На прво место

БОМБИТЕ ГИ ДОНЕСЕ, СЈО ГИ ЗАНЕСЕ, КОРОНАТА ЌЕ ГИ ОДНЕСЕ!

slob
1 slobodanПишува Слободан ТОМИЌ
Живееме во време невреме, кога Македонскиот народ е на една страна, а власта на другата. Затоа што актуелната техничка Влада, а претходно марионетската на Зоран Заев е производ на непринципиелна коалиција во 2017 година, со единствена цел прмена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Се вели, тој што си игра со оган, од оган ќе настрада! За жал, власта секогаш вината ја пренесува врз народот, како алиби за своите пропусти!
Сведоци бевме на злоупотребата на смртта на Мартин Нешковски. СДСМ создаде перцепција дека режимот на Груевски убива деца и врши терор врз народот. Таквата слика како и претходните манипулации, дека владата на Груевски ја суспендира парламентарната демократија порад “тепањето“ на пратениците, фрли лоша дамка врз владата на Груевски, за Македонија да биде ставена на листата на најтоталитарни држави на светот. Од друга страна, министерката за одбрана Шеќеринска деновиве ја гледаме пред терористичката ОВК. НАТО ја даде таа дефиниција за ОВК. Не го бранам Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија. Намерата е да потсетам, дека Македонија секогаш се става на работ на граѓанската војна, пред амбис за самоуништување.
Времето ги потврдува предупредувањата на Груевски за дестабилизација на државата. СДСМ “бегаше“ од тоталитарна власт, која ја замени со диктатура кога Заев состави Влада. И, не смее да се заборави, дека Македонија е единствена држава во светот без Парламент за време на вонредна состојба поради панедмијата со коронавирусот!
Ако денес, не дај Боже, некој ако ви ја земе мерката, ви нема спас, одите курбан. Посебно ако не одите по тактот по кој некој “од горе“ ви свири. Ве изеде ноќта.
По гласното НЕ за промена на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ, се случија “Диво насеље“ во 2015. Иако речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи на 8 септември гласаа “за суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки.
Бомбите со незаконски прислушкуваните разговори го изродија Специјалното јавно обвинителство со Катица Јанева, како надеж за ред во системот! За жал, тоа СЈО не донесе ред во државата, туку се претвори во институционален лов на опозицијата. Крајот не’ разочара сите, затоа што СЈО заврши како злосторничко здружение за рекетирање на поединци со злоупотреба на службената положба и дисциплинирање на пратениците, со цел Собранието да ги усвои измените на Уставот заради промена на името на државата и идентитетот на Македонскиот народ!
Катица Јанева заврши на обвинетелна клупа за аферата “рекет“. Во завршниот збор, истата таа Катица Јанева недвосмислено рече дека се менувале закони за да се изземе од кривична одговорност тогашниот рпемиер Зоран Заев! Како ќе заврши оваа траги-комедија, во контекст на стриптизот на Катица Јанева при распитот во Државниот завод за ревизија, јавноста очекува да види. Иако сите знаеме, дека кај има сила нема правда!
Ах таа пуста страст за власт, и сласт за моќ и пара! 
Го читам Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, со оцена: Заев на се’ е подготвен, само да на власт да остане! Па, лебди прашањето, дали македонските политичари се наследници на фараони? Од друга страна, се присетив на изјавата на Зоран Заев, дека него Господ го црпнал од нивата да ја спаси Македонија! Човекот кажа и остана жив! Зарем се верува на ваков политичар? Како по обичај, верувам на секој кој изјавува дека е со чесни намери кон својата држава, но ведаш сето тоа паѓа во вода кога ќе видете како работи таа гордост за време на најголемета борба со невидливиот непријател Ковид 19, кој однесе стотина илјади животи низ планетава Земја, а милиони ги легна на болнички постели. Поради политизацијата на комисијата за заразни болести и несоодветни мерки, Македонија држи рекорд на Балканот, засега околу сто починати и преку 2.500 болни. 
Иронијата да биде поголема, најголем кластер на Ковид 19 стана СДСМ: дечките наместо да се грижат за здравјето и животот на граѓаните, водат кампања, делат пакети со изминат рок, купуваат гласови меѓу Ромите и Албанците…
А, избори во време на пандемија е руски рулет. За жал, пиштолот не е вперен во слепоочницата на Зоран Заев, туку во Македонскиот народ.
И бидејќи секогаш крајот го краси делото, заклучокот: Бомбите ги донесоа, СЈО ги занесе, ама короната ќе ги однесе, се разбира, од власта до Идризово!
Впрочем, и Калето преку Брнс испрати порака до Зоран Заев: “Избори да има кога нема да постои опасност по животот и здравјето на луѓето!“ Ама, кој да слуша?!
Но, пристигна и аберот од Речица, и Али Ахмети, дека Македонија со овие избори и коалиција со СДСМ ќе го добие и првиот премиер..?! Ахмети,  како пренесуваат медиумите на својот Facebook профил јасно ја најави својата изборна кампања… 
Ако и ова, го дозволите, тогаш самите вие ќе си ја, погребете сопствената Македонија, оценуваат аналитичарите. 
Тие додаваат кога Заев и неговата тајфа, немаа почит кон мртвите, и не дозволувајќи на, семејствата да одадат почит на денот на мртвите кој е еднаш во годината, дефинитивно, Заев за неговиот опстанок ќе го даде и премиерското место на Али, со гнев коментираат токму неопределените. Тие со порака:Бомбите ги донесе, СЈО, ги занесе, а  Corona ќе ги однесе од власта.
Неизбежна е смената на Заев со Мицкоски, кога и да е! Кога ќе има услови, без опасност по животот и здравјето на луѓето оценува овој столб на електоратот од гого зависи исхотот на, изборите! 

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top