На прво место

СРЕДБА НА ММДЧП СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА КАНАДА, ПОВИК ЗА ОСУДА НА ПРИНУДНОТО ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА

mpdcj

mpdcj

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов се сретна со Дејвид Спрул и Ендрју Тарнер, генерален директор и заменик директор на одделенито за Европски и Евроазиски Прашања на министерството за надворешни работи на Канада и побара веднаш да се повлече непромислената канадска поддршка за принудното преименување на Република Македонија.

Николов изјави дека канадската политика на „евро-атлански интеграции“ не смее да е спроведува по цена на човековите права, меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права на кои Канада е потписник.

И покрај тоа што се свесни за бруталните и илегални тактики кои беа спроведени врз Македонците за со сила да се наметне промената на името (подетално информирано на средбите на ММДЧП со вицепремиерката Фриланд во периодот кога таа беше министерка за надворешни работи, и со нејзините советници за надворешна политика – Канада сепак реши да го поздрави исходот како „решавање на дипломатски спор“ со Грција – земјата која јавно признава дека го создала вештачкиот „спор за името“ со Маекдонија во 1988 година (откако со генерации безмилосно го спречуваше секое спомнување на зборот „Македонија“) за да ги реализира своите политички цели – конкретно, да продолжи да го негира постоењето и прогонот врз големото македонско малцинство во Грција.

Николов им објасни на Спрул и Тарнер дека канадската политика и помага на Грција да ги реализира своите цели, бидејќи членот 7(2) од „Преспанскиот договор“ конкретно го негира постоењето на Македонците во Грција, и го препушта името „Македонија“ и „Македонци“ на Грција, а со членот 8(5) се создава панел составен од грчки дипломати кои можат да ја препишат македонската историја и македонските учебници.

Николов одново ја постави прашањето повеќепати покренато од ММДЧП – како е можно да постои документ како што е „Преспанскиот договор“, чија цел е да се редефинира и конечно – уништи – постоењето на цела една етничка група, а уште повеќе – како е можно тој да се поздравува?

Николов исто така им укажа на Спрул и Тарнер дека и Бугарија сега оди по анти-македонските стапки на Грција, бара отстапки со кои современата македонска историја ќе им се предаде на Бугарите, а идентитетот на сите Македонци во Република Македонија, Бугарија и Албанија ќе се прогласи за „бугарски“. Двете земји се заканија дека ќе го употребат своето право на вето во ЕУ и НАТО доколку нивните барања не бидат исполнети.

Како што Николов објасни, принудното преименување на Македонија влијае врз сите делови од поделената Македонија (која во 1913 година беше распарчена меѓу Србија – делот кој е сега независната Република Македонија, Бугарија, Грција и во 1919 година – Албанија) и има последици врз стотици илјади Македонци кои емигрираа во Канада од Егејска Македонија (делот од Македонија кој е анектиран од Грција). Македонците доаѓаа во Канада за да побегнат од грчките прогони, и не ни помислуваа дека по децении ќе дојде ден кога нивната втора татковина Канада ќе застана на грчка страна со своите анти-македонски политики).

Канада досега одбиваше да го смени својот став по прашањето на Македонија, тврдејќи дека не сака да „се вмешува во спорови“ со други држави. Николов го поби ова лажно тврдење посочувајќи дека на официјално поставените цели на министерството за надворешни работина Канада, како и на изјави кои претставници на канадската Влада ги дале во врска со „Преспанскиот договор“, како и многу други примери на мешање во спорови во други држави, вклучително и:

– Канадската осуда на украинскиот Претседател Виктор Јанукович во 2014 година поради неговите про-руски политики. Поранешниот министер за надворешни работи Џон Баирд изјави дека „ние секако нема да се извинуваме за тоа што стоиме до украинскиот народ во нивната борба за слобода“ кога ЦТВ Њуз го праша „дали поддршката на властите во Отава за анти-владините демонстрации и осудата на режимот на Јанукович ќе се одрази на дипломатските односи меѓу двете земји“

Николов укажа на повеќемесечните протести против нелегитимниот „премиер“ Зоран Заев (кој беше доведен на власт со местење на избори) на кои стотици илјади Македонци (во земја со два милиони жители) секојдневно протестираа против неговите политики за задоволување на апетитите на Грција, Бугарија и Албанија.

– Канадската осуда на Претседателот на Венецуела Мадуро во 2019 година и признавањето на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо „како одговор на нападите врз демократските и човечките права на Венецуеланците од страна на режимот на Николас Мадуро)

Николов посочи на постојаното апсење, претепување, притисоците и заканите врз критичарите на режимот на Зоран Заев, при што особено на удар се жените и нивните семејства.

Канадските чести изјави упатени кон претседателот на Белорусија Лукашенко во кои се вели дека: „Канада им се приклучува на своите партнери во меѓународната заедница во осудата на разбивањето на мирните протести по претседателските избори во Белорусија. Не ги прифаќаме резултатите од овие фалсификувани избори и бараме слободни и фер избори“.

Николов укажа на случаите на напади врз мирни демонстранти од страна на специјалните полициски сили и на сериозните изборни нерегуларности при неколку избори и референдумот во Македонија.

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top