На прво место

ANIMA HOMINI MUNDI -или кучињата во Македонија и игуаните на Флорида

animaatjes-honden-32677

animaatjes-honden-32677

ANIMA HOMINI MUNDI –или кучињата во Македонија и игуаните на Флорида

Авторот на овие редови животот го помимнува на растојание од дветристотини метри од местото на кое во Општина Аеродром со секира биле убиени двете кучиња, а за што се покрена јавното мислење, особено кучкарите и мачкарите. Тие себеси се сметаат за членови на Здружението Anima Mundi. Да не се мисли дека овој автор е против животни, особено домашни миленичиња. Точно спротивно – себеси се смета  за нивен пријател. Но,  во однос на слободно пуштените кучиња-песови и мачки (да ги наречеме диви животни) има поинакво мислење од членовите на наведеното здружение.

Ако се следи што се случува со дивите животни ќе се види дека кога доаѓаат на одредена територија, а доаѓаат од други места (или од други места ги носат за да се ослободат од нив), тие со подвиткани опашки се плашат и бегаат од луѓе иако луѓето не преземаат ништо кон нив. Со време тукашните кучкари започнуваат да ги хранат, да ги милуваат и кучињата добиваат сила, па започнуваат да напаѓаат недолжни минувачи. Бидејќи се диви, лангачи, џукели (како сакате наречете ги), тие се и невакцинирани, па каснатите луѓе мораат да преземаат ригорозни мерки за заштита на нивното здравје преку вакцинирање, повторно вакцинирање по извесен период и живеење под посебен режим. Сето тоа чини ем пари, ем грижа, ем време!!! Тоа на каснатите никој не им го плаќа. Трајните трауми што ги доживуваат со ништо не се плаќаат, особено стравот од повторни идни средби со било какви кучиња.

Ваквите кучиња се групираат и како глутница се опасни за околината, особено за постари и понемошни лица, вклучувајќи и мали деца, Како глутница активни се 24 часа на ден. Нема мир дење, нема мир ноќе. Дење напаѓаат, ноќе ’рваат и не оставаат да се спие. Полошо е ако ноќе треба да се излезе и да се заврши некоја неодложна работа. Значи, луѓето во околината на оперирање на глутницата се заробеници. Постари лица не можат да појдат до продавница ниту леб да си купат!!!

Во близина на местото на кое биле убиени двете кучиња е училиштето „Ѓорѓија Пулески“ и градинка. Патеките од цел тој дел одат покрај и низ реонот на оперирање на глутниците. Треба да се види каква траума доживуваат децата кога ќе бидат нападнати! За ова треба да се свесни и раководителите на училиштето и на градинката.

Ваквите глутници им претставуваат проблем и на луѓето кои како домашни миленичиња имаат култивирани кучиња (како пример треба да се наведе една дама која на деветтиот кат од зграда во близина на инкриминираното место чува две големи црни кучиња). Кога ги шетаат, а треба да ги шетаат барем двапати на ден, со кучињата навлегуваат во територијата на глутниците и тогаш глутницата ги напаѓа култивираните кучиња, но и нивните сопственици.

Во прашање се барем две глутници кои имаат свои територии и кои повремено завлегуваат во територијата на другата глутница. Тогаш започнуваат ’рвања, борења, касања помеѓу кучињата и – страдаат послабите кучиња. Вака нападнатите кучиња или остануваат вечни инвалиди или биваат задавени.

Да не се мисли дека кучињата се оставени сами на себе и на кучкарите. Шинтерската служба од Градот доаѓа на повик од граѓани, за што граѓаните им се благодарни, но честопати е немоќна да преземе нешто поради тоа што на терен е оневозможена од кучкарите. Ако успее од кучкарите, Шинтерската служба ги заловува, ги кастрира, ги обележува и – повторно ги враќа на истиот реон. Зошто?

Бидејќи поради наведеното Шинтерската служба не може да интервенира кај сите кучиња, тие остануваат плодни и постојано се множат. Значи, за зголемување на бројот на кучиња најмалку се виновни лицата што ги оставааст своите миленици на улица. Најголем проблем е нивното множење и – нивното храњење од страна на кучкарите.

Во однос на однесувањето на кучињата скитници и воопшто кучињата, се случува следното: ако куче еднаш касне човек, тој човек понатаму ќе биде постојано напаѓан од кучиња! Ова им се случува и на лица кои со години биле нивни големи љубеници, ги чувале дома, но ете, еднаш ги каснало. За нив повеќе нема мир. Понатаму, се смета дека само околу 5% од кучињата скитници напаѓаат. Веројатно заради тоа Шинтерската служба при интевенцијата на повик бара да и’ се покаже кучето што нападнало, па него да го „успијат“.

Особено сериозен проблем за околината е што кучињата скитници сериозно ја загадуваат околината. Нивниот цврст и течен измет е со сомнителна содржина и се наоѓа на секое место во околината, па може да се претпостави дека во допир со него доаѓаат и мали деца кои со своите родители или роднини шетаат по околината. Кожата и влакната на кучињата исто така се со сомнителен квалитет, а некои, особено деца, ги галат и којзнае што си наведуваат на себеси, а потоа шират преку контакт со други лица.

Зошто во насловов на текстов се споменати игуаните на Флорида – САД? Овие животни не се домародни во оваа Американска сојузна држава, но како миленичина, увезени во САД, се пуштани во околината и се множат, како и кучињата во Македонија. Се имаат намножено толку многу што власта издала соопштение граѓаните да ги убиваат секаде каде што ќе ги најдат!!! Оцениле дека само на тој начин може да се намали бројот на слободни игуани. Дали и нашата власт (ако ја има?) сега, кога толку се имаат намножено нашите кучиња скитници, треба да им даде задача, но и средства на шинтерските служби за еднократно и планирано намалување на бројот на слободните диви кучиња? Веројатно да! А тие како професионалци, ќе знаат на кои кучиња да интервенираат. Дали во оваа еднократна акција на шинтерските служби треба да им помогнат и ловците, како што помагаат во ограничувањето на бројот на диви животни што претставуваат опасност за околината? Веројатно да!

Зошто во насловов на текстов е спомнато HOMINI MUNDI? За да се зачне идеја за создавање на здружение на граѓани (HOMINI MUNDI) кое ќе се грижи за правата на населението – во овој домен. Очигледно е потребно барем вакво здружение како противтежа на Anima Mundi и нивните премногу агресивни методи на заштита на правата на секој вид животни. Индикативно е што ова здружение има земено сила со доаѓањето-насадувањето на власт на Социјалдемократците, како власта намерно да не презема ништо против кучињата и против Anima Mundi! Дури се смета дека и ова што се случува со кучињата е дел од општите мерки за негативен притисок врз Република Македонија и нејзините граѓани. Впрочем, луѓето што скоро оделе во Западните земји велат дека таму на улица не можеш да видиш слободно куче, а камо ли глутница. Сопствениците на домашните миленичиња таму бивале казнувани ако зад миленичињата на улица остане измет или друг отпад. Ако веќе толку се грижат за животните скитници, кај нас членовите на Anima Mundi треба да одат по овие животни скитници и да го собираат изметот и отпадот, а ако тоа не се случи, да бидат казнувани од власта. Белким тогаш ќе сватат дека нивниот однос кон кучињата скитници не може да се сведе смо на љубов кон нив. Покрај тоа, членовите на ова здружение – кучкарите и мачкарите треба самите да иницираат намалување на бројот на слободни кучиња токму заради нивното меѓусебни напаѓање, осакатување или задавување, како и ширење зарази!!!

И уште еден особен аспект: кучињата и по неколкупати дневно ги напаѓаат собирачите на секундарни суровини, најчесто Роми со нивните коли со коњска запрега и пратечките кучиња. Притоа, ги напаѓаат како Ромите, така и нивните коњи и кучиња. За маките на овие луѓе со кучињата скитници, а кои работат особено благородна работа, никој не се грижи. Барем да се грижат луѓето од Anima Mundi и тоа ако не за луѓето, како што никогаш не го правеле и не го прават, тогаш барем за животните – коњите и кучињата на Ромите. Или и тие не се важни?

Мирко Трпески

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top