На прво место

ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: Филипче против Филипче!

ВАНКОВЕР МАНЧЕВ: ФИЛИПЧЕ, ДО КАДЕ Е ВЕТЕНАТА ПЛАТА ОД 100.000 ДЕНАРИ ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ванковер Манчев на својот официјален фејсбук профил напиша статус во кој го повикува министерот за здравство Венко Филипче да одговори до каде се ветените 100.000 денари плата за специјалистите? Манчев исто напиша дека не се остварени ветувањата за младите доктори. Во продолжение погледнете го во целост:

ВАНКОВЕР МАНЧЕВ:

На Телма на тема здравство, однапред смислена дебата со испланирани гости, слично како пред два дена во Деканатот на медицински факултет! Но пак се плеткаат во одговорите …Затоа што се во напредна ЌЕ фаза од реализирање на платените физибилити студии…

На новинарското прашање зошто има Две и повеќе здруженија на млади лекари, еден со друг се побиваат, секој поведувајќи се со личниот интерес, претставувајќи се дека не се партиски определени, а во нивните раководства се доктори- ки кои секојдневно ја обојуваа “шарената револуција”! Исто и со синдикатите – еден, два … Клинички, гранков, здруженија…

Малку за министерот Филипче – зошто не го демантира колегата Јукиќ кога рече дека плата на специјалист е 37000 денари? Па нели беше 70000 … Нели просечна специјалистичка плата била блиску до ветената од 100 000!

И пак, ЌЕ проекти за докторска дејност, за приватно обезбедување … за младите доктори … А законот е донесен пред 9 месеци, а нема ниту еден започнат по тој оглас на кој НЕ се пријавија ниту 25 % од дипломираните во последната една година, а веќе требаше некои да завршат ! И така ” ЌЕ ” владата си има “Ќе” министерство за здравство ! Докторите заминуваат од јавното здравство, а на граѓаните Бог да им дава здравје и трпение …

И додека го пишувам ова, министерот Филипче одговара на прашање што превзема за да се надминат проблемите …но одговорот е како да зборува Доцентот неврохирург, оној другиот Филипче, па се добива впечаток Филипче против Филипче!

https://strumicadenes.mk/politika/vmro-dpmne/foto-prvachinjata-dobija-shkolski-pribor-od-unijata-na-zeni-na-vmro-dpmne-strumica/

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top