На прво место

Никола Груевски : Како тоа новиот премиер на Бугарија Кирил Петков тврди нема македонско малцинство во Бугарија

21092860

21092860 Никола Груевски

Каде отидоа овие луѓе и нивните наследници од овој краток 30 минутен документарен филм снимен пред само 30тина години?

https://www.youtube.com/watch?v=ygY6ghr_prA

Од кого беше тужена и петнаесетина пати загуби на суд Република Бугарија во судот во Стразбург од каде и беше наложено да ја регистрира ОМО Илинден?

Пописите од педесетите години на 20 век, кој ги правеше во Бугарија, на кои беа декларирани 180 илјади Македонци кои живеат во Бугарија?

Училишта на македонски јазик во Бугарија немаше ли во тоа време?

Како тоа Бугарија има право да бара да се менува уставот на Македонија за да се вметнат македонските граѓани со бугарска самосвест во истиот, а темата за Македонците во Бугарија не требало ни да се дискутира? Тоа ли е големината на посилниот како што кажува во неговото интервју?

Не прилично е премиер со такво образование во очи доаѓање кај соседот јавно да кажува невистини и со тоа да ги навредува Македонците во Македонија и во Бугарија кои се негови граѓани.

Каква е таа стратегија за решавање на проблемите која се заснова на невистини? тоа сигурно не го научил од Michael Porter.

Јас разбирам дека не му е лесно и дека Кирил Петков има проблем во својата земја и стравува уште на почеток на мандатот да се спротистави на општо прифатените ставови во Бугарија, а поврзани со Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, но нели тој доби мандат за да направи промени?

Нели се проевропска партија? Стразбург чив суд за човекови права е? Нели е европски? Нели нема друг случај во ЕУ од нејзиното создавање каде се блокира процес на приклучување заради изнудување признавање на дејствија од минатото, од историјата, од пред 70-80, или 100 години. Нели партијата која ја води и неодамна основа се декларира дека покрај антикорупциска е со проевропска идеологија?

Ако “промените продолжуваат”, дел од промените треба да биде вистинита за Македонците и за македонското малцинство во Бугарија, а таа вистина ја кажуваат самите граѓани на Бугарија со македонска самосвест кои Кирил Петков може да ги слушне во овој краток документарен филм, каде меѓу другото говорат и под каква тортура на бугарските власти биле затоа што се чуствувале и изјаснувале како Македонци.

Ако неверува во виденото, може лично и дискретно, без да ги изложува на непријатности, дел од нив да ги посети во нивните домови и без предрасуди и етикетирања да разговара со нив. Негови граѓани се, потенцијални негови гласачи се, во неговата држава живеат, издаваат и свој весник на македонски и бугарски јазик.

Ако во овој документарен филм снимен во Бугарија Кирил Петков не препознае дискриминација и потреба да промени нешто, тогаш за какви промени може да говориме?

Добро е, и разбирливо е што се обидува да внесе позитивна енергија во процесот, но оваа почетна фаза набрзо ќе заврши и набрзо ќе треба да се соочи со суштината на проблемот кој го наследи, во која суштина отворање авионска линија, или комисии за образование со повеќе стипендии за студенти нема да е доволна за решение, а нема да помогнат ни прес конференции со контролирани прашања како денешната.

Македонците и Бугарите биле и треба да бидат блиски и најблиски народи. И ќе бидат кога политичарите кај нашиот сосед ќе престанат македонското прашање да го третираат само низ призмата на гласови на следните избори и проблемот да го оставаат на решавање на некој друг после нив. Кирил Петков ја имаа таа шанса за промени.

Конечно, потсетувајќи се на тезите на легендарниот германски социјален психолог, психоаналитичар, социолог и хуманистички филозоф Ерих Фром искажани во “Уметноста на љубовта” а повикувајки се на често употребуваниот јазик на бугарските политичари во духот дека: “Македонија е детето на Бугарија”, не навлегувајќи во исправноста на тој пристап, би рекол дека Бугарија ако толку многу се чуствува како мајка на Македонија, треба да покаже мајчинска љубов (безусловна), а не татковска (условена-направи така ако сакаш да го добиеш тоа).

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top