На прво место

Ламбе Арнаудов: Уапсете го Заев и ќе се соблече угол гол како Кате

lambe-arnaudov

lambe-arnaudov

Ламбе Арнаудов: Уапсете го Заев и ќе се соблече угол гол како Кате

Господа шарени револуционери, умееа ли слободата, правдата и „животот за сите“ да ви ја пеат песната што вие нив им ја пеевте додека марширавте, дивеевте, сквернавевте и бојадисувавте?

Зошто ве прашувам? Затоа што нема да ми одговорите. А, нема да одговорите затоа што на многумина  ви е страв, а на повеќето ви е срам.

Нема да одговорите, бидејќи, и едните и другите, свесно клекнавте на коленици, ја свиткавте кичмата, ги наваливте главите меѓу нозе и дозволивте еден белосветски измамник и предавник да го качите на бел коњ да парадира и да гази врз вашите грбови како да сте неделкана калдрма.

Срамот е уште поголем, ако се знае дека калдрмата може да се измие од дожд, снег, од комунални работници и вредни домаќинки пред своите дворови, но ѓубрето што останува на вашите грбови ништо не го мие, барем засега.

Вие, во прв ред шарените револуционери, вашите подржувачи, прикриени чекачи во заседа, луѓе без образ и чест, непокажувајќи ни минимум способност за расудување влеговте безглаво во авантура, давајќи им директна поддршка на предавничката криминална антинационална клика да распродаде сé: име, јазик, идентитет, историја, припадност и немо гледавте како Македонија од држава се претвора во чифлик на одметнатиот бег, кој својот народ го третира како да се аргати на личниот му посед кои работат за корка леб.

Посебно место во Гаргамел циркуска трупа заземате и вие, членовите од Комисијата за заразни болести, особено оној импотентен шарен петел, кој на своите бледи шоу конференции во стилот на неговото презиме, место да ја кажува вистината ни приредуваше одамна заборавени караѓоз претстави (ефтини детски циркуси).

Ајде, што туривте пепел на вашето несомнено знаење во замена за статус кај бегот, уште сте и дирекни виновници за неконтролираното беснеење на пандемијата и големиот број смртни случаи во оваа и така напатена земја полна со тага и солзи.

Гледајќи ве деновиве како се лигавете на власта, се запрашав сам себе: Имате ли малу чест и машкост во вашите срца кои се со пилешка големина?

Ви текнува ли понекогаш на Џордано Бруно, Никола Коперник, Јан Хус, Луј Пастер и многу други генијалци кои и по цена на животот не се откажале од својата верба во вистината, колку и таа да била негирана, анатемисана, отфрлена. Можете ли да претпоставите на кое ниво ќе беше денешниов напредок во науката, техниката, технологијата, особено во медицината и филозофската мисла ако тие така лесно се откажуваа како што вие денеска тоа го правите за пусти пари, позиции и најмногу од страв да не бидете разоткриени и уценети заради курварски афери и гнасни и украдени пари од народот?

Затоа сум сигурен сум и јас а и вие дека се уште со знаењето ќе бевме во 17ти век или во најдобар случај на почетокот на 18ти век.

Граѓани на Република Македонија! Доаѓа време на слава, гордост, чест, патриотизам и човекољубие. Таквото ведро небо и чист хоризонт го носи ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски и коалицијата за обнова на Македонија.

Обновата ќе дојде. Со вас претходно споменатите или без вас заведените. Ево ви шанса за поправка, прво за вашиот хаварисан дух, а потоа и за Македонија и македонскиот народ.

Правилата во корист на народот и татковината се универзални за сите, но изборот е лична, ваша определба. Или ќе се прославите или ќе се посрамите.

Важно е во животот за какво дрво ќе се врзиш, фидан младо здраво и цврсто и заедно ќе растете во височина и ќе се ширите и ги ставате своите сопствени способности во функција на своето семејство, народот и ќе ги димензионирате општествените процеси на достапност и задоволство на сите граѓани на Р.Македонија  или несреќно ќе одбереш гнило дрво да биде твој содружник и така сигурно со него ќе скапиш и ти.

Судбината на гнилото дрво Зоран Заев е извесна. Уапсете го па ќе се соблече и тој гол како неговиот мастер продукт Кате и нејзините другарки од СЈО, од Обвинителството, од Судството и  од Министерството за правда, закоравени политички конкубини како Шеќеринска, Кацарска, Рускоска, Дескоска, какви досега нема видено не само Македонија туку и целиот свет.

Македонија е најголемиот употреблив архив на страдања на еден народ, ама е и мајка на сите граѓани на Република Македонија, затоа 15ти јули не е само ден за гласање туку и за прочистување на духот и делото, за сите неправди што досега сте им ги направиле на својот народ со знаење или по грешка. Искрено во себе покајте се, побарајте прошка од својот народ, заокружете го вистинскиот број и ќе ви биде простено.

Македонија од вас беше распната на крст, ама воскресна и нејзината вечна благородна определба е да биде дом за сите, да не ги казнува своите грешни деца, но исто така и да не смета на нив ако истата грешка ја повторуваат и ӣ прават штета на својата татковина.

Да бидеш отфрленото чедо од мајката родилка Македонија е најголемата казна што човек може да ја доживее и да го навлече најголемиот срам на своето семејство.

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top