На прво место

Чавков 5-ти ден штрајкува со глад

Двојни аршини: Чавков 5-ти ден штрајкува со глад – власта не му дава да оди на операција, а Боки 13 цели 55 пати беше во болница!

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков започна штрајк со глад во штипскиот затвор, откако не му било дозволено да оди на операција за колено.

“Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон ШТРАЈК со глад“, објави Чавков.

Во неговата жалба тој вели дека со уредна медицинска документација, за потребата од оперативен зафат кој трае само два дена, со документација за закажани датуми за преглед и операција, беа запознаени одговорните раководители и директорот на КПД Штип.

-Медицинската документација ја игнорираат со нерационални и усмени одговори со што се ставија во улога на ГОСПОДАРИ НА МОЕТО ЗДРАВЈЕ, објави тој.

-Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита. Директорот на Установата не се ни воздржа да каже дека причина за неразумното и арбитрерно толкување и попречување на операцијата без писмено да ме извести според него било и поради “ЗВУЧНОСТА” на моето име и презиме, што е ПРЕСЕДАН!!! Политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита е не само преседан туку и акт на системска тортура, додава тој.

Иако штрајкува со глад неколку дена, власта не покажа ни трошка грижа за неговото здравје.

Доколку согласно неговата возраст не направи операција на коленото сега, за извесен период ќе треба да вгради вештачко колено.

Чавков е човек кој има срцева болест. Тој веќе еднаш беше хоспитализиран, па додека се наоѓаше во Шутка беше извршен зафат врз него.

Штрајкот со глад може да ја влоши сериозно неговата здравствена состојба, а тоа на надлежните им е и повеќе од јасно.

Чавков е осуден на 18 години затвор за настаните во Собранието на 27-ми април. Човек кој цела кариера ја посвети да се грижи за безбедноста на граѓаните, стана жртва на политички прогон.

Боки 13 дури 55 пати бил носен во болница

Додека за Чавков никој не се грижи и не му се дозволува да направи операција, Боки 13 се жали дека често го носат во болница.

Јовановски се обрати на судијката и се пожали за здравствената состојба.

-Состојбата не ми е добра, дури 55 пати сум носен во болница. Не сум експериментален глушец, еден кажува едно, друг друго, за да на крајот обвинителката Вилма Русковска констатира дека сум во добра здравствена состојба, рече Јовановски.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/chavkov-5-ti-den-shtrajkuva-so-glad-vlasta-ne-mu-dava-da-odi-na-operacija/

Најново од: На прво место

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

Професор Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил

Професорот Александар Атанасовски од УКИМ, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмат Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ со водителот Илија Влков, Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун […]

Софија Станкова освои злато во Софија – нов успех за македонскиот женски бокс

Младата боксерка од клубот „Аперкат“ се закити со златен медал на натпревар во Бугарија, продолжувајќи ја низата успешни меѓународни настапи. Македонскиот женски бокс бележи уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Младата македонска боксерка Софија Станкова освои златен медал на натпревар во Софија, Бугарија. Станкова, која е членка на боксерскиот клуб „Аперкат“, на рингот покажа […]

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

To top