На прво место

Заев е педер!(во карактерна смисла)

Зоран: Заев е пед*р!

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Не!“, рече синоќа премиерот Заев пред камерите и македонската јавност.

Подоцна на Твитер се дообјасни:

– Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност.

ОК, има две опции.

1. Премиерот лаже и се правда, иако потајно е хомофоб. Во прилог на оваа опција оди неговото извинување до ЛГБТ пред да го употреби зборот „педер“. Тука нема што да се анализира, освен можеби едно прашање: Од каде Заев ја знае сексуалната определеснот на Боки13? Како и да е,  „Едно општество за сите“ било само ПР фраза, а битката за фотељи вистината за „револуцијата“. 

2. Навистина го употребил зборот „педер“ со улично, скопско значење. Заев не е скопјанец, но еве нека е така.

Јас сум роден и цел живот го жиевам во Скопје и го имам употребувано зборот „педер“ како карактерна особина. Како веќе „зрел“ скопјанец можам да му објаснам на премиерот, ако му треба објаснување, што подразбира таа карактерна особина.

„Педер“ во Скопје се употребува за личност која игра двојна игра. Педер е (обично машко) лице кое ти се прави другар, а зад грб и се пушта на девојката која ти се допаѓа. Педер е лик кој не те вика во кафана, поготово кога има интересно женско друштво. Кој те остава на цедило коа ти треба. Педер е лик кој го интересира само својот ќар и својата агенда, но тоа јавно не го искажува, туку глуми фин момак. Исто така, педер е човек кој избира претседател на собрание на нелегален и незаконски начин и до ден денеска не ги прикажува стенографите од таа „седница“. Педер е лик кој ти ветува дека нема да смени име, ако дојде на власт, а одма го мења спроти вољата на граѓаните искажана на референдум. Педер е лик кој лаже дека не постои „Тиранска платформа“, а ги исполнува сите нејзини точки. Педер е лице кое се колне во бетониран идентитет, а менува историја по мерак на соседи. Педер е лик кој празнува Илинден, ама не го кажува името на државата. Педер е човек кој секогаш ја бара вината кај другите, додека се извинува од срце зошто бил искористен. Педер е човек кој не чувствува вина, ниту срам, кога цел свет му се смее. Педер е премиер кој лаже дека народот го донел на власт, иако не победил на парламентарни избори! Педер е човек кој не сака да си оди од власт и ја срами цела држава, само за да си тера свој кеиф… Мислам дека доволно добро објаснив, иако да бидам искрен можам уште долго да набројувам.

Ако, премиерот во овој контекст го употребил зборот „педер“, тогаш ја погодил сржта на значењето во карактерна смисла. Добро што не спомна име, затоа што ќе требаше да каже: Заев е педер!(во карактерна смисла)

Во тој случај следнава изјава има повеќе смисла:

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и нека ми извини ЛГБТ заедницата, и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Не!“, бидејќи ДА, Заев е тој што ја руши својата влада.

Не е Боки13. Што може сам јаден Боки? Не е ниту Катица Јанева, таа нема капацитет да смисли нешто вака големо како „Рекет“. На сите ни е веќе јасно дека во аферата има умешано високи владини преставници, судии, истакнати членови на СДСМ. Заев морал да знае за сето ова и да реагира на време, а не сега да се вади дека тој бил првиот што го пријавил случајот во ЈО. Секако усно, за да нема доказ дека тоа се случило!

Пред неколку дена пишував колумна во која Заев го означив како „политички мртов“, вчерашниот ден само го потврди тоа. Изјаваата на премиерот, доаѓа по телефонскиот разговор со Јоханес Хан, а неговата нервоза јасно укажува дека што и да зборувале, го извадило од баланс. Во само неколку минути, Зоки нападна „некој“ новинар (односно го нарече суетен), некого нарече „педер“, а однесувањето на Катица Јанева го нарече „Идиотско“. Конечно и Заев сфати дека од Рекет и сите претходни афери, враќање нема. Нема начин што дава барем ронка надеж дека СДСМ ќе остане на власт. Прашање е само кога ќе има избори, а мојата проценка е дека тоа ќе се случи многу порано од желбите на премиерот или некаде во Април 2020 година.

До конечниот пад на оваа влада скандалите ќе се редат како на филмска лента, а народот редовно ќе биде шокиран. Некогаш „шарените револуционери“ полека ќе ја напуштаат позицијата на СДСМ и Заев. Веќе читаме и слушаме колку се дел од нив изненадени, па дури и запрепастени. Таков ефект врз мене Заев нема и не може да има. Мене лик кој за себе изјави дека Бог го црпнал од нива од Муртино за да ја води Македонија, не може да ме изненади! Уште тогаш знаев дека е „педер“(во карактерна смисла на зборот).

Автор: Пацифист

https://zase.mk/articles/375808/katica-janeva-boginjata-koja-site-ja-napushtija

Ставот изразен во текстот е на авторот и не мора да се совпаѓаат со ставовите на редакцијата на Македонска нација: www.mn.mk

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top