На прво место

ЧУМУ НИ Е ЕВРОПСКАТА УНИЈА БЕЗ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ И БЕЗ ДОСТОИНСТВО?!

slob

slobodan

Слободан ТОМИЌ

Најголем пријател на вистината е времето, најголем непријател се предрасудите, а постојан придружник е смирението. Така и овој кошмар со врховистите и конвертитите кои секојдневно атакуваат врз меморијата и историјата за исконската вистина за Македонија и Македонците, треба смирено да го перцепираме и без посебен стрес да го сториме тоа што со години не го чиниме!

Македонија повеќе не смее и натаму да им дава мегдан на секакви отпадници и немакедонци кои го понижуваат Македонскиот народ, ги газат честа и угледот на државата и нацијата! Тоа е казниво и според Кривичниот законик! Честа и угледот не се порачуваат и не се купуваат на слобдониот пазар. Нашата катарза транзитира низ зоната на една класична драмолетка со егзибиционистички и антимакедонски кампањи.

Никому не може да му ги суспендирате етничкото потекло, верското уверување и политичката припадност, но неприфатливо е, казниво е, да го понижувате Македонскиот народ кој е носител на државноста во државата Македонија. Во Кривичниот законик тоа се кривични дела против културното наследство, кривични дела против честа и угледот на Македонскиот народ и кривични дела против човечноста и меѓународното право! Македонците во Македонија станаа жртва на геноцид и злосторство против човештвото од марионетската врховистичка власт!

Од една страна ја торпедирате нацијата и државата во која живеете, а од друга страна цицате од буџетот на народот чија чест и углед ги газите! Ни се накотија секакви умноболни изроди и одроди, кои не само што се платени колаборационисти, затоа што одработуваат за други и туѓи метрополи за нивни интереси на овие македонски простори, туку здравствено, пензиско и инвалидско осигурување им плаќа државата Македонија! Па, тоа го нема ниту во Алиса од земјата на чудата!

Македонскиот идентитет не е октроиран од Југославија, или од Комунистичката партија на Југославија, или од Коминтерната, или од Москва… Јазикот не се создава со декрет! Јазикот на еден народ е генетска мемориска картичка чипирана од прапочетокот, од мајката, од таткото, од дедото, од бабата, од прадедото, од прабабата… од прамајката и прататкото во потсвеста на битието! 

Екскурзијата на Денко Малевски по бугарските медиуми, како гласник на квази-интелектуалната елита за промените кои “македонската дип-стејт“ посакува да ни се случат според Договорот за непријателство и велепредавство Заев-Борисов од 1 август 2017 година, само ги покажа роговите на тие од рововите, кои отсекогаш биле против Македонија и Македонците, и по род и по државјанство! 

Впрочем, не сме заборавиле, дека во предвечерието на поранешна СФР Југославија, во зората на суверена и самостојна држава Македонија, Киро Глигоров со Стојан Андов ја жртвуваа Владата на Никола Кљусев, откако пукна тиквата меѓу Блаже Ристовски и Денко Малевски, за амбициите на тогашниот министер за надворешни работи “Јас сум Југословен, Јас сум за Југославија, самостојна Македонија може само без мене!“ Логичен беше патернализмот на Киро Глигоров кон Денко Малевски, затоа што наместо за суверена и самостојна држава Македонија, Киро Глигоров со Алија Изетбегович бараа спас за Југославија со платформата за асиметрична федерација 2+2+2! За среќа, речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите!

Тоа што Владо Малевски ја напишал македонската национална химна “Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата“ е дело и аферим на Владо Малевски. Тоа што син му од Југословен конвертира во бугарин е предавство на Денко Малевски. И, секому според делата и заслугите!

Денко Малески со реториката дека Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков се бугари ќе остане само бледа сенка на буграскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и ништо повеќе од тоа. Цицерон вели “Не е грев, секој може да згреши, ама идиот е оној кој грешката ја повторува и на неа опстојува!“ И вакви идиоти, за жал, оваа земја родила! Македонската историја е полна со предавства. Се разбира, предавник не може да ти биде непријателот, тој ти е веќе деклариран противник! Предавник може да ти биде само братот, роднината и пријателот!

Красимир Кракачанов верува дека калибрите од типот на денко Малески се добар темелник еден ден Бугарите од двете страни на границата да бидат заедно! И кој е успехот на шарлатанот Зоран Заев во оваа маскарада врз Македонија? Склучи “историски договор“ со јужниот сосед Грција која ни го негира името на државата и историјата, идентитетот и контунуитетот нам Македонците, склучи “историски договор“ со источниот сосед Бугарија која ни го негира името на народот, јазикот, културата и историјата! Иако и Софија и Атина доволно знаат дека се креација на интересите на западните сили за свои сфери на влијание на Балканот!

Кога сме до Македонскиот јазик, пак, кој самите Грци го признаа уште 1977 на меѓународна конференција на Обединетите Нации одржана токму во Атина, да потсетиме дека Македонскиот јазик јасно и гласно се признава и потврдува И во книгата “Introductio in Chaldaicam linguam, Syriacam, atque Armenicam and decem alias lingua“, издадена 1539 година, од авторот Тезеј Амброџио Албонесе. Македонскиот јазик е наведен како првенец во групата! Ова се научни факти, ова не е манипулација, ќе рече мојот драг пријател Роберт Милески во еден негов facebook сатус, му благодарам за овој потврден факт со аргументи.

Да биде иронијата поголема, после умноболната изјава на Денко Малески за Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков и воопшто дека Македонците се Бугари, како јаготка на шлагот доаѓа вандализмот на паланечкиот градоначалник да го избруса семакедонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа од плоштадот пред општинската зграда, додворувајќи се на својот генерален секретар во партијата. 

Едно потсетување на моите добри пријатели и соговорници, Лоренс Игелбергер и Робин О’Нил, и двајцата силни и непресушни имиња во американската и британската политика, кои ќе изјават “Ве молиме, не го менувајте името на Македонија и вашиот идентитет! Грција нема да остане само на тоа. Амбициите на Атина се да Ве нема, како никогаш и да не сте постоеле! Брзо брзо и Бугарија ќе и’ се придружи, до кенечно бришење на Македонија и Македонците од светскиот Атлас на народите и државите! Тоа ќе го сторат марионетите, нивната петта колона меѓу Вас, до конечно исчезнување на вистината и историјата за Македонците и за Македонија!“

Народот бара: Името Денко Малевски засекогаш да биде запишано во регистарот на велепредавниците на нацијата и државата! Македонија преживеала многу премрежија и обиди за нејзино уништување. Но, едно ни преостанува, како поука, да му порачаме на врховистот и конвертитот Денко Малески и нему сличните одроди и изроди: Уништувањето на Македонија и Македонците никогаш нема да се случи, бидејќи сите тие одроди и изроди кои и да се и од каде и да се, самите ќе скокнат во гробот кој за другите го копаат! 

И за крај, навистина: Чуму ни е Европската Унија без Македонија и Македонци?!

Најново од: На прво место

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

To top