На прво место

Дуелот – професорот против простиот селски итрец

Дуелот – професорот против простиот селски итрец

Зоран Заев е завршено политичко минато на македонската сцена. Телевизискиот дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го потврди и докажа тоа. Интелектуалната разлика меѓу двајцата е повеќе од очигледна. Факултетски професор против прост селски итрец. Однесувањето, одмереноста, вордингот, гестикулациите, домашното воспитание… го покажаа тоа.

Впечатлива беше и (на моменти болната) опседнатост на Заев со Никола Груевски.

Една работа многу ме чуди. Како досега Заев ниту еднаш не и’ го објасни на македонската јавност фактот дека Никола Груевски доби политички азил во Унгарија на основ на документ издаден од државната Комисија за заштита од дискриминација. Државен документ дека Никола Груевски е жртва на политички монтиран судски процес. Државен документ издаден додека Заев беше премиер. Не го кажува тоа, оти не му одговара да го каже. Исто како што не му одговара да објасни како доби ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“, и да мисли дека не’ прави будали сите кои видовме видео снимка на која селскиот итрец бара мито, бара поткуп, и тоа го прави со неподнослива леснотија.

Одвратно.

Исто како што е одвратен и моментот дека мисли дека некој му верува оти навистина тој е човекот што го пријавил случајот „Рекет“ кај обвинителката Вилма Русковска. Усно го пријавил. Види мајката. Но, нема што да се чудиме, човекот не почитува ниту закон, ниту институција во државава, а камо ли процедура.

Мицкоски убаво му објасни. Со факти. Му направи паралела со моментот како Антонио Милошоски пријавил во обвинителството за аудио снимката што ја добил од „шепкачи“, и како при пријавувањето била испочитувана законската процедура. Со документ, со потпис и печат. А, друже Заев, кај тебе „где је печат?“. Па, уште згора на се’ ја натера и Русковска да прави будала од себе и да ги потврдува неговите лаги. Но, не е Заев виновен, Русковска е, што прифатила да изиграва шут. А, голем е сомнежот дека за да ја прифати таа улога, сигурно нешто добива(ла) за возврат. Интересот е главна водилка на овие луѓе. Ништо друго. Ништо повеќе. Ништо помалку.

А, главниот интерес на Заев е по секоја цена да остане на власт. Очајно се бори за тоа, а кристално јасно е дека нема да успее. Ги прекрои и Изборните единици за таа цел. Името на својата татковина го смени за таа пуста власт и не се срами од лузните што и’ ги направи на Македонија. Уште глуми и горд. Еве би сакал да го прашам следново:

Дали тој, Зоран Заев, јавно ќе се откаже од Бранко Црвенковски затоа што Бранко Црвенковски додека беше претседател на Македонија во Обединетите нации од говорницата рече – Името на мојата земја е Република Македонија и ќе биде Република Македонија!

Искрено, не верувам дека ќе се откаже. Па, кај смее бре. Бранко Црвенковски го аболицираше. Го спаси од кривичен прогон за сомнение за криминал тежок речиси 10 милиони евра. Но, еве сепак оставам да видиме. Може ќе собере храброст.

Инаку се’ кај Заев е мегаломански. И финансиските скандали – Фонд за иновации, ТЕ-ТО, „Рекет“, набавки во Фондот за здравство… и дузина други. Сите се тешки по неколку милиони евра.

Мегаломански е и филмот што ни го продава дека направил над 700 киломатри патишта во Македонија. А, државата ни е 150 километри уздуж и попреку, плус и главните автопатски градби ги направи Никола Груевски. И Демир Капија-Смоквица, кај што неговите партиски потрчковци играа оро во тунелот, и Миладиновци-Штип, чие пуштање во употреба неговите од СДСМ намерно го одолговлекуваа, и автопатот кон Охрид, за кој лажеа дека е со утната траса, за потоа во лагата да ги издаде нивниот сопартиец, градоначалникот на Штип.

А, како СДСМ гради патишта?

Па, ене доказ е патот од Скопје до Блаце. Не треба повеќе муабет. Доволно е да се види, колку е предвидената должина, колку време рекоа ќе го прават и колку пари ќе чини.

И сега, што да се каже повеќе за ТВ дуелот меѓу професорот и простиот селски итрец?

Да друже Заев, супер си, верувај им на пијавиците залепени околу тебе, што те манипулираат дека си бил маестрален и надмоќен. Оние пијавици што ден потоа те дообјаснуваат по социјалните мрежи што всушност си сакал да кажеш. Тоа доволно говори каков е исходот од дуелот и каков е твојот капацитет. Но, терајте, живејте си во својот свет. Не е проблем. Вистинската слика ќе ви се појави пред очи вечерта на 12 април.

Автор: Дејан Николовски

https://netpress.com.mk/duelot-profesorot-protiv-prostiot-selski-itrec/

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top