, и за невладината на Боки со функционерите на СДСМ.

Заташкувањето го гледаме и, да се потсетиме, Митко Чавков доби 18 години затвор затоа што не преземал на време соодветни мерки. Повеќе и од оние кои ги сториле делата. Десетина адвокати како Тортевски, Анита Бегова, Звонко Давидовиќ, Јанаки Митровски, Александар Наков… констатираа дека Обвинителството не делува според законот.

Катица изјави дека само два пати се видела со Боки Тредичи, и тоа во нејзината канцеларија во СЈО. Арано ама, тргнаа бомбите па еве ги Катица и Боки во кафана, Катица и Боки во Ден и ноќ, Катица и Боки заедно во кола… Заедно во добро, а сега и во лошо. Катица тврди дека разговарала со Орце за да и биде сведок за други случаи, додека слуша разговор за исплати на милион евра на Боки Тредичи со лице во куќен притвор кое не смее да комуницира со никого.

Целата состојба е производ од создавање незаслужена, огромна моќ без контрола на СЈО, Катица Јанева и Заев. Дали сега е јасно дека тие владееле со се: со судбини, со медиуми, со судии, обвинители… Дури и Боки Тредичи однапред го знае распоредот на судиите во Кривичен и кој ден Катица за кој клиент кај соодветен судија ќе порача, договори и добие пресуда. Сите судии што ги спомнува во разговорот донесоа пресуди како што Боки Тредичи му најавува на Орце Камчев во разговорот. Се правел театар со прогон и местени судења на луѓе кои не се финансиски интересни за во позадина да се наплаќаат рекети од оние кои имаат пари. Сите предмети на СЈО се сомнителни, сите бараат истрага и ревизија.

Интересно е кој обвинители ги воделе случаите на Телеком, на Поштенска банка, Империја… и како се развивала ситуацијата таму споредено со најавите на Боки Тредичи. Ќе видите дека Боки не зборел напамет, добро бил спреман од Катица Јанева. А дали обвинителите на СЈО биле користени и злоупотребувани од Катица Јанева за профит – е нивни проблем, а решение им е да пропеат во истрагата за да се заштитат себе, во најмала рака да не ја загубат кариерата и образот. И познатиот Ел Чека објавува компромитирачки разговори за ДУИ, и тој се вмеша во бомбиве за СЈО па нешто кажа за проширување на темата.

Просто е шокатно како веднаш по отварање истрага од Финансиска полиција или СЈО на 1ТВ се појавуваат реклами од фирмите на газдите кои СЈО ги гони. Па ги гледаме Пелистерка, Тинекс, Систина, Ноел Гевгелија… на кои, ете, им текнало баш кога ги гонат од СЈО дека им требаат реклами кај Боки на 1ТВ за да го зајакнат брендот и својата позиција. А шеф на правната служба која ги бркала парите во 1ТВ го води синот на Катица Јанева.

Јас се уште верувам дека обвинителката Лиле Стефанова од СЈО не е дел од планот и парите од Рекет, дека Катица ја злоупотребила за сопствени потреби, и веќе во вторник од нејзината изјава пред Јавното обвинителство ќе добијам доказ за тоа. Катица е донесена на чело на СЈО од смокварник, самобендисана и заслепена од сопствената неконтролирана моќ добиена на подарок, и сето ова е логична последица од тој формат. Лиле Стефанова е обвинител со кариера, и не верувам дека би влегла во ваква комбинација. Верувам дека клучниот исказ против Катица Јанева ќе биде токму од Лиле Стефанова и две нејзини колешки од СЈО.

Освен Лиле Стефанова, чекам да видам и што ќе преземе Бранко Црвенковски. Да, да… тој Бранко Црвенковски кој се уште СДСМ го смета за свое дело, и свое дете, и нема да седи од страна и да гледа беден распад на партиската империја. Бидете сигурни во тоа. Во тимот на Зоран Заев е неговиот кадар Зоран Верушевски, и ударот за политичко остстранување на Зоран Заев одвнатре ќе почне од Зоран Верушевски кој, и онака, не е доволно алиментиран од Заев за се што направи за него.

Пендаровски, носителот на златна маица на СЈО заедно со министерот Димитров – молчи. А не смее да ќути, датумот за почеток на преговори со ЕУ е дефинитивно урнисан со оваа афера на Владата, СЈО и Боки Тредичи. Албанија дури и ни се заканува ако почнеме преговои пред нив. После ова во Тирана можат да спијат на раат. Нема датум за преговори во октомври. Ни за нас, ни за нив.

Оваа видео серија не е крај. Како што напишав пред неколку недели, ова е почеток. Веќе од септември и октомври СДСМ ќе се пече на жежок оган од нови скандали со милиони евра, и овде но и од странство. Со наместени судски процеси во кои државата губи милиони евра, а парите се делат со тужителот, со притисок власта да расчисти со нарко дилерите од Арачиново и Грчец кои на СДСМ му донесоа гласачи… по што Заев и оваа власт едвај ќе чекаат вонредни избори. Да се паметни, што побргу – за нив подобро, и со помала штета. Но, не се паметни.

Власт која ја предала судбината во раце на Катица и Боки Тредичи, и води држава во која македонското државјанство го нема, туку до пред некој ден наместо македонско во изводот од матично стоеа /////, таа власт нема иднина.

Како што милуваше да кажува Зоран Ѓинѓиќ: секоја држава има мафија, само нашата мафија – има држава.

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top