Мизрахи прашува дали со такви вербални напади власта го замислува градењето концепт на едно општество на еднакви граѓани?
„Антисемитизам, сексизам, дискриминации по секој основ, но, ништо лично нели? Ова е политика?
Додека политичкото лидерство на СДС директно и индиректно се користи и поттикнува користење на вакви алатки за лична дискредитација и девалвација на противникот, се прашувам како тоа Царовска вчера истакна дека пред идното Собрание ќе се најде целосно нов Закон за заштита и спречување на сите форми на насилство врз жените.
Се чини дека единствената вистина настрана од таа дека мразите сѐ македонско е дека СДС се радикални мислители кои глумат улога во движењето за социјална правда, зборувајќи во име на работниците, сиромашните, зборувајќи во име на етничката и национална правда и секако правата на жените. Сексизмот ве оддава во сите ваши вистински бои.
Веднаш бараме извинување од страна на СДС, Зоран Заев и нивните луѓе одговорни за односи со јавност.
Бараме веднаш, истите да ја напуштат реториката која не враќа во средниот век, шири омраза и нетрпеливост!
ОВА Е НЕДОЗВОЛИВО!“ – порача Мизрахи.