На прво место

Христијан Мицкоски: очекуваме голема победа во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври

1Mici01

1Mici01

На овие избори ќе излеземе со позитивна кампања, многу нови проекти, решенија за акутните проблеми на граѓаните и чесни кадри кои ќе покажат како се работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски: очекуваме голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Политичката академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер – Македонија.

За нас претставува особена чест и задоволство што соработката со Фондацијата Конрад Аденауер продолжува и на овие локални избори, овие неколку денови за нас се од исклучително значајни, јас сум убеден дека исто така значајни се за идните градоначалници или претседавачите на Советите онаму кадешто коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори.

Јас очекувам согласно бројките и последните  истражувања таа победа да биде голема и во најголем дел од општините во Република Македонија.

Искуството кое ќе го слушнеме од домашните предавачи и луѓето коишто се надвор од нашата држава кои доаѓаат од земјите членки на Европката унија, се надевам дека ќе биде дополнителен мотив за идните градоначалници и членови на Совет да дел од тие политики, дел од тие насоки ги применат понатаму во работењето на општините, пред се’ тука мислам на екологијата, подобрувањето на животната средина, отчетноста, транспаретноста во работењето на општините, процесот на дигитализација, пред се’ и над се’ чесното работење. 

Работењето на градоначалниците да биде репер и за оние менаџираат институции на државно ниво иако јас се надевам дека после овие локални избори ќе имаме многу брзо нова влада која ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата коишто се за жал акутна појава во македонското општество.

Ценам дека овие неколку денови ќе имаме можност да научиме,  да размениме мислења, да пренесеме и наши искуства она коешто  ние планираме да го направиме, односно градоначалниците и членовите на Совет планираат да го направат и ценам дека ова ќе биде исклучително голема можност за сите нас да напредуваме и да излеземе потоа пред граѓаните за време на кампањата која за не повеќе од три недели официјално треба да започне со понуда која ќе ги задоволи нивните критериуми и барања и ќе понуди решенија за нивните проблеми.

Така што тоа го кажавме во ова предизборие, ние планираме да водиме позитивна кампања, не планираме да се занимаваме со тоа колку градоначаниците на СДСМ и ДУИ се лоши, бидејќи тоа граѓаните го знаат и нема што ново да кажуваме тоа е исто како да зборуваме за минатогодишниот снег. 

Ние сакаме да излеземе на овие избори со една позитивна кампања, кампања на надеж, кампања која ќе понуди решенија за акутните проблеми за нашето општество, пред се’ тука мислам на борбата безкомпромисна со криминалот и корупцијата, многу проекти, реализирање, остварување на истите, отчетност, транспарентност  и нормално чесна и честита работа од страна на сите.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top