На прво место

Мицкоски: Доста е веќе остапки на штета на Македонија кон меѓународната заедница

Hristijan Mickoski 01.04.20218

Hristijan Mickoski 01.04.20218Мицкоски

Се смени име, знаме, Устав- нека одат сега да прават притисок кон Бугарија

Меѓувладина конференција треба да се случи денес, доста овој народ пред се македонскиот народ, но и останатите кои што се наши сограѓани, кои што живеат во оваа наша Македонија правеа отстапки. Доста е веќе, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на ТВ21.

Мицкоски посочи дека нашата држава имаше име кое што ниедна држава го нема, и покрај добиената пресуда во Хаг власта се дрзна и го смени името.

„Не убедуваа тогаш дека за џабе сме ја добиле таа пресуда бидејќи во светот односно по меѓународното право важи правилото на посилниот отколку на меѓународното право. Менувавме и знаме, затоа што некому му пречело, насила протуркаа промена на Устав а со цел промена на уставното име. И тоа ги убедуваа граѓаните во масовна кампања дека тоа е последното и од тој момент ние сме дел од НАТО и почнуваме преговори и стануваме дел од ЕУ, нели ни велеа поквалитетни вакцини, бесплатно здравство, поквалитетно образование. Е, сега сакам да си го одржат зборот. Сакам, тие тоа што ни го ветуваа тоа да си го одржат и притисокот да го прават во Бугарија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека наместо сега да се говори за иднина, сега се говори за минатото.

„Веднаш да се одржи меѓувладина конференција и не ме интересира друго, ВМРО-ДПМНЕ а ниту јас не подржуваме ниту една национална отстапка“, појасни Мицкоски.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

На 7 октомври 1946 од Софија, свечено биле испратени посмртните останки на Гоце Делчев во Македонија

На 7 октомври 1946 година започнало исполнувањето на Гоцевиот завет: да почива во слободна Македонија Гоце Делчев тргна кон Македонија Пренесувањето на посмртните останки од Софија во Скопје стана историски чин на народна почит кон великанот на македонската револуционерна борба. На 7 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле предадени на македонската делегација […]

Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава

Златна фолија и гроб на воин откриени кај струшко Корошишта Локалитетот Расница датира од VI век пред нашата ера — повеќе од илјада години пред појавата на Бугарската држава, сведочејќи за длабоките корени на културното наследство на Македонија. На локалитетот Расница е пронајден златен наод за кој се претпоставува дека претставува погребна маска од VI […]

Најнови вести

To top