
Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар додели новогодишни пакетчиња за најмладите во с. Зубовце
Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар во село Зубовце организираше предновогдишна средба со дечињата, од едногодишна до 5-то оделение возраст од с. Зобовце со Дедо Мраз.
Дечиња со насмеани лица, со песнички и со ракоплескање со нежните рачиња, од се срце го поздравија доаѓањето на саканиот Дедо Мраз, а тој во с.Зубовце пристигна со полна вреќа подароци.
Дедо Мраз на сите дечиња им подари новогодишни пакетчиња, а тие среќни и радосни од оваа несекојдневна и многу посакувана средба, си заминаа задоволни во своите домови.
Дојди, дојди Дедо Мраз
влези и во домот наш!
Ти си патник дар што носи,
од очите смев што роси,
од устата глас што лее
– најубаво што ни пее!
Дојди, дојди од сто страни,
прескокни ги сите брани,
препливај ги сите реки,
прелетај ги сите смреки!
Ти си старец – живожарец
и најголем дародавец!
Дојди, дојди, те сакаме
– срдечни поздрави ти праќаме!

















