На прво место

Народот навистина заслужува подобра и поубава иднина

241025476 102728948805966 5986216330975119297 n

241025476 102728948805966 5986216330975119297 n

Македонскиот Народ заслужува подобра и поубава иднина. Но таа подобра и поубава иднина неможе да ја понуди Зоран Заев и неговата СДС. Посебно неможе да ја понуди партија која со години работи само за интересите на одредена елита, а не за вистинските интереси на македонскиот народ.

Македонија отсекогаш патела од предавници и продадени души, но ова веќе ја премина секоја граница. Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите. Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг! 

Продадоа име, идентитет, и што уште не! Станавме граѓани од втор ред во својата земја. Дозволивме да направат уште еден геноцид врз Македонците.

Упорно работаат  да не` нема, да ни го срушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости и` го извалкаа името и идентитетот на нашата Македонија.

Да се прикажува грешникот како чесен, предавникот како лојален, неверникот како верник а лошиот како добар е најдобар пример за тоа што го гледаме сега, што го слушаме во овој момент и што сите знаеме дека е токму тоа се  искривени вредности.

Многу пати сме читале во историјта колку Македонскиот народ бил предаден и продаден заради лични интереси, од внатрешни и надворешни предавници и колку пати нашата татковина била фрлена на колена, но овојпат предадени сме од домашни, од наши.

По глупостите кои ги направи оваа власт, илјадници Илинденци од 1903 и 1944 година, кои ги положија своите животи во сите три дела на поделена Македонија, денес се превртуваат во своите гробови, гледајќи како нивните потомци така лесно се откажваа од продобивките кои се добиени со потоци крв.

Да се порази неспособноста, незнаењето, ароганцијата, вазалноста и штетноста од владеењето на еден човек – Зоран Заев, чии наведени карактеристики, станаа матрица на однесување на целокупната владеачка гарнитура. Зашто, за жал, се потврдува дека глупоста, незнаењето и неспособноста претставуваат вирус далеку позаразен и од оној на Ковид 19.

На 17 октомври да ставиме крај на Заев и неговата криминална и антимакедонска дружина, и да им кажеме, доста е одете си. СИТЕ ОБЕДИНЕТИ на 17 октомври, ќе ја обоиме Македонија во црвено.

Клетвите на македонските мајки чии синови загинале за Македонија, да ги стигне сите кои ја уништуваат Македонија и Македонците.

АМИН ГОСПОДЕ!

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top