На прво место

Победничкиот говор на овогодинешната ораторска вечер организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

20jov
20jov
Честитки Богдана
МЛАДИНATA ЗА МАКЕДОНИЈА
Секој ден нови места, нови другари, нови познанства – убави предели реки и
долини, преубава земја која гордо ја нарекувам татковина. Така израснав, така и ден
денес ме учат – Македонка!
Сакам да фантазирам, да играм, да мотивирам, сакам не само јас туку сите ама
баш сите да се среќни, безгрижни – Да уживаат во ова што го имаме денес, бидејќи ова
што го имаме е благодет!
И знам,знам дека не сум само јас вака учена, не сум само јас вака израсната – ова
е постојана приказна на сите генерации кои раснат во Македонија, затоа и ме
изненадува кога понекогаш ќе налетам на оној еден муабет:
Тешко е, Лошо е – политика, политичари и на крајот ”можеби другде е поубаво,
полесно”.
Следува прашалник а знам и вие тоа го мислите – зошто?
Од она што го учиме никогаш не било лесно, никогаш убавини не сме виделе.
Различни душмани, различни политичари, окупатори или па самонаречени
ослободители. Секогаш некој сакал да ни даде “полесно” а всушност сака да го земе
она што за нас, барем според мене е најсвето – нашата татковина.
Tука сме, свои на своето, зар се нема доверба во нашиот народ. Hемаме доверба
во самите себеси, доверба во нас, децата на ова ново време. За кого раснеме, за кого
учиме, за кого да твориме ако не за нашата земја – зарем ние се ќе даваме на други,
зарем се Македонија ќе остане да чека од други.
Не се согласувам, знам дека не е лесно но и не треба да е лесно – треба да е
тешко, најтешко.Па нели крајот го краси делото а ние еве уште сме деца, младинци. Зар
ние ке немаме генерациска цел, генерациска должност – генерацијски успех?
Да бидам директна –
Можеби денес не сме оние кои некогаш сме биле – Народ, кралство, прва република на
Балканот – луѓе кои го споиле небото и земјата во име на мајка Македонија – Но ние сме
тие кои сме
Луѓе од крв и месо на кои срцата им се исполнети со еднакви желби,Еднакви
љубови,Еднакви битки. Денес можеби малку послаби – Или можеби изморени.
Изморени од времето,Изморени од битките, Изморени од херојствата и саможртвата
Но сеуште сме тука, истите оние со силна воља за Живот, за нова Слобода.
Оние кои никогаш не потклекнале, не се предале, не наведнале глава.
Да!
Ние непокорот,вулканот спремен да еруптира, ние Тука и сега
Мојата генерација,Твојата генерација,Пркостта на времето- Македонците
Е затоа, затоа нештото што ние младите ке го покажеме е и ќе остане со едно име –
Македонија!
Ние твориме, сон.
Ние градиме, реалност.
Ние создаваме, иднина
– тоа е нашата цел, нашата должност!
– И ќе создаваме, со љубов.
Не дека љубов нема, но Ке покажеме јасна и недвосмислена љубов. Љубов кон
ближните, кон подалеките но пред се љубов кон татковината.
И Да не мислите дека не можете, дека не можеме.
Не, не верувам дека е така, бидејќи знам – Знам дека можете, можеме да ја покажеме
нашата славна Македонија!
Сите вие ја имате во вашата крв како што ја имам и јас, брат ми, другарка ми, сите, да
сите.
Е Затоа сега, сега треба да создаваме, прво да ја нацртаме а после како архитекти и
градители да ја изградиме – Македонија на нашата генерација.
Зошто ај да прашам пак?
Да градиме туѓо?
Да твориме во туѓина?
Зарем не дадовме доволно на другите?
Па имаме ли уште да даваме на други а на наша сметка?
Затворете ги очите, на момент само ве молам затворете ги очите за да видите она што
знам дека го гледате како мене.
Ја гледате ли? Ја гледате секако!
Е затоа ние знаеме каква може да е Македонија, знаеме каква може да стане и
баш таа Македонија ја градиме. Таа е тука, на прагот е и не треба многу време, ние
раснеме и додека раснеме ја твориме, ја цртаме и ја создаваме.
Нога до нога, збиени и следете ме, јас знам дека со нас младите се е можно. Можно е
кога сме Заедно, можно е затоа зошто така сме Појаки, можно е затоа зошто така сме
Македонија!
20jov2
Богдана Механджијска УМС ВМРО-ДПМНЕ Куманово

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top