На прво место

На сите припадници на еврејската заеница од името на ЛУЃЕТО во оваа држава и се извинувам

Што се случи, ЛУЃЕ?

(фото: принтскрин)

Весна Јаневска

Неколку дена по смртта на мојот дедо на портата на баба ми тропнал непознат човек и го побарал младиот газда во куќата, мојот десетгодишен татко. Непознатиот извадил од џебот купче пари и му ги подал на детето, велејќи дека му ги должел на татко му. Баба ми се побунила и ги одбивала парите велејќи дека не знае за такво нешто. Човекот одговорил: „Јас знам, комшивке“. Ги оставил парите и заминал.

Во мојата наивност или романтизам цел живот длабоко верував и сѐ уште верувам дека целата вредност, духот, моралот и традицијата на мојот народ е опишан и се состои во зборовите „Јас знам“, јас имам совест и чесност, работам, се оддолжувам и не заборавам, не лажам и туѓо не земам, па макар и никој за тоа да не знае. При тоа да не заборавам да додадам дека во Скопје во таа не толку далечна 1940 година пред самиот почеток на Втората светска војна и Големата несреќа живееле и ги почитувале овие принципи Македонци, Турци, Срби, Власи, Албанци, Роми, Евреи, Ерменци и така натаму, да не ги набројувам сите.

Верувајќи во овие вредности според кои живееле мноштвото од моите и ваши предци очекував извинување, барем од некого. Врват денови, а јас извинувањето го пропуштив или навистина го немаше?

Слушам ОБСЕ вели говорот на омраза пред избори во нашава држава се зголемувал и вклучувал и етнички навреди, организацијата Визентал праќа пораки, некои светски медиуми зборуваат за говорот на омраза во нашава земја, а оние што се негови генератори молчат.

Па да не беше дел од шарената револуција и да не беше вработена во Влада можеби, можеби ќе останеше само декадентно мислење на поединец. Во 21 век? После сѐ што сме чуле и виделе за Големата несреќа? Со неподнослива леснотија, на цел етникум, а и држава да им припишеш својство на криминал? Малку е, па има уште. Лајкови од официјални државни функционери.

Шо се случи ЛУЃЕ? Ги заборавивте ли бабите и дедовците, си ги заборавивте ли корените? Каде отиде човечкото од нас?

Во моето опкружување, кое и не е баш мало и ограничено, луѓето се делат на чесни и нечесни, на домаќини и недомаќини, на вредни и мрзeливи, на работни и лембети, на учени и неуки, но никако не на Евреи и Македонци, Срби, Албанци, Роми и многу други. Каде нашиве луѓе научија дека тоа треба така?

Во Холокаустот беше извршен геноцид на околу 6 милиони европски Евреи, на две третини од нив. Та ние изградивме меморијален центар заедно со нив, за да изразиме сочувство за она што им се случило. Зарем не му е секому јасно колку е болно за оваа етничка заедница и во денешно време во 21век некој без причина да ги обвинува и да им го руши достоинството. Та Министерката беше 2 дена на функција, и да сакаше да згреши немаше кога. А вие? Вие предвреме згрешивте и за тоа треба да се извините.

Не сакам и не можам да се извинувам од ваше име. Не припаѓам на вашата група. Се разликувам од вас и со овој текст воведувам ново ниво на комуникација. Не Ве навредувам, не Ве мразам, не Ви завидувам, се прашувам само кој Ѓавол во овие свети денови Ве тера да си го поганите и јазикот и душата?

А на Министерката и на сите припадници на еврејската заеница од името на ЛУЃЕТО во оваа држава и се извинувам.

Знам која е и од каде доаѓа, и ја прочитав биографијата и ги слушнав зборовите. Наследи еден од добрите министри во претходната Влада и ја чека тешка работа во тешко министерство. Верувам дека ќе работи и живее по принципите по кои живееле нашите претци, дека ќе работи за државата и народот и дека ќе воведе ново високо ниво и на комуникација и на успеси.

Ако тоа е така, ние ќе ја почитуваме и ќе стоиме до неа и зад неа како и до сите други кои ќе ги исполнуваат нашите идеали, кои и да се од која и да било етничка заедница.

Летај на крилјата на успехот за твојата земја, Македонија, горда Еврејке од родот ЧОВЕК!

https://republika.mk/kolumni/shto-se-sluchi-lugje/

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top