На прво место

30 години по уривањето на Берлинскиот ѕид – Македонија меѓу глобализацијата и суверенизмот

30 години по уривањето на Берлинскиот ѕид – Македонија меѓу глобализацијата и суверенизмот

Пред точно 30 години се чинеше дека е урнат симболот на поделена Европа, симболот на поделениот свет. Дека е урнат последниот симбол од конференцијата во Јалта, на која светот беше поделен на интересни сфери. Многу народи, вклучително и македонскиот, почнаа да го живеат својот сон, сон за самостојност, независност, сувереност, демократија… Сон за рамноправна припадност на светското семејство на државите и народите, сон за поубаво утре во една Европа како цврста и решителна заедница на суверени држави и светот, како заедничка сопственост на целото човештво, а не само на најбогатиот негов дел.

За жал, 30 години подоцна можеме само да констатираме дека за многумина сонот остана недосонуван ноќен кошмар, недосонувано чекорење во место. За многу поединци, за многу народи, за многу држави. Што би рекол големиот Горан Стефановски – недосонуван лет во место.

Што се случуваше во меѓувреме?

Тоа што требаше да биде симбол на обединување на Европа, уривањето на Берлинскиот ѕид, всушност беше само еден од зацртаните чекори на неолибералните глобалисти и Ватикан во процесот на владеење со светот, во процесот на воспоставување на униполарен свет. Точно десет години порано, во 1979-та, после посетата на тогашниот папа Јован Павле Втори, инаку Полјак по потекло, Карол Јозеф Војтила, на родната Полска, и со негова сесрдна помош започна уривањето на комунистичката власт во Полска и процесите кои после 10 години доведоа до уривањето на ѕидот во Берлин. Па така, малкумината кои посакаа да владеат со светот и со судбината на човештвото, преку „длабоката држава“, ја презедоа надворешната политика на САД во свои раце како најмоќно орудие во обидот за изградба на униполарен свет со САД како единствена униполарна сила.

Нештата што како геополитички земјотрес следуваа, беа само добро смислени потези кои требаше да го забрзаат овој процес. Така, следуваше распадот на моќниот Советски Сојуз, како единствена сила што можеше да застане на патот на воспоставување униполарен свет, распадот на тогашната СФРЈ заради крвави војни со кои ќе се одвлекува вниманието од „големата слика“ и ќе се контролира развојот на ЕУ, па обидот за растурање на Кина преку случувањата на Тјен Ан Мен, бомбардирањето на Ирак преку лажни информации за поседување нуклеарно оружје, па се до „арапската пролет“ и војната во Сирија, каде преку уништување на цели држави се предизвика најголемата мигрантска криза во историјата на човештвото.

И се’ дотогаш, изгледаше дека ништо не може да застане на патот на глобалистичките злосторници, кои уништувајќи цели суверени држави, ја остваруваа својата цел – владеење со светот преку „длабоката држава“ на САД како униполарна сила.

Но, според законот на Њутн дека на секоја акција се јавува реакција, здравите, традиционални сили успеаја да се реорганизираат и како движење на суверенизмот и суверенистите, најпрво срамежливо, а потоа се помоќно, да се спротивставуваат на ова зло. И наспроти замагленото глобално светско водство составено од корумпирани бирократи, почна да исфрла поединци, суверенисти, моќни во сопствените држави, со кои народот во тие држави почна да се идентификува. Од појавата на Путин во Русија, преку Ердоган, Орбан, Салвини… па, се’ до Трамп во САД. Во истовреме, суверенизмот во Кина победи преку реформата наречена „два системи, една држава“, а во Велика Британија преку акцијата за Брегзит. Обете, токму денес, се цел на жестоки напади од страна на глобалистичките злосторници, преку жестоките протести на „шарените“ во Хонг Конг и уште пожестоките обиди да се спречи Брегзит. Ниту во еден момент не престануваат жестоките напади против Путин, Ердоган, Орбан, Салвини… а, најжестока е битката против Доналд Трамп и неговото освојување на се’ поизвесниот втор мандат.

Во меѓувреме, светот забрзано се подготвува за новата Јалта, за новиот светски договор. И, како што веќе пишував, сигурни учесници на тој состанок веќе се САД, Русија и Кина, додека Велика Британија може да си го обезбеди своето место во тоа друштво дури после Брегзитот и излегувањето од ЕУ, заради што Борис Џонсон работи со трескавична брзина. Уште една држава бара приклучок кон ова друштво, а тоа е Турција, која од еден подзаборавен регионален играч, заради војната во Сирија, милионите бегалци на своја територија и соработката со Русија на сите полиња, а посебно на воено поле, полека но сигурно станува светска сила без која еден дел од договорите нема да биде можен.

Согледувајќи го сето ова, свесен дека суверенистите ќе го потпишат новиот светски договор, човекот кој пред само половина година беше „заштитното лице“ на неолибералната левица на европарламентарните избори, претседателот на Франција, Емануел Макрон, се обидува својата држава да ја истакне како некој на кој ќе треба да се смета во иднина. Во редицата политички иницијативи кои ги презеде во текот на годинава што изминува, беше и она што нас посебно не засега – недоделувањето датум за преговори со ЕУ на Македонија и Албанија. Со тоа, а говорејќи за суверенитетот и суверенизмот како темелни вредности (само при посетата на Белград, пред неколку месеци, која воопшто не беше случајна, зборот суверенитет го употреби барем десеттина пати), тој ја постави Франција на местото лидер во ЕУ, наспроти Германија, која под погрешно водство на Ангела Меркел, посебно во врска со мигрантската криза, наликувајќи на Гуливер во лилипутанска продавница за стакло, ќе биде најголемиот губитник во идната распределба на моќ.

А, што се случува на Балканот?

На Балканот ја имаме Босна и Херцеговина, за која сите знаат, а само Макрон јавно изјави дека е еден вид темпирана бомба, која најверојатно заради лошите дејтонски решенија кои не успеваат да го положат испитот на времето, ќе мора да биде „демонтирана“. Го имаме Косово, кое веќе ги заморува сите и токму затоа тамошниот политички простор почнува да се чисти од сите припадници на ОВК кои учествувале во крвавите војни. Ја имаме Албанија, која сметајќи дека Косово кога тогаш вака или онака и припаѓа нејзе, сега ја води својата „историска“ битка за освојување на делови од Република Македонија. Ја имаме Бугарија, која заради својата понизност кон губитникот Германија, двојно повеќе заради погрешниот уценувачки однос кон Македонија, иако членка и на НАТО и на ЕУ, не претставува фактор на Балканот, но знаејќи ги бугарските превртувања, нема да биде изненадување доколку во последен момент Макрон итно биде поканет во Софија.

Конечно ја имаме Србија, која со својата мудра неутралност, но и засилената воена соработка со Русија и уште позасилената економска соработка со Кина, во моментов е единствената балканска држава која е сериозен партнер на меѓународната заедница. Србија, која со две раце го приграби „малиот шенген“ и промовирајќи го како единствено решение токму тука, заедно со Албанија, го гледаат првиот чекор кон поделба на Македонија. Она на што пред извесно време се надеваше официјална Софија, денес е иницијатива на официјален Белград.

За жал, Република Македонија со Влада во која советници се естрадни уметнички и „габаритни“ комичари, на кои во надворешната политика погледот им досега најдалеку до Табановце, после катастрофалниот договор со Атина, немајќи сопствена надворешна политика, многу скоро како и пред нешто повеќе од сто години, може да биде само монета за поткусурување на балканските сметки.

Единствена сила која ова може да го спречи е коалицијата „За обнова на Македонија“, но само под услов сите коалициски партнери највнимателно да ги изанализираат нештата за кои пишувам во овој краток текст. Зашто, понатамошното позиционирање на Република Македонија на погрешната страна, на која ја смести инсталираната Влада без свој став, без свои национални интереси и без сопствена надворешна политика, ќе значи за жал поделба на Република Македонија и дефинитивно бришење на македонската држава. Ова мора да го знаат и сите оние кои од вакви или онакви причини работат на одземање на дел од моќта токму на коалицијата „За обнова на Македонија“.

Ситуацијата е толку драматична, што изгубеното име на државата, кое патем со правилно меѓународно позиционирање кога тогаш ќе го вратиме, ќе изгледа како детска играчка во споредба со она што можеме да го изгубиме – државата на македонскиот народ.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

https://netpress.com.mk/30-godini-po-uriva-eto-na-berlinskiot-id-makedoni-a-me-u-globalizaci-ata-i-suverenizmot/

Најново од: На прво место

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Најнови вести

To top