На прво место

Бугарскиот јазик е варијанта на Македонскиот, а не обратно

Познавачите на Македонскиот и Бугарскиот јазик што можат да направат стручна споредба на двата јазика сметаат дека Бугарскиот јазик е доста нерегуларен.

Во споредба со Македонскиот јазик, со стручни аргументи докажуваат дека тоа се два различни јазика, а забуна прави тоа што исти зборови добиле различно значење, различно поимање на светот, различен гласовен и акцентски систем, синтакса, странските зборови чудно ги адаптираат на Бугарски, глаголскиот систем чуден, членувањето, турцизми, многу друго… . Ова поттикнува на следното размислување (само врз основа на размислување): ако се спореди говорниот, па и пишаниот Македонски јазик на нашите Арнаути (ова не е навредливо, отсекогаш така сме ги викале), ќе може да се заклучи дека тие конструкцијата на речениците ја прават веројатно поаѓајќи од конструкцијата во нивниот јазик. Познавачите на тој јазик од пред педесетина-седумдесетина години сметале дека е доста, ако не и многу сиромашен. Според историчарот д-р Петар Попоски Арнаутите на овие простори се донесени пред околу 250 години. Околу себе немале и немаат народи со слична култура и јазик и поради тоа и нивниот јазик до скоро беше доста сиромашен, па имаат преземано Македонски зборови – од јазик што со милениумска традиција се зацврстил врз одредени правила и норми (да не речам Европски). Поаѓајќи од ова како основа, би можело да се заклучи дека и кога Бугарите дошле на нивните сегашни простори, дошле со нивниот сиромашен јазик и со нивните јазични конструкции. Прифаќајќи го тогашниот Македонски јазик влијаеле на него (на нивниот освоен простор) и во него внесле правила од нивниот јазик, со што како резултат се добил сегашниов или некој поранешен “Бугарски“ јазик.

Во оваа “теза“ основно е дека дојденците го презеле јазикот што веќе бил таму. За да се поткрепи оти Македонскиот бил тој што го прифаќале и го менувале, може да се појде од средниот текст на Каменот од Розета, пишуван околу 200 години пред Христа. Акад. Бошевски и Проф. Тентов изјавуваа дека тој текст бил пишан на сегашниот Македонски јазик, на сегашниот Битолски дијалект. За жал, Римјаните уништувале се’ што новоосвоените народи го имале како култура и споменици, значи и Македонските, па сега други ни’ се прават постари од нас и не “посвојуваат“.

Ако се прифати овој пристап, тогаш може слободно да се каже дека Бугарскиот јазик е варијанта на Македоскиот, а не обратно. И Бугарите и Арнаутите со себе донесле сиромашен јазик и овде ги надградувале. За ова да се потврди, би требало нашата држава да финансира два, односно три научноистражувачки проекти:

– нашата врска со Античките Македонци и

– истражување на корените на Арнаутите, па и на Бугарите, бидејќи обата народа се дојдени од Исток.На Гуревски несомнено како многу позитивни мораат да му се признаат активностите и резултатите на економско поле, финансиско потполе, на правно, образовно поле, но да му се забележи што иницијативата за испитување на нашите корени не ја спроведе до крај иако ја започна.

Во контекст на досега реченото, а за донекаде да се разбере настапот на Денко Малески во последниве денови, треба да се има предвид дека мајка му на Денко Малески била Бугарка. По ослободувањето на Македонија по Втората светска војна, во четириесеттите години од минатиот век тогашната Комунистичка Партија на Македонија му наложила на татко му Владо Малески да се разведе од мајка му. Тој се преженил, а Денко очигледно останал со мајка му. Можеби тука треба да се бараат причините поради кои тој има ваква ориентација и има таква изјава. Ова би требало да и’ се објасни на Македонската јавност за да се посмири и да си ја гледа Македонштината.

Поаѓајќи од погоре реченото, може да се постави и прашањето каква била улогата на Денко како прв Министер за надворешни работи на самошто осамостоена Социјалистичка Република Македонија, односно дали тој можеби и намерно не преземал доволно дејства во насока на признавање на земјата. Од тоа време има информации дека не бил доволно продорен и агилен при неговите посети на странски држави и особено на Организацијата на Обединетите Нации. Има место да се преиспитаат и неговите ставови изложувани за цело време на постоење на самостојна Република Македонија, бидејќи имало моменти кога тие ставови не биле секогаш во согласност со националните интереси на неговата, но и наша земја.

Мирко Трпески

Најново од: На прво место

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

Најнови вести

To top