На прво место

Розита Христовска : Добро утро Македонци, се’ уште Македонци!

27383
27383
Неделно сиво студено утро над Македонија.
Спиј си мој народе, па недела е ден за одмор, нели?
Кај да е, после, некој ФБ-јунак ќе напише: Македонија ни ја распродаваат, ќе ја нема, па овој е виновен, оној е виновен, не го мобилизара членството да излезе на улица. А, така ли, членството, а? Кое членство, какво членство, истото она по кое секојдневно плукате? Па, нели Македонија ви е партија, патриотишта, а?!
Секогаш, истите лица на улица, пред Собрание, пред Влада, пред судови, пред затвори, без повик од ниедна партија… Останатите чекаат некои други да го сторат тоа за нив, некои други да ги “вадат жешките костени”, да ја има Македонија, ама тие “другите” да бидат следени, притворани, судени, затворани. Некои деца, демек, од грижа за родителите со влошено здравје и во “годинки”, им бранат да се приклучат на “тие другите”, други, некои родители, си ги штитат децата да не им настрадаат па си ги советуваат да си седат дома и да си го чуваат г….о и работното место, трети се срамат да се замешаат со “членството” зашто, тие, членовите, нели, се лигави партиски послушници, а тие храбри и независни од под јорган, се јуначат, викајќи: револуција треба, треба вака, треба така…
Ехе, колку војводи и војвотки по ФБ-ов има, толку се храбри и одважни, што дури се плашат името вистинско да си го напишат, а камоли, пак, слика своја да објават (од профилот пркоси слика на Гоце Делчев, Александар Македонски, некој војвода и војвотка (ај, да не ги редам по име), па лавови, па тигри, што ли не…
Е, па, не ќе може другарчиња така, ако Македонија ви е партија и толку сте загрижени дали ќе опстане, ајде малку за промена, вие умните “нечленови” придружете се, па да видете како е на мунус 30 и на плус 40, и тоа не еднаш, не двапати, туку со месеци, со години…
Гледањето сеир од тераса и од столче во некое кафуле е маааалку поразлично. Пред да викнете “уааа, тој е виновникот”, запрашајте се, што вие сте сториле повеќе освен што плукате???
Некој денешен гемиџија извршил атентат? Не знаев, простете!
Па, добро утро Македонци, се’ уште Македонци! Македонија, вечна, библиска, нели? Господ ни ја чува, нели, чеда македонски???

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top