На прво место

Александар Николоски избран во 40 највлијателни личности под 40 години во Европа

Aleksandar-Nikoloskii

1Nikolos

Бриселската „Пријатели на Европа“ („Friends of Europe“) го избра Александар Николоски како еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

„Пријатели на Европа“ според неподелените мислења е највлијателна организација во Брисел и активно учествува во креирањето политики на ЕУ и создава општествени промени во Европа, а во нејзиниот управувачки комитет седат премиери, претседатели, претседатели на Европската комисија, евро комесари и други јавни личности од Европа.  Секоја година ги номинира највлијателните личности од јавниот живот, политиката , науката, бизнис секторот да бидат дел од престижната програма Европски Млади Лидери кои се под  40 години. 

Можност да бидат дел од оваа програма се веќе докажани личности кои имаат силно влијание во општествените случувања во Европа.  Целта на овој проект е заедничко вмрежување на веќе докажаните 40 личности од Европа кои веќе имаат успешни кариери од областа со која се занимаваат и нивно заедничко дејствување во поглед на промени во политичкиот и социјален живот во Европа. Алумните од изминатите години и учесниците од оваа генерација заедно со водечките личности во Европа и ЕУ заеднички создаваат решенија за сите жители на континентот, ги зајакнуваат демократските капацитети и креираат нови политики во насока на подобрување на квалитетот на живот.

Еве што напишаа за избраните лидери оваа година: „Нивната страст, креативност и иновативно размислување создаваат совршена формула за генерирање на свежи идеи за изградба на Европа со понапредно размислување. Главни уредници на пионерски публикации и медиуми, лекари хуманитарци, политичари од сите нивоа на власт, актерка прикажана на Нетфликс, научници, како и иноватори што ја предводат зелената дигитална транзиција, го сочинуваат овогодинешниот избор EYL40 Class 2022 година. Од шампионите и уметници преку  технолошките претприемачи, до водечките активисти и олимписките спортисти се годинешниот избор .“

А, еве што за изборот на Александар Николоски напишаа од „Пријатели на Европа “:

„Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар е потпретседател на најголемата опозициска партија во земјата ВМРО-ДПМНЕ. Посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ, тој е претседател на Националниот совет за европска интеграција, во која улога ги олеснува разговорите за пристапување на земјата во ЕУ. Александар е заменик-претседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде што е и член на Комитетот за правни прашања и човекови права. Тој претходно беше потпретседател на ПССЕ, како и прв потпретседател на Комитетот за политички прашања и демократија, како и на Комитетот за следење. Пред неговото влегување во политиката, Александар беше секретар на ФРЕСТА, програма предводена од данското Министерство за надворешни работи за промовирање на заедницата на невладините организации и меѓуетничкиот дијалог во југоисточна Европа“.

Покрај Николоски оваа година дел од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа се и Михаел Шимечка потпретседател на Европскиот Парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити за мали корисници, Нектариос Каланти Претседател на градоначалниците на Европа, Софи Мусел позната актерка со улоги во филмови и серии на  Нетфликс, Соиел Мирпур член на управниот одбор на Рокет Интернет најголема европска компанија за поддршка на високоразвиени технолошки компании, Бенјамина Кариќ  градоначалник на Сараево, Марио Брандебург пратеник во германскиот Бундестаг, Кристина Хансен од Данска која е градоначалник на Холбаек, Тамара Срзентиќ која е министерка за јавна администрација на Црна Гора, Витолд Банка од Полска претседател на светската анти допинг организација и други успешни млади лидери од Европа.

Главен мотив на „Пријатели од Европа“ е алумните на нејзините програми да бидат носители на главните промени кои треба да се случат во Европа и заедничко решавање на предизвиците со кои се соочува Европа како што се дигитализацијата, зајакнувањето на демократијата и европските вредности. Во изминатите речиси две децении голем дел од највлијателните и најталентирани личности во Европа биле дел од оваа програма и нивната  воспоставена комуникација има силно влијание во Европа.

Изборот на Александар Николоски е големо признание особено затоа што ова е најпрестижно признание за личности под 40 години во Европа, а посебно е значаен делот во кој се опишува неговата работа како  цитираме „Посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ. “

Линк од изборот на Пријатели на Европа за 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

https://www.friendsofeurope.org/insights/eyl40-class-of-2022/

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top