На прво место

ЖАЛНА ВЕСТ: РАДОВАН ПАВЛОВСКИ 1937-2022

Radovan Pavlovski1

Radovan Pavlovski1

ЖАЛНА ВЕСТ: РАДОВАН ПАВЛОВСКИ 1937-2022 

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС, 

23 февруари 2022 година, Скопје, Македонија

– Вчера, на 84-годишна возраст почина академик Радован Павловски поет, есеист и патописец, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите од 2006 година.

Својот живот го посвети на поезијата, која ја твореше повеќе од шест децении.

Академик Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 1955 година објавува песни во весникот “Млад борец“ и во списанието “Млада литература“. Од 1956 до 1959 година, покрај редовните студии на Универзитетот, работи како новинар-преведувач во дневните вести на Радио Скопје. Од 1959 до 1962 година работи во весникот “Нова Македонија“ како новинар, преведувач и книжевен критичар на културните рубрики.

Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието “Народно здравје“ првпат е објавена  неговата кратка песна “Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката “Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури.

Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во “Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб,  а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година.

За неговиот творечки пат и поетиката во единство со животот и творештвото во декември 1960 година остварува патување во земјите на источен Медитеран: Кипар (Фамагуста), Сирија (Латакија), Либан (Бејрут), Египет (Александрија и Каиро), потоа во 1981 година е на тримесечен студиски престој во Париз и потоа во Прага од 27 јули до 27 август 1979 година го изучува чешкиот јазик, литература и култура на семинарот Летна школа на Карловиот универзитет како стипендист на Чешката влада и Сојузот на чехословачките писатели. Големо значење за неговото творечко искуство имаат и следните посети: во 1973 година со југословенската книжевна делегација остварува петнаесетдневна посета на тогашниот СССР посетувајќи поетски средби во Москва, Ташкент, Самарканд, Волгоград, Ленинград (Санкт Петербург) и учеството на Деновите на македонската култура во Англија во 1979 година каде настапува на поетски средби во “Риверсајд студио“ во Лондон, Оксфорд, Брадфорд, гратчето Хеј он Веј во Велс и на север во Норич, при што тој пишува и патопис.

Радован Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Автор е на книгите поезија: “Суша, свадба и селидби“ (1961/1971), “Корабија“ (1964), “Високо пладне“ (1966), “Клима и лира“ (1966), “Езерска земја“ (1969), “Низ проѕирката на мечот“ (1971), “Сонце за кое змијата не знае“ (1972, на хрватски), “Пир“ (1973, на хрватски), “Зрна“ (1975), “Молњи“ (1978), “Стражи“ (1980), “Магија момче“ (1981), “Чума“ (1984), “Клучеви“ (1986), “Марена“ (1986), Избрани дела во три тома (1986), “Темелник“ (1988), “Зрна, Молњи и Клучеви“ (1989, трилогија), “Замок на розата“ (1990, избор), “Бог на утрото“ (1991), “Светлина“ (1993), ,”Вселенски деца“ (1993, поезија за деца), “Јавач на звукот“ (1995), “Синот на Сонцето“ (1999), “Штит“ (2001), “На едно око“ (2002), “Свртничар на светлините“ (2004), “Господар на перото“ (2006), “Океан во капка“ (2008), “Заштитна повелба“ (2008), “Воспеви“ (2009), “Јас сум време“ (2009), “Мојата ѕвезда“ (2012/2013, собрани дела во три тома) и “Се случува вечност“ (2014).

Академик Радован Павловски е коавтор (со академик Богомил Ѓузел) на манифестот “Епското на гласање“ (1960) и автор на “Манифестот на Поетската Република Железна Река“ (1990), на патописот “Отклучување на патиштата“(1986), на книгата есеи “Што може поезијата?“ (1993), “Демократска џунгла“ (1994, политички есеи), “Порака на поетот до поетите на светот“ (1995, СВП) и “Поетиката на походот на Александар Македонски во цивилизациите“ (2009, есеј-студија).

Добитник е на наградите “Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), “11 Октомври“ (1971), “Кочо Рацин“ (1975), “Повелба на печалбарите“ (1990), “Гоцевата повелба“ (1991), “Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на Друштвото на писателите на Македонија (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011).

Исто така е добитник на странските награди: “Младост“ (југословенска награда за “Суша, свадба и селидби“, (1961), “Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната “Железна Река“, 1975), “24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор “Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и “Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни “Темелник“, 1988).

Во 1972 година на поетскиот конкурс во Хрватска, ракописот “Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности, а поетската збирка “Зрна“ е прогласена за најдобра книга за 1975 година од Југословенската радио телевизија – оддел за култура. Во 2009 година е добитник на меѓународната награда “Икона Шекспир“ за литература, наречена “Исконски добитник“, што ја доделува Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија. Акад. Радован Павловски за своето творештво е добитник и на Орденот за заслуга за народ со сребрени зраци. Американскиот биографски институт го прогласи за Личност на годината за 1997 како “еминентна личност наведена во меѓународно и национално признати биографски дела“. Добитник е и на светското признание за животно дело за 1998 година (АБИ – САД). Во тринаесеттата едиција – интернационалното издание “Кој е кој меѓу интелектуалците“ од Интернационалниот биографски центар со седиште во Кембриџ, Англија, во 1999 година е објавена детална биографија и библиографија на животниот и творечки опус на академик Радован Павловски.

Академик Радован Павловски во континуитет во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот. Повеќе книги со негова поезија се објавени и преведени во Македонија и надвор од неа: на српски, албански, словенечки, турски, француски, англиски, руски, чешки, романски, есперанто, шведски и бугарски јазик, а во голем број избори на творештвото и на германски, италијански, арапски, грчки и кинески јазик. Творештвото на акад. Радован Павловски е вклучено во разни антологии на современата македонска, европска и светска поезија.

МАНУ која по повод смртта на академик Радован Павловски ќе одржи комеморативна седница за која јавноста ќе биде навремено информирана.

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрено сочувство до роднините и пријателите на Радован Павловски, беше пратеник во Генералното Собрание на Светскиот Македонски Конгрес. И после се’, Боже на духовите и на секое тело, успокој ја душата на починатото твое чедо и наш брат во Бога Радован Павловски, прости му ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, и како Благ и Човекољубив, насели ја неговата душа во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен…

Неговата луцидност и проникливост во македонските работи остави длабок белег во македонската поезија, во историјата на Македонскиот народ.

… Бог да го прости…

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top