На прво место

Дванаесет години коњаница “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“- 2021 г.

1rasge
1rasge

Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ 2021 година по дванаесети пат го организира традиционалниот коњички марш.

big 1

На 26 јули, со почеток во 8.00 часот наутро коњаниците ќе продефилираат низ с.Зубовце, 10.00 часот с.Тумчевиште потоа низ гостиварските улици, а во гостиварскиот соборен храм „Св. Богородица“, во нивна чест ќе се одржи молебен од страна  на свештеници на гостиварското архиерејско намесништво.

Коњаницата првата ноќ ќе ја помине во манастирските конаци на Св. Јован Бигорски.

На 27 јули во 10.00 часот во манастирската црква „Св. Јован Крстител“ ќе се одржи молитва и ќе бидат благословени од монашкото братство за успешен пат кон револуционерното Крушево и живи и здрави да се вратат во своите домови.

Потоа, во манастирскиот двор  комитите пред Светото Писмо, кама и револвер, ќе положат заклетва, за верност кон македонското ослободително дело и ќе тргнат по патот по кој биле пренесени црешовите топчиња како поддршка на илинденските востаници. . 

Манастирот Св. Јован Бигорски има посебно место во историјата на македонскиот народ.

Во 1903 година, манастирот служел како главна база на дејствување во подготовката на комитетите, а сите села од двете страни на реката Радика биле организирани и покрстени како членови на ВМРО. На сите дејци монасите им овозможувале престој, а во манастирот бил изграден склад за оружје.

По иницијатива на игуменот на манастирот еромонахот Партениј, монасите Гаврил Карапела и Гаврил Руснак (добар техничар) со помош на Никола и кираџијата Секула направиле две топчиња. Браќата Канчески ги натовариле топчињата на коњи и заедно со Никола и Секула, во придружба на милицијата од Галичник ги пренеле преку Бистра до определеното место над  с.Душегубица-Кичевско. Со тие две топчиња вечерта пред Илинден како што стои во историските списи, бил испукан првиот истрел што го означил почетокот на Илинденското востание. Во манастирот биле изработени уште три топчиња.   

Маршот на коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ прв пат се одржа пред  Дванаесет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато. Формирано е здружение “БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ”.

1 33На

На Коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски, секоја година и` даваат благослов на патот кон Крушево, а со тоа и` ја даваат довербата на овој коњички марш да го носи името на ова Македонско светилиште.

2Rashela 5За Пет  дена низ планините на западна Македонија, ќе минат околу  двеста километри.

Агенда на движење на Коњаницата „СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“ 2021 година.

26.07.2021 Понеделник:

9,00ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце.

11.00ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште

13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар.

14.30ч. – Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар

16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски.

1 pece

27.07.2021 вторник:

10.00 ч. Бигорски Манастир – Литургија ,Благослов и Заклетва.

11.00ч. Коњаницата по благословот во Бигорскиот манастир тргнува на пат за Јанче.

12,00ч. Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник.

13.30ч. пристигнување во с.Галичник.

15.30ч. Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница.

20.00ч. Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница.

28.07.2021 Среда:

07.00ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница.

11.00ч. пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо.

16.00ч. Пристигнување во Манастирот – Кнежино.

29.07.2021 Четврток:

08.00ч. Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино.

10.00ч. Пристигнување во Крушино.

11.00ч. Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница.

12.00ч. Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Староец.

14.30ч. коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија.

30.07.2021 Петок:

11.00ч. Коњаницата тргнува за пат за Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ Турла и с.Црцко.

15.00ч. пристигнување во с Цер.

31.07.2021 Сабота:

9.00ч. Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево

14,30ч. пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче.

Коњаницата според планот треба  на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, да  учествуваат на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.

Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по дванаесети  пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА.

Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен!

Амин!

Македонска нација

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top