Игор Јанушев
Неспособноста на Владата и Зоран Заев е толку алармантна што почна да се плаќа со здравјето на граѓаните.
Наместо Министерството за здравство да биде главен заштитник од корона, тоа е најголемиот извозник на вирусот. И за да трагедијата биде поголема, Филипче кога не дели тендери со директорите на клиниките, шири зарази и создава епидемии.
Ништо не остана од “помпезно” најавуваната контрола по граничните премини и на ародромите, системот на владата е “пробиен како решето”, а граѓаните незаштитени.
Пропуштени се цели процедури при справувањето со корона вирусот, а притоа направен е и обид да се “заташка” и сокрие случајот со директорката на клиниката за кожни болести. Според наши информации, правен е притисок до тие што го пријавиле случајот да не креваат паника, иако директорката со денови ширела заразен вирус. И најмалку што во овој случај може да се направи е итна оставка на Филипче.
И сосема на крај, колку да не пропуштам, во однос на листите на СДСМ правени од Заев … тие се дефиниција за истрошени кадри со “путер на главата”. Партијава која деклративно се бореше за женски права, од 6 носители има дури 1 жена, и тоа баш таа со “бонбона бизнис” на главата, или што би се рекло бонбона коалиција за сигурен пораз. Дури и Бранко да правеше листи ќе ставеше повеќе нови луѓе.
Одењето напред завршува во провалија за оваа генерација на СДСМ. Што би се рекло “давај друго дете”.