На прво место

Со Бледскиот договор Бугарија признала македонски јазик, народ и Македонци, се што денеска спори

Што кажува Бледскиот договор кој е одговор на сите денешни спорови кои ги отвара Бугарија кон Македонија.

1. Договорот помеѓу НР Бугарија и ФНР Југославија е потпишан во Блед (Словенија) на 1 август 1947 година. Според уставот на ФНР Југославија, ФН Репубика Македонија во надворешната политика е застапувана од сојузната, федерална власт, па договорот кој е потпишан е право и задолжение и за Македонија.

2. Со договорот Бугарија признава дека била окупатор и се задолжува да плати тогашни 25 милиони долари воена оштета. Тито прифаќа да и прости на Бугарија 25 милиони долари за воена отштета кон Југославија, како добра воља за правата на Македонците во Бугарија.

3. Признание од Бугарија за постоење Македонци, македонски јазик, етничка и културна автономија на Македонците во Бугарија (Пиринска Македонија). Обврска за обезбедено учење македонски јазик во школите, македонски театар… На Македонцте им се дава право на автономија и проклучување кон матичниот народ, кон Република Македонија, што го потврдува и бугарското издание на Википедија. Македонското нема ни збор за сето ова.

4. Признавање на Федеративна Народна Република Македонија, со службен јазик македонски, во состав на федерацијата Југославија. Исто право какво имале и тогашна, и денешна Србија, Словенија, Хрватска…

5. ФНР Југославија е една од 50 држави кои се основачи на Организацијата на обединетите нации во 1945 година. Република Македонија, преку Федеративна Југославија која ја претставува во надворешната политика, е оттаму коосновач на Обединетите нации. Со македонски народ и македонски јазик. Бледскиот договор, со бугарскиот државен потпис и печат на тие факти, го потврдува тоа во 1947 година.

6. Под притисок на СССР и Сталин, кој во 1948. со Информбирото има спор со Тито, Бугарија на 1. Октомври 1949 година еднострано ја раскинува спогодбата, Бледскиот договор. Но, иако го раскинува договорот, го признава оној дел во кој Југославија и простува 25 милиони долари кои треба да ги плати како воена репарација од окупацијата на Македонија.

Па, кому комунистите и Сталин помогнале? На Македоните или на Бугарија која, по нивно барање и поддршка од Москва го раскнува еднострано Бледскиот договор и ги поништува правата на Македоните во Бугарија? Зошто и со Санстефанскиот договор и во 1948. година, Русија и помага на Бугарија против Македонија?

Најпосле, зошто и околу што преговараат денес Македонија и Бугарија кога се е договорено во Блед, во 1947 година. Усогласено со правата на Обединетите нации кои, помеѓу останатото, во член 52 на повелбата признаваат такви регионални договори за спорни политички и државни прашања.

Кога ќе се видат фактите, денес Македонија и Бугарија се обидуваат да ги спроведат директивите на Сталин од 1948 година „низ компромис прифатлив за двете страни“. Македонија тогаш не прифати преговори за релативизирање на сопствената нација, историја и постоење неоспорена од никого. Денес – седна на маса самата себе да се пресипита постои ли или не.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top