На прво место

Повик за акција: Кажете им на меѓународните медиуми да престанат да шират омраза против Македонците

1mmc

1mmcПосетете ја страницата http://mhrmi.org/act/media за бргу и лесно да испратите порака до најголемите медиуми низ светот. Кажете им дека начинот на кој известуваат за Македонија придонесе кон принудното преименување на Македонија и шири културолошки геноцид. Кажете им да го бранат нашето право да постоиме и дека НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА. Споделете го ова и кажете им на сите што ги знаете да го сторат истото. Не запирајте. Ќе си го вратиме името Македонија.

Одете на http://mhrmi.org/act/media веднаш за да ја испратите следната порака до меѓународните медиуми:

Вашето известување за Македонија шири омраза

Изразот “Северна Македонија” го негира нашето име и идентитет. Крајно е навредливо вашето известување дека со принудното преименување на Македонија (кое Македонците во целост го отфрлаат) се “решил дипломатски спор”. Ние сите имаме право на самоопределување, но ова право брутално им е одземено на Македонците, а оваа постапка вие ја славите. Во вашето известување тргнувате од претпоставката дека правото на Македонците на своето сопствено име е “новосоздадено”, и дека Грција е “вистинскиот” сопственик на нашето име, и покрај тоа што Грција со генерации го негираше постоењето на Македонија, ја забрануваше употребата на зборот на “М” и спроведуваше брутални политики чија цел беше да се избришат Македонија и Македонците. Нивното новоизмислено барање дека името Македонија е нивна сопственост – кое првпат го промовираа во 1988 година – е провиден обид да се одврати вниманието од нивните анти-македонски политики, што грчките политичари и јавно го признаваат. Немојте да ја славите оваа злоупотреба и културолошки геноцид. Прочитајте го следниот текст https://mhrmi.org/news/you-would-never-give-away-your-ethnic-identity-so-why-should-macedonians и кажете ми што мислите за него. Кажете ми дека ќе почнете одговорно да известувате за принудното преименување на Македонија и дека ќе го браните нашето право да постоиме.

Ви благодариме.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top