На прво место

Јане Ченто до Рускоска: Обвинителке, можеби требаше и вие како вашите родители да ја изберете Македонија

По вчерашното интервју на обвинителката Вилма Рускоска, ѝ се обрати Јане Ченто, кој веќе четврта година е во затвор за настаните од 27 април.

Одвоете 3 минути и 17 секунди од вашето драгоцено време  Хронологија и компарации на настани Во 1986 година повеќе од 10.000 работници упаднаа во Собранието на Македонија, пазете, во време на КОМУНИЗАМ.

Ама добро е што вчера слушнавме дека тогаш обвинителката Русковска уште не почнала со стаж во ОЈО туку почнала две години подоцна инаку ВЕДНАШ ЌЕ БЕА ОБВИНЕТИ ЗА ТЕРОРИЗАМ. Немаше никакво обвинение за овој насатан.

Во 2001 година, повеќе од 25.000 луѓе упаднаа во Собранието на Македонија, голем дел од нив беа со оружје.

Загрозени беа Претседателот на државата и Претседателот на Владата.

Луѓето изразија незадоволство кон предавството на политичките елити и упаднаа во Собранието.
Русковска тогаш веќе е обвинител но и тогаш не посегнаа по членот тероризам. Немаше никакво обвинение за овој настан. Во 2016 година, беше запалена канцеларијата на тогашниот претседател Иванов, над неа има станбени згради, станови, обид за насилен упад во Владата, повредени повеќе од 100 полицајци, детектирани луѓе со фантомки… … Вие добро знаете дека по членот кој ни го ставате на товар вели…. “Тој што ќе предизвика пожар, поплава и ќе го загрози уставот… итн итн…”
 
Имаше обвинение за учество во толпа во овој настан. 2017 година македонскиот народ упадна во Собрание БЕЗ Оружје, имаше спонтана реакција на народот на акцијата која се правеше внатре, да не беа отворени вратите народот немаше да влезе, впрочем на тоа прашање ДАЛИ НАРОДОТ МОЖЕ ДА ВЛЕЗИ ВНАТРЕ АКО ВРАТИТЕ БЕА ЗАТВОРЕНИ?

Заев во суд одговори: “Нема жива сила што може да влезе во Собрание ако вратите се затворени, со топ не може да се отворат тие врати”. Арно ама тогаш им требаше на власта луѓе кои ќе бидат уцените со такво тешко кривично дело за да гласаат за промена на името и веднаш обвинителката Русковска смислува најтешко кривично дело од Кривичниот закон. Пресудата е донесена однапред, а судењето е режирано однапред како треба да се одвива.

Во текот на тие 7 месеци, пред да не испоапсат како да го апсат Осама Бин Ладен се крои планот како да ги направат “терористи” луѓе искрени и чесни патриоти, се прави профил на сите луѓе, кои можат да попуштат под нивните уцени и закани, кои може да соработуваат со нив, кои ќе одбијат да бидат уценети и не прифаќаат да бидат дел од тоа сценарио.

А и покажуваат пример, како ќе биде со секој оној што мисли да протестира против промена на името.

Едните што ќе соработуваат за да биде успешен нивниот план се амнестирани(мислам на пратениците) другите кои ги сметаат за закана во нивните планови ги држат по две години во притвор и ги судат на крај.

Со еден удар, се иде до посакуваната цел.
Соработка со едни, затвор за неистомисленици, плашење на народот. Релано тој ден секој што беше во Собрание беше мета на тој мастер план, но “среќата” сме ја имале ние. 7 месеци после настанот од 27ми април ние сме на слобода а сме биле најголеми “терористи”, чудно нели? Имено, на 27ми не беа загрозени претседателите на: државата, владата, собранието, уставен суд, врховен суд, институциите функционираа, Македонија не беше парализирана да остане без раководство па да биде срушен уставниот поредок.
 
ОБВИНЕНИЕ ТЕРОРИСТИЧКО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА УСТАВЕН ПОРЕДОК во овој настан. Вчера новинарот ја праша Русковска дали не можеше друго дело, и прашањето е на место бидејќи и Русковска знае дека нема Т од тероризам, дека имаше други кривични дела, како учество во толпа, насилство, злоупотреба на службена положба итн итн, кривични дела за кои е пропишана казна од минимум 3 месеци до максимум 5 години.

Но, мораше да се одбере НАЈТЕШКОТО кривично дело за да се оставри мастер планот во кои ќе бидат уценети пратеници со мали бабулиња за да гласаат за промена на името Македонија. 

Русковска го најде и виновник Фета Алими што бил тука во холот ама не го најде виновник Крсто и Сашо што ги отворија вратите за кои Заев каже дека топ не ги турка…… Смешно нели?
 Тоа го знаеме ние, го знае Русковска, го знае Кацарска, го знаат БУКВАЛНО СИТЕ граѓани на Македонија меѓутоа ние сеуште сме во затвор веќе четврта година со најтешкото кривично дело од Кривичен закон. 

Обвинтелке, ВИЕ ЛИЧНО ДАДОВТЕ ПОЗИТИВНИ мислења за амнестијата на тие што ги пушти судот, така да, не се вадете дека вие не сте биле дел од тоа сценарио и дека ВАС ВИ ПАДНАЛО најтешко оти биле амнестирани. Тоа може да им го продадете на некои што не следат што се случува, меѓутоа ние што живееме со овој ваш “проект” знаеме како беше. 

Убаво е така за Вас да си правите монолози во емисии, меѓутоа Вие ја имате таа привилегија да излезете на ТВ и да креирате ВАШЕ ЈАВНО МИСЛЕЊЕ, односно ВАШАТА ПРИКАЗНА за 27ми Април која воопшто не кореспондира со правата вистина, тоа го знаете многу добро, бидејќи Вие да ја баравте вистината немаше на секое наше прашање кон сведоците да приговараат а Кацарска да ги прифаќа вашите приговори и ние а и македонската јавност да останеме скратени да се дознае вистина, немаше да ја исклучите јавноста од сведочењето на загрозениот сведок, ама тоа и беше вашата цел, да не се дознае вистината, туку да одиме курбан ние,а политичките елите да се спасат. 

И за крај, Ви посакувам долг живот, да дочекаме да се видиме надвор и еден ден, да ја кажете правата вистина како на монструозен начин ни го монтиравте ова дело, да кажете исто онака како што кажуваа џелатите на Ченто како бил монтиран процесот, тоа сакам да го чујам од Ваша уста и знам дека ќе ви простам тогаш 
Има многу што да се каже, јавноста не знае ни 1% од тоа што ни се случува, не ја знае вистината, не знае како сме наместени од политичките елити, а таа вистина не може да се каже со еден пост, треба со саати да се кажува. 

Јас го чекам моментот кога и јас како Вас обвинтелке (уствари не можам како Вас, вие секој ден на ТВ сте ), да излезам на телевизија па да чуе јавноста и другата страна СО ФАКТИ И ДОКАЗИ на наша страна како ни монтиравте случај кој е надвор од памет со загрозен сведок кој лажеше.

Тој ден ќе дојде, а тогаш и вие ќе ја кажете вистината, знам дека сега не можете, но може требало како вашите родители и вие да се одлучите да се борите за Македонија а не да ја уништувате Македонија или да уништувате чесни луѓе и фамилии 

Се надевам дека ќе ја дочекаме правдата сите што поскоро и дека политичките елити кои ни го направија ова ќе се соземат и ќе остават правдата да дојде час поскоро оти така само можеме во ЕУ.

Да живее Република Македонија 

http://thenewsgo.co/new/%D1

Најново од: На прво место

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Осомничените за криминал во Државна лотарија се од времето на СДС и ДУИ, односно на Таче и Груби

Кога во јавноста се појавуваат информации дека службени лица со пари од државата и од државните компании купуваат предмети за лична употреба, како брендирани чанти „Хермес“, „Луј Витон“ и „Диор“, сметаме дека јавноста треба да ги знае сите детали. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две службени лица […]

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Најнови вести

To top