На прво место

Владата очекува Македонија првпат да стане нето-извозник на електрична енергија

Македонска Нација

Македонска Нација

По години зависност од увоз и финансиски загуби во енергетскиот сектор, Владата најавува историски пресврт – Македонија до крајот на годината да произведува повеќе електрична енергија отколку што троши.

Целта на Владата е Македонија до крајот на оваа година за првпат да стане нето-извозник на електрична енергија, порача премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека државата се движи во насока на стабилизација на енергетскиот сектор и подобрување на резултатите на државната енергетска компанија ЕСМ.

Според Мицкоски, по долг период во кој земјата беше принудена да увезува значителни количини електрична енергија, сега се создаваат услови Македонија не само да ги задоволи сопствените потреби, туку и да извезува електрична енергија на регионалниот пазар.

„Мислам дека тоа ќе го постигнеме. Добро е и што државната ЕСМ се консолидира и во првиот квартал, или да бидам попрецизен, очекувам во првата половина од годината да имаме за првпат позитивни резултати. Од оние 150 милиони евра загуба што ги наследивме, мојата прогноза е меѓу шест и седум милиони евра добивка“, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека еден од најважните показатели за подобрената состојба во енергетиката е нивото на исполнетост на акумулациите. Додека во средината на 2024 година тие биле исполнети со само околу седум проценти од капацитетот, денес достигнуваат околу 80 проценти.

Според него, ваквата состојба овозможува сигурно снабдување со електрична енергија и вода за потребите на земјоделството, без ризик од рестрикции во текот на летната сезона.

„Сезоната на наводнување е во тек за земјоделците и нема апсолутно никакви рестрикции. Две години се бориме со напластени проблеми од минатото, но тоа е што е. Наша задача како Влада е да ги решаваме проблемите таму каде што можеме, побргу или побавно и, нормално, да си ја развиваме Македонија“, нагласи Мицкоски.

Најавата дека Македонија би можела да стане нето-извозник на електрична енергија претставува значајна промена во енергетската политика на државата. Таквиот развој би значел поголема енергетска независност, намалување на трошоците за увоз на струја и дополнителни приходи од продажба на вишокот произведена електрична енергија на странските пазари.

Доколку проекциите на Владата се остварат, 2026 година би можела да остане запаметена како година во која Македонија направи значаен чекор кон стабилен, одржлив и поконкурентен енергетски систем.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top