
Бурната реакција на народот спречи Мијалков да избега, Спасовски да си поднесе оставка веднаш.
Мијалков и Заев направија циркуз од цела држава.
Да не беше реакцијата од јавноста Мијалков немаше да се пријави во ЈО. Спасовски два дена не можеше да го лоцира Мијалков и системот целосно потфрли. Потребна е одговорност.
Тоа што Мијалков побегна пред очите на полицијата говори дека тој имал информации за нејзиното движење кои може само да ги има врвот на власта Спасовски и Заев.
Јасно се гледа коалицијата Зоран – Вице – Сашо. Македонија е заробена од овие криминалци и потребни се итни оставки.
Очекуваме партиите во парламентот да се одважат и да му се изгласа интерпелација на Спасовски, а подоцна и да се формира експертска влада за организирање на избори локални и парламентарни.
Заев не смее да продолжи да ја резили државата.
ВМРО-ДПМНЕ