Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени парламентарни избори и ќе биде убедлив победник
Тој додава дека освен оваа теренска активност следуваат и многу други.
-Се надевам дека и што поскоро ќе имаме и кампања за предвремени парламентарни избори каде што исто така ќе можеме да разговараме и за политиките кои што се резултат на сите оние теренски активности и средби со граѓаните, додава Мицкоски.
Тој исто така истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено веднаш да оди на предвремени парламентарни избори.
-Очигледно е дека тој кој што вели дека блеска практично моли бога да нема избори за да може уште некој месец да ја продолжи својата политичка кариера и за да може арамилукот да потрае уште некој месец и тој во овој момент бега од избори за да не биде поразен како што навистина ќе биде од страна на граѓаните.
Не само што мислам јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде убедлив победник на парламентарните избори, вели Мицкоски.