На прво место

Бесмртниот дух на Исидор Солунски

1s1

1s1Ставре Џиков, публицист

Претседателот на бугарската влада, Бојко Борисов, и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со месеци бараат да застане македонската држава пред европската чекалница. Тие ултимативно бараат да се признае дека Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков со нивната историска судбина се Бугари. Македонскиот јазик за нив е новофабрикуван/новосоздаден од пресните Македонци од 1944 година, од асномска Македонија. Наспроти нив се актуелните, претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот на владата Зоран Заев и неговиот министер за надворешни работи Никола Димитров. Јавноста ја тешат со некој евтин политички изговор, наводно ќе го бранат македонскиот јазик и нема да се откажат од Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков. Ми личат на политичари што стојат во шпалир и држат во рацете бели знаменца, подготвено јавно, со половина уста, да кажат дека не се откажуваат од македонскиот јазик, идентитет, од македонските великани Делчев и Мисирков.

А можеби ќе видиме наскоро да застанат на бугарска страна?! Јавно да споменам од каде ги познавам сегашниве репрезенти на македонската политичка сцена.
Стево Пендаровски, син на мојот наставник по биологија Аврам, по потекло од Галичник, во основното училиште ОУ „Цветан Димов“ во Чаир, Скопје. На часовите ќе нѐ опоменеше со другар ми Фрањо Јаковиќ, Хрват, католик, со укорување дека предвреме ги учиме уроците по биологија, премногу знаеме. Наставникот Аврам и класниот Бојко Стојановски-Цоњче, наставник по македонски јазик, по потекло од с. Љубанци, ни подарија образование, чесност, правичност и над сѐ да си ги сакаме татковината Македонија и македонскиот народ.

Со премиерот Зоран Заев имав, пред една деценија, случајно епизодно запознавање во хотелот „Сириус“. Тоа се случи на маскенбалот во Струмица, кога беше градoначалник. Заев беше маскиран во шеик, со „неговата локална дружина“. Во друштво бев со пејачот Наум Петрески, со проф. д-р Миле Врчаковски и неговата сопруга Софија Гогова-Врчаковска, актерка во Македонското радио.
Во првиот македонски парламент, пратеничката проф. Ратка Димитрова беше координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ (1990-1994). Нејзиниот сопруг, проф. д-р Димитар Димитров, министер за образование во владата на академик Никола Кљусев (март 1991 година).

Тој ми е рецензент на книгата „Македонија во комунистичкиот триаголник“, објавена во 1994 година. Политички катапултирани во име на државната политика на ВМРО-ДПМНЕ стануваат дипломати Димитар Димитров и нивниот син Никола Димитров. Димитар Димитров е именуван за амбасадор во Москва (2001 – 2004). Никола Димитров прво советник за национална безбедност кај претседателот Борис Трајковски (2000-2001), потоа именуван за амбасадор во Вашингтон од 2002 година. Сите споменати јавно се застапија за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија. А јас застанав со народот, референдумски против промена на името Република Македонија.

Но да видиме што нѐ поучува историскиот македонски дух што е бесмртен. Во книгата „Воскресение“, објавена во 1995 година, го забележав историскиот еп „Така зборува Исидор Солунски“. Автор е нашиот драматург Јордан Плевнеш. Епот му го посветил на Исидор Солунски од селото Баница (Веви), Леринско, Егејска Македонија, Грција. Исидор Солунски е закопан на париските гробишта „Пер Лашез“ од неговата љубена Романка. За потсетување, во нашето сегашно предавничко невреме и поука ќе цитирам дел од епот: „Непријателите на македонското национално револуционерно дело испратиле човек да ме убие. Го поткупиле со 10 лири и го пратиле да ме убие. Јас честопати наминувам по џумајскине, по петричките, по кукушките, по велешките, по битолските пазари и гледам како се движат цените. Еден вол чини 100 лири, а ваму, овега го поткупиле со 10, за да ме убие.

Ги гледам цените и не можам да се изначудам. Како е возможно еден Македонец да биде 10 пати поевтин од еден вол. Тешко ми е, татковино. Историјата продолжува. Самоуништувањето трае. Синдромот се повторува. А обединувањето твое бега далеку од нас. Зад мене распарчена Македонија, пред мене подвижен гроб. Се постила векот пред мојот од како батанија од тешка скрама со сета крв на едно Илинденско востание. Нѐ демнат балканските делегати во Париз, Копенхаген, Стразбур и Женева, со куршуми веќе забодени во моето срце. Во Софија мрачен танц на мачки душождерни ме чека. Во Атина, и старата и новата демократија смртобудно ме галат. Ќе ги преораме гробиштата на идеалите, со коските на нашите мртви војводи ќе се претвориме во зурли и тапани, во нашето најсилно оружје.

Со голи меса ќе ги искинеме жиците од границите. Ќе ја обединиме и ќе извикаме – жива е Македонија“.
Епот го рецитираа првенецот-актер драмски и филмски Петре Темелковски и протоѓаконот Александар Цандовски на МПЦ-ОА кога одевме во туѓина, во странство меѓу нашата македонска емиграција и, секако, во нашата Македонија. Освен Исидор Солунски, Македонец од мојот род/сој има закопано и на софиските гробишта. На пример, познатиот војвода Мице Зајков- Чегански, без страв и трепет, грамада. Едно нешто ме теши, што над нас „бдеат“ Ѓорѓија Пулески, Мисирков, Кочо Рацин, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Анте Поповски… нѐ чуваат од духовната смрт.

Најново од: На прво место

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

Најнови вести

To top