На прво место

Четирите јавачки на апокалипсата и глувонемиот слеп

Ламбе Арнаудов
Нејзината светост ПРАВДАТА е нервниот систем во правните науки. Доколку, намерно или од незнаење погрешно ја практикуваш и применуваш, тотално ќе го парализираш општеството! Затоа е потребно максимално внимание во изборот на луѓето што ќе ја спроведуваат правдата.

Правдата не е во законите, не е ни во книгите, ни во учебниците, ниту во мермерните статуи и ваги како симболи во Палатите на правдата.
Правдата е во нашите срца.

Ова потсетување се однесува на сите вас од насловот, посебно за тебе министерке за правда Рената Дескоска, прва дама, јавачка на апокалипсата врз својот род.

Не е далеку денот кога ќе се вратиш да предаваш на правниот факултет, па заради успешна едуцираност на твоите студенти идни правници, не те советувам туку те потсетувам своите предавања да ги почниш вака: За да бидете добри правници прво треба да знаете дека правдата е невозможно да се применува онака како што ја правев јас додека бев министерка за правда во нелегалната Влада на Р.Македонија.

Не е доволно за да се рехабилитираш, но ќе биде чесен почеток за пресврт, секако дека че мора и да се извинуваш за најтешкото и незабележано сквернавење на правдата во историјата на македонското правосудство.

Втората јавачка на апокалипсата врз својот род, обвинителката Вилма Рускоска.

Ме потсетуваш на Рој Бин, злогласниот истовремено и обвинител и адвокат и судија од Дивиот Запад кој со невидена леснотија ги испраќаше на бесилка осомничените. И тоа во името на правдата. Ама не било така, ги “убивал“ за да ги зема парите, имотите и другите вредности. Што вие сите заедно, собрани во злосторничко здружение, зедовте од македонскиот народ и татковината подолу ќе ви кажам. За тебе, верувам дека го правиш за стекнати лагодности и комодитет и напредување во кариерата, а на сметка на судбината на невини луѓе.

Госпоѓо Вилма, морам да ти признам дека ти си моето најголемо разочарување. Не знам дали знаеш, едно време бев во една комисија која ги оценуваше вредностите на кадровските потенцијали.

Беше на врвот на топ листата за чесност и праведност. За жал, восхитувањето од таквите вредности на почетокот сега пропадна и се претвори во големо разочарување кај сите што те знаеме, а сега веќе и кај граѓаните на Р.Македонија. Верувам најтешко ти паѓа разочарувањето од самата себе.

Третата јавачка на апокалипсата врз својот род, Добрила Кацарска.

Сте биле добар студент и веројатно со згрозеност се сеќавате на предавањето за најголемата злоупотреба на правдата од страна на поединец. Монструмот чиј идентитет го знаеме и ти и јас и сите од правната сфера, што за нецели две години испрати во смрт повеќе од 5700 луѓе што во просек педантите статистичари пресметале дека се по 10 смртни пресуди на ден. Тоа беше времето кога “демократот“ Тито се пресметување со своите неистомисленици. Е, тој во неколку наврати во смрт испрати истовремено по три генерации од исто семејство – татко, син и внук. Кога под притисок на големите сили прогонот запира, тој ја сокрил наредбата и во следните 24 саати осудил на смрт уште 12 невини луѓе, неистомисленици на режимот.

Разбеснет од неможноста да продолжи да “убива“, урлал, викал, се дерел низ ходниците на Судската зграда, на улиците низ Белград, се додека не полудел не од што го печела совест туку од што не можел да продолжи со својата злосторничка мисија дотогаш не забележана во историјата на правосудството во светот.

Не ве споредувам со него, но имајќи ги во предвид сегашните видно унапредени и реформирани сфаќања за човечките вредности на хуманост, демократија и казнена политика, ти, со изречените пресуди од 211 години долгогодишна робија, си дури и полоша од него. Тој сам ги бираше жртвите. Тебе ти ги нарачаа, а ти игнорирајќи ја целосно правдата само ги потврди!

Четвртата јавачка на апокалипсата врз својот род е најлошата, Катица Јанева.

Заврши така како што ќе завршите и вие ако не престанете додека има време, дури не ве фатила крвта. Ваквиот нејзин крај ӣ го предвидев уште пред 3 години. Не сум јасновидец, не сум пророк. Обичен сум граѓанин кој нормално размислува и знам како и сите дека “Од кал зелник не се прави.“

Нешто и за глувонемиот слеп, републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески. Те поставија во име на народот. Народот галантно ти ги подари своите највредни чула – очите, ушите, гласот. Да гледаш сé, да слушаш сé. Ти го подари и гласот свој да зборуваш во име негово. Одма да ти кажам, целосно го разочара. Ни ѕвезда, ни сенка кога е во прашање правдата, горопаден во послушност и вазалност кон наредбодавците.
Не знам дали си дембел, знаеш премногу, или ништо не знаеш, те уверувам, луѓето не сакаат личности кои не оставаат траг во животот. Уште помалку ги сакаат оние кои оставаат траг на нечесност.

Сите заедно обединети во злосторничко здружение, на својот народ и татковината со своите злосторнички дејствија го разоривте општеството, ја урнисавте правдата, служејќи се со закани и уцени кон народните избраници, го суспендиравте парламентот, ја уништивте демократијата газејќи по волјата на народот со непочитувајќи ги резултатите на сенародното изјаснување – референдумот.

Со тоа го поткопавте уставниот поредок на Р.Македонија, законите ги направивте селективни, за некого да важат, за некого не, придонесовте максимално за правна, економска и социјална НЕсигурност кај граѓаните со што предизвикавте егзодус на млади кадри и ги одвративте потенцијалните странски и домашни вложувачи толку неопходни за нашата економија која вие и вашите наредбодавци ја уништивте до темел.

И наместо од Судскиот регистар за политички партии да ја избришите СДСМ заради антиуставно дејствување против народот и државата вие се нафрливте на ВМРО ДПМНЕ и со баражен оган од сите оружја што ви се на располагање, од копно, од вода и од воздух безмилосно удривте по ВМРО ДПМНЕ правејќи бришан простор за непречено да навлезе петтата колона на предавничката СДСМ.

Министерката Рената Дескоска пред некое време, а и сите вие порано во хор извикувавте дека критиките од ВМРО за вас се комплименти, но при тоа заборавате дека ВМРО е бедем на духовниот опстанок на македонскиот народ, чувар на македонската држава, верен заштитник на името, јазикот, идентитетот, историјата и сé што значи државност.

Заради тоа не ме изненадуваат и комплиментите што после тоа ги добивте од граѓаните. Вашата работа ја оценија со чиста единица. Ако и единицата ви е комплимент, нека ви е на здравје.

Со единица се повторува и се враќа назад на дошколување.

Знам дека ова не ве боли, затоа што доаѓа од професорот со најстроги критериуми, норми и начела – Господинот ГРАЃАНИН. Граѓанинот за вас и неговите интереси се секогаш последни и на периферијата на општеството со кое вие управувате. Професорот пак, за вас нарцисоидни типчиња, уште помалу го боли. Наскоро ќе видете.

Време е да го пробате сопствениот лек!

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top