На прво место

Не смее да се прифати сегашниов Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде назначен за технички Претседател на Влада.

070708spase
070708spase
Пишува: Мирко Трпески
Би сакал сериозно да предупредам на следните работи:
    1. По никоја цена не смее да се прифати сегашниов Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде назначен за технички Претседател на Влада. Таков бездушен “човек“, без емоции и желба за правдина може само да ги саботира изборите, да внесува нерегуларности и незадоволство кај гласачите и партиите, особено од спротивниот блок, што може да доведе и до пропаѓање на изборите. Ваков исход би и’ одговарал на неговата партија.
    2. Денес, 22.10.2019 година, на една од телевизиите имаше интервју со главен човек за изградба на патиштата низ Македонија. Тој за многу кусо време изнакажа купишта лаги и факти што не држат. Парафразирано, рече дека започнале или ќе започнат градба или рехабилитација-обнова на 500 километри патишта. Наведе рокови за распишување на тендери и воведување на изведувачите во работа. Наведе и несфатливо куси рокови за изработка на проектна документација за одредени правци. Наведе лага до лага. Пред се’ за толку работи нема пари. За толку работи нема фирми изведувачи. За толку работи нема работници. За толку работи нема механизација. За толку работи нема градежни и други материјали. За толку работи нема доволно надзорни органи. Ова треба да биде раскринкано за јавноста да не биде заведувана и нејзиното внимание одведувано од вистинската слика на умртвени инвестиции на патната инфраструктура во последниве три години.
    3. На јавноста треба да и’ се каже дека оваа власт мора да падне заради утврдување вистината од страна на новата власт, барем за следните работи:
    – што направи Заев во релативно кусиот период кога го избрка Министерчето за финансии и, неконтролиран и непречен од никого, расоплагаше со стотиците милиони Евра од Централниот Буџет (тие средства се многу повеќе од средствата по поедини тендери и за тие средства не треба да се вложи речиси никаков труд),
    – да се утврди каде се отидени милијардите Евра (илјадите милиони Евра) од Централниот Буџет во првите две години од владеењето на социјалдемократците. Како репер за ова треба да послужи барем делумото нивно инвестирање во последната-2019 година. Притоа, треба да се појде од фактот дека и во првите две наведени години приходите на Централниот Буџет биле слични како и во 2019 година, а никој не виде корист од нив, што значи дека тие се некаде или кај некого,
    – дали во последните три години се изцицувани средства од Буџетите на побогатите општини и се трансферирани некаде, а општините се оставани без средства – на граѓаните -и истите не можеа да ги извршуваат дури ниту основните работи и задачи,
    – која беше и е улогата на Сорош во последниве четири-пет години во делот на финансирањето на шарените (кај нас се знае кои се “шарени“), во обезбедувањето надворешна поддршка заради насадување на социјалдемиократците на власт, во нивното бездушно владеење – против државата и народот, особено против патриотите, во наплаќањето на своите услуги, со други зборови, нашето осиромашување …
    – да се утврдат вистинските вредности, а не фризираните статистички податоци за растежот на Бруто домашниот производ, за вистинскиот растеж на просечната плата и воопшто на платите, за вистинскиот број на вработени во администрацијата на товар на Централниот Буџет, за состојбата со странските директни инвестиции … Ваквите вистински податоци потоа да им се презентираат на меѓународните финансиски и статистички институции за тие да можат да имаат реална слика за состојбите, но и реален континуитет на податоците за нашата земја,
    – дали случаите “Рекет 1“ и сега “Рекет 2“ всушност се само замајување на јавноста и оттргнување на нејзиното внимание од други, далеку подлабоки и пошироки криминални дејанија? На ова наведуваа и чудното, ако не и правно нерегуларно водење случајот “Рекет 1“, непроширувањето на истрагата пошироко од три-четирите обвинети – во основа “ситни риби“, намерното затворање на истрагите за одделни обвинети и пред нив да им се даде можност да дадат свои искази, држењето на Катица Јанева и Боки 13 во притвор за ниту случајно да можат да остварат контакт со јавноста и да кажат нешто повеќе од тоа што и’ се севира (со што се замајува-залажува) на јавноста …

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Најнови вести

To top