На прво место

Научникот кој докажа дека Билазора си била Бела Зора

bela-zora

Целата македонска јавност е запознаена со постоењето на археолошкиот локалитет Билазора до Свети Николе, престолнината на независните Пајонци. Место за кое со години народот се чуди зошто не е Бела Зора, како што личи на нашиот јазик. Официјалниот став на македонската наука, како и описот на овој локалитет во археолошката карта, книгите, публикациите и на изложбите со артефакти, е дека името е Билазора, според Bylazora. За ова Никола Ристевски, научник од Овче Поле на неговата страница www.nikolaristevski.com пишува:

„Денешното именување на археолошкиот локалитет Билазора наидува кај чудење кај многу посетители на кои самото име им звучи како нашиот, македонски израз – Бела Зора. Официјалната македонска наука го има прифатено латинското, римското и грчкото именување на многу места, и не остава простор за враќање на вистинските имиња, што можеби би предизвикало промени кон подобро и напредок во научните истражувања. Вака, звучи нешто како „…си била некогаш една Бела Зора, но одамна не е Бела, туку Билазора…”, и на езотерично ниво во догледно време не може да се види враќање на сјајот од оваа древна цивилизација и нејзиниот главен град – Бела Зора, се додека истиот го именуваме со туѓото – Билазора. Било Градиштето кај Кнежје навистина Бела Зора или не, време е овој локалитет да почне да се именува со македонското име – Бела Зора.“

Понатаму наведува делови од многу стари книги од целиот Балкан, во кои што се потврдува она што македонскиот народ го говори со години – Бела Зора.

bela-zora
Бела Зора – фотографија од авион, Super Brain Research Group 2014

Прочитајте го текстот на Никола Ристевски – Ни Byla, ни Била, туку е Бела Зора. http://nikolaristevski.com/bela-zora-a-ne-bilazora-bylazora/

Ристевски е долгогодишен истражувач на природните ресурси и културното наследство на Овче Поле, член на меѓународниот научен тим Super Brain Research Group и соработник на Институтот за Култура и Уметност при МСУ. Сопственик и уредник на страницата ЛОЗА www.loza.mk, автор на книгата Имагинариум.

Минатата година беше одговорен за промоција на археолошкиот локалитет на Градиштето до селото Кнежје во Овче Поле, каде што се претпоставува дека се наоѓа древниот Пајонски град Бела Зора. www.bylazora.mk

Ги иницираше првите архео – акустични мерења на геоглифот во Овче Поле, по што со Super Brain Research Group објавија три научни трудови во меѓународната научна литература. www.sbresearchgroup.eu

Наскоро ќе биде објавено и второто печатено издание на Ристевски, големиот Зборник за Овче Поле. 

видео https://www.youtube.com/watch?v=qwCyMDV_8DI

bela-zora-2

Никола Ристевски

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top