На прво место

СДС и Филипче не можат да ги поднесат дипломатските успеси на Македонија

СДС и Венко Филипче очигледно ги вознемирува секој дипломатски успех на Македонија. Наместо да се радуваат кога државата бележи напредок, тие реагираат со нервоза, затоа што не сакаат да признаат дека Македонија може да успее и без политика на понижување, коленичење и прифаќање туѓи диктати.

Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнувањето на Реформската агенда.

Овој напредок дополнително беше потврден и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50 проценти повеќе од средствата што ги добија, како што често ги нарекуваат, „фронтранерите“ Црна Гора и Албанија.

Македонија бележи и значаен успех на меѓународен план. За првпат државата е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за мандатниот период 2027–2029 година. Со тоа Македонија станува дел од едно од главните тела во системот на Обединетите нации.

Важна политичка порака испраќа и нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија за 2025 година, во кој се потврдува дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.

Покрај тоа, Македонија има заедничка изјава со ЕУ во делот на одбраната и безбедносната политика, а завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа претставува уште една потврда дека државата ги исполнува демократските капацитети.

Македонската дипломатија посветено работеше и на зацврстување на билатералните односи. Во тој правец беа потпишани стратешки договори со значајни европски и светски партнери, меѓу кои САД, Обединетото Кралство, Хрватска и Унгарија.

Истовремено, по долги години се става крај на неработењето, понижувањето и потчинувањето на македонската дипломатија пред други држави, особено во односите со Бугарија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го ратификуваше договорот со Бугарија за реализација на Коридорот 8, проект од клучно значење за Европа, регионот и Балканот.

Додека едните се сликаа на автопатишта со маички, делеа провизии преку анекси и потпишуваа бланко листови само за да останат ден повеќе на власт, ВМРО-ДПМНЕ работи на достоинствено претставување на државата и на конкретни чекори што носат реални резултати.

Додека некои имаа поданички однос кон странски центри на моќ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ со државнички пристап постигнува напредок што денес го поздравуваат бројни претставници на земјите членки на ЕУ.

Сето ова е резултат на труд, работа и посветеност Македонија достоинствено да се претставува на меѓународен план. Се работеше долго и напорно, без големо фалење, далеку од очите на јавноста, но на крајот резултатите станаа видливи и конкретни.

Овој успех на македонската дипломатија и напредокот на државата не сакаат да го видат само СДС и Венко Филипче. За нив, под поимите „успех“ и „реформа“ се подразбира само промена на Уставот и внесување на Бугарите, со крајна цел редефинирање на македонската историја по бугарски терк.

Македонија денес покажува дека може да оди напред со достоинство, со јасни позиции и со заштита на националните интереси. Токму тоа најмногу им пречи на оние кои со години ја навикнаа државата на попуштање.

Најново од: На прво место

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Еве ја вистината: На Бугарија не ѝ пречат реформите, туку постоењето на Македонија

Кога поранешен бугарски разузнавач, дипломат и пратеник јавно ќе каже дека членството на Македонија во Европската Унија би било „голем удар“ за Бугарија, тогаш паѓаат сите маски. Станува јасно дека проблемот никогаш не бил само во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Не бил ниту во реформите, владеењето на правото или таканаречените европски вредности. Проблемот […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

To top