На прво место

Христијан Мицкоски: Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра?

Mickoski

Mickoski

Христијан Мицкоски

Наместо борба против криминалот, гледаме дека Владата се занимава со тужби против новинари и медиуми, а Македонија продолжува тоне.

Додека Фрики, Кики, Шеки глумат навредени од вистината, а нивни блиски најавуваат апсења, колку да потврдат уште еднаш дека криминалниот октопод е разнишан и некако мора да се брани, вистинските прашања остануваат неодговорени. На пример Рускоска да одговори дали информациите кои се темелат на записникот кој го објавија медиумите се вистинити? Ако се вистинити тогаш дали е точно тврдењето дека лично Заев дал информација и предупредување до сега осомничените дека се пријавени за Рекет? Дали Заев е помагател во Рекет, и дали ова не е одмотување на клопчето кое треба да не одведе до главата на октоподот, инспираторот и нарачаталот?

Да не се заборави прашањето каде заврши куферот од 1 милион евра?

Зарем некој верува дека Јанева која се сомничи дека ја завршила главната работа во случајот Рекет, во кој се обиделе да изнудат 8 милиони евра, завршила со корист изразена во мебел од 5 илјади евра?

Зошто за премиерот и неговата свита медиумите се непријатели и ги тужат, а не велат ништо на пример за сопругот на еден нивен функционер кој така лаконски најавува апсења во стилот “државата тоа сум јас”?

Зошто на премиерот Заев му сметаат вестите поврзани за Рекет во медиумите, а на пример не му сметаат невистините кои ги кажуваат секојдневно на прес конференции од неговата партија, оцрнуваат луѓе, конструираат, манипулираат.Сите овие напади ја навредуваат интелегенцијата на народот.

И додека ова се случува тонењето на земјата нема крај. Нема ниту еден Македонски универзитет во 1000 најдобри во Светот. Одговорот на младите на крими куфер политиката е подготвен куфер за одење надвор и напуштање на земјава. Дојдовме дотаму за пензионерите да има само 36 денари повисока пензија, а за главата на октоподот 1 милион евра куфер полн пари да бидат малку затоа што криминалци има многу па треба и многу куфери за да тие станат среќни. Македонија падна на листата на Financial Times, нема инвестиции, земјоделците се незадоволни, сиромаштијата расте…

Овој воз на власта има карта во еден правец и нема назад. Обновата доаѓа и не само обнова на разрушеното, туку обнова на вредности и принципи, на идеја, идеологија и верување. Зошто само така Македонија ќе оди вистински напред.

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top