На прво место

Зошто ме пцуеш ДИКТАТОРУ невоспитан?

Ламбе Арнаудов 

Диктатору заминат, слушнав, а и некаде прочитав, си имал домашно милениче. Било опсипано со внимание од целото семејство, сакано, обожувано. Многу паметно со педигре од познати родители и баби и дедовци, со сертификат од реномирана куќа – пандан на ООН која се грижи за посебноста на народите, го чува признатото постоење и ги гарантира човековите права и слободи, посебно правото на самоопределување.

Па, сакам да те прашам нешто. Дали некогаш го имаш опцуено? Веројатно не, заради педигрето. А, Македонија ја пцуеш без око да ти трепне, од кога ја обезглави, ја опустоши и ја разори, оставајќи ја без педигре.

Диктаторче во заминување, благодарение на тебе, дали ти е јасно дека денес во Македонија, кај тебе, кај мене и кај сите, педигре имаат само домашните миленичиња. Останатите што живеат покрај миленичињата и оние кои немаат или имаат само џукели нé направи да сме кучкини синови и ќерки. Дури и подолу од тоа, затоа што за нив барем се грижат од здружението Анима Мунди. Зар мислиш ќе дозволиме да се заборави или дека македонскиот народ ќе ти заборави?

Пред да се појавиш ти и со невиден разорувачки интензитет да донесеш со себе верижна несреќа на македонскиот народ со катастрофални последици, својствена само за најмрачните одродени водичи – квислинзи во историјата на човештвото кои немилосрдно го уништувале својот род и родословие, сите ние бевме нечии синови и ќерки, нечии браќа и сестри. Нечии баби и дедовци, родители, грижни татковци и мајки од род и колено по неколку стотини години наназад со бујно разгранети семејни дрвја на животот, помодерно кажано со блескаво педигре, што заедно правиме народ македонски, храбар, достоинствен, благороден и исклучително ценет во светот што како нормална последица ја создадовме нашата држава Република Македонија.

Вчера еден мој пријател дојде дома и ми покажа крстително постаро, односно извод од матична книга на родени, и со солзи на очите ми рече: „Погледај ја графата за државјанство.“ Кога таму, само неколку коси црти. Со неверување гледам и истовремено размислувам каде сум видел исти такви црти. Се сетив – на старите каубојски филмови. Свирепите убици, злосторници од Дивиот запад на дршки од своите колтови, за секој насилно одземен живот ставаа по една црта (црта=живот).

Ајде диктатору, заедно да ги изброиме цртите на твојот колт што духовно во стил на свирепите убици ги симболизираат жртвите на македонскиот народ:

Црта на твојот колт – ИМЕ

Црта на твојот колт – НАРОД

Црта на твојот колт – ЈАЗИК

Црта на твојот колт – ИДЕНТИТЕТ

Црта на твојот колт – ИСТОРИЈА

Црта на твојот колт – КУЛТУРА

Црта на твојот колт – АРХЕОЛОГИЈА

Црта на твојот колт – НАРОДНО ТВОРЕШТВО

Црта на твојот колт – ФОЛКЛОР

И конечно црта на твојот колт – ДРЖАВА.

Со ова сам си одбра да бидеш гнев на македонскиот народ и татковината. Затоа и замина засекогаш.

Заборави, или можеби и воопшто не знаеше дека сите важни работи се случуваат во вистинско време.

Вистинското време за тебе диктатору е следното што многу брзо ќе го доживееш.

Господ проштева! Државата никогаш! Кога и да е, каде и да си Државата ќе ти тропне на врата и ќе ги наплати твоите долгови + (плус) камати, + камати на камати, +++++.

Те уверувам, тогаш сам ќе посакаш скончанието на твојот бесмислен кукавичко предавнички живот да ти биде пријател, но и тоа ќе те одмине, за долго, долго да живееш, ама за да се измачуваш, оти гревот ти е голем.

Најмногу ќе патиш и ќе се измачуваш кога ќе гледаш како тие, кои наспроти тебе, кој ја мразиш Македонија, неизмерно ја сакаат својата татковина и се вистинската совест на македонската самобитност, слобода и независност, ВМРО ДПМНЕ, како ќе обноват сé што ти така безмилосно разурна.

https://kurir.mk/kolumni/zoshto-me-pcuesh-diktatoru-nevospitan/

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top