На прво место

Тимоние: Ако сакаме ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ТРЕБА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ МИСЛЕЊЕТО НА Венецијанска комисија

timonie

timonie

Тимоние: Ако сакаме ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ ТРЕБА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ МИСЛЕЊЕТО НА Венецијанска комисија која ја почитува целиот свет

Амнестијата е чувствителна тема и нема многу да говорам на темата, само ќе кажам дека амнестиите не донеле среќа овде, порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервјуто за „Македонско радио“.

Амнестијата треба да се јави по некое осудување и по утврдување на одговорност и генерално кон амнестијата се мисли како помирување во општеството, но јас немам впечаток дека овде неказнивоста е поврзана со помирувањето. Туку овде неказвнивоста предизвикува непомирување и големи рани на општеството, и тоа не е најдобриот пат за државата. Имаме општество кое е екстремно поделено, не е мое да го коментирам Уставниот суд. Правото на амнестијата треба да се користи во функција на помирување, а не во функција на неказнивост, рече амбасадорот.

Во однос на предлогот на Мицкоски за забрана за амнестија на политичари, Тимоние рече дека не е местото на амбасадор на Франција да коментира вакви работи, но воедно постои европска тенденција за рестрикција на капацитетите за aмнестија, особено кога станува збор за дела кои се економска и финансиска причина, особено кога станува збор за кражба на народот и особено за вакви дела со кои се минира демократијата и се минира довербата на граѓаните во политичкиот систем.

Кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе предвид или парцијало или целосно, затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувано, и ја почитува целиот свет, а кога сме во потрага по европски стандарди, треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана. Суштината на оваа комисија е да креира право, и да се произведе консензус, порача францускиот амбасадор.

https://vecer.mk/node/

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top