На прво место

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

241955872 113884804357047 3358834385874181545 n

241955872 113884804357047 3358834385874181545 n

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Неодговорен, несовесен, ненаучен и игнорантски, пристап на власта и Зоран Заев кон прашањето со Бугарија, надополнето со нула однос и емоција кон идентитетот и историјата на нашата земја.

Впрочем исто каков што им е односот кон се што е важно за овој народ и земја, како што имаа однос кон лицата кои трагично го загубија животот во тетовската болница, како што имаа катастрофален и неодговорен однос кон настраданите од пожарите, кон земјоделците, КОВИД кризата. Така и сега ноншалантно се пристапува кон вака суштинско прашање заборавајќи на Конвенцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, а изгласана од сите вклучително и партијата на Заев во Парламентот.

Се сомневаме дека овие потези на Заев се за да ја наметне темата со Бугарија во кампањата за да им каже на странците кои веќе кренале раце од него, еве јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори. А, не сфаќа Заев дека тука гласаат граѓаните на оваа земја, и дека меѓународниот фактор веќе го запознаа многу добро, знаат се што се случува и што се прави овој човек, и нема повторно да паднат на неговите измами, едноставно нема да бидат вовлечени. Ако гледате Заев очајно бара кавга на етнички и национални теми, и за негова жал веќе сите го читаат и се чудат до кај е спремен да оди. И сега е најопасен за себе и за јавноста. Едноставно со ваков човек не може да очекувате некаква иднина освен да е се исто како што е досега.

Се надеваме дека баш со оваа постапка ја исплаќа поволната анкета на бугарските газди од агенцијата што многу сака Заев да води и да победи, а со која си го храни членството и своето его, а и самиот знае дека е лажна. Заради ова ли Бугарите сакаат да победи? За да ја ретушира сопствената историја? Да прави постапки заради кои цел свет ќе се чуди?

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top