На прво место

Простете, ама не можеме да веруваме во исти вредности, госпоѓо Галовеј

(Отворено писмо до амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Македонија)

Го читам Вашето патетично обраќање до македонската јавност, испровоцирано од „сликите на крвопролевање и уништување, напади на станбени блокови и улици…“, се разбира, во Украина. Слики пред кои и јас се згрозувам гледајќи ги единствено на медиумите со западни вредности, бидејќи со „најдемократскиот“ метод, методот на цензура, Вашите „сопственици на вистината“ ги забранија сите медиуми, кои нормално, бидејќи доаѓаат од Руската Федерација, според Вас, претставуваат гола пропаганда и поинаку известуваат. (Ќе ве упатам на Едвард Бернајс, роден 1891 година во Виена, кој по преселбата во САД прв го воспоставува научниот метод за формирање и манипулирање со јавното мислење, познат како „инженерство на согласност“, а објавен во неговото дело „Пропаганда“).

Токму затоа, овде, со една мала дигресија, ќе Ве потсетам што велат судиите. Велат вака – кога во една судска постапка ќе ја чуеш само едната страна, другата е веднаш подготвена за бесилка. Но, кога ќе ја чуеш и втората страна, дури тогаш имаш пред себе предмет за кој треба да донесеш одлука. Затоа, покрај судиите и обвинителите, за среќа, постои и одбраната. Онаа одбрана која Вие ја забранувате. Во име на западната демократија, се надевам.

Па, се сеќавате на заминувањето на Вашето семејство во Англија, во 1911 година, откако Козаците се обиделе да го земат (претпоставувам, насилно да го грабнат) Вашиот четиригодишен правујко. И треба да се сеќавате, зашто корнењето на секое семејство од корените е трагедија сама по себе со која и јас сочувствувам.

Се сеќавате на оние 33.771 украински Евреи убиени во 1941 година и на депортацијата во концентрационите логори на 7.144 македонски Евреи во март 1943-та. И до тука, верувајте ми, се сеќаваме на истото, на злото и го осудуваме истото, злото. Но, госпоѓо Галовеј, за разлика од Вас, јас се сеќавам и на Бурските војни, водени помеѓу Британската империја и двете, внимавајте, независни бурски републики – Слободната Држава Орање и Трансвалската Република (Јужноафриканска Република). Па, се сеќавам и на првите концентрациони логори кои во името на западната демократија ги изградивте и во нив ги сместивте бурските жени и деца некаде во 1900-та година. И уште посвежо се сеќавам кога пред повеќе од 70 години британските и американските авиони истурија запалливи напалм бомби (за прв пат во историјата), врз македонските партизани на Вичо и Грамос и врз невините македонски дечиња кои живи гореле во ужасни маки. Со тоа, Македонците беа најсурово протерани од сопствените огништа и раселени ширум светот. Дечињата разделени од своите семејства, од кои многумина и не ги виделе повеќе. Па, во селото Поздивишта, Костурско, македонските девојчиња, пред да заминат во непознато, качени на селската камбанарија, ја пееле најтажната песна „Збогум мајко, збогум татко, збогум мили роднини, јас одам на далечен крај…“, а нивните мајки, собрани на средсело, слушале и плачеле.

Се сеќавам госпоѓо Галовеј и на агресијата врз суверената држава СР Југославија, во која беа убивани невини жени и деца, беа намерно бомбардирани цивилни возови, беше уништен „центарот на пропагандата“ Радио Телевизија Србија и убиени новинари, беше ракетирана кинеската Амбасада… Се сеќавам и на страдањата на ирачкиот народ кога токму по лажното тврдење на Вашиот тогашен премиер Тони Блер дека Ирак поседува оружје за масовно уништување, беше нападнат со дотогаш невидена суровост… Се сеќавам на агресиите во „Арапската пролет“, разурнувањето на Либија и страдањата на невините цивили… Се сеќавам и на Сирија и на тамошната агресија… Се разбира, без согласност на ООН и без „демократска“ цензура на Вашите медиуми кои од ден во ден изнесуваа невистини и агресиите ги бојосуваа со убавата розова боја.

НЕ ДЕЛИМЕ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ, ГОСПОЃО ГАЛОВЕЈ

Пишувате: „И кога се сеќаваме, велиме никогаш да не се повтори. Велиме така зашто веруваме во тоа што го кажуваме. Затоа што тоа се нашите вредности“. И уште: „Мора да продолжиме да дејствуваме заедно и да покажеме дека веруваме во нашите вредности“.

За жал, госпоѓо Галовеј, се’ додека имате селективна меморија, се’ додека наметнувате двојни стандарди и се’ додека одбирате со чии страдања ќе сочувствувате, а со чии не, јас и Вие не можеме да делиме, ниту да веруваме во исти вредности.

Знаете зошто?

Затоа што за мене присилното заминување на Вашето семејство од Ривне, на 304 километри од Киев е еднакво трагично со присилното заминување на дечињата од Поздивишта, на 200 километри од Скопје; затоа што германските нацистички концентрациони логори за невините Евреи за мене се еднакви со британските концентрациони логори за невините бурски жени и деца; затоа што и девојчето со ампутирани рачиња во Ирак страда исто како и повредените дечиња во Украина; затоа што разурнатите градови во Либија и Сирија ја имаат истата судбина со разурнатите градови во Украина; затоа што убиените новинари на Радио Телевизија Србија, при едностраната агресија, го имаа истото право на изговорен збор, кој за Вас е пропаганда, како и новинарот на Си-Ен-Ен, кој по загинувањето во Авганистан во 2015 година, сега повторно загина во Украина, што, секако, не е пропаганда… И конечно, не можеме да споделуваме и веруваме во исти вредности, се’ додека заедно не ги споделиме и не веруваме во зборовите на големиот мислител Жан Жак Русо, кој вели:

„И најсилниот не е никогаш доволно силен за да остане господар засекогаш, ако својата сила не ја претвори во право, а својата покорност во должност“.

Затоа, госпоѓо Галовеј, дури кога „западната демократија“ ќе биде подготвена да го примени Русо и својата сила ќе ја претвори во право, а покорноста во должност, ќе можеме така изградените вредности да ги споделуваме и заеднички да веруваме во нив.

Дотогаш, кога велите дека и’ помагате на Украина со обука на 22.000 војници и со испорачување 2.000 противтенковски проектили, запрашајте се дали вложувате во војна или во мир? Заради сопствената совест.

Со почит, во искрено исчекување на заедничките вредности.
Страшо Ангеловски, Претседател на МААК

https://netpress.com.mk/prostete-ama-ne-mozheme-da-veruvame-vo-isti-vrednosti-gospo-o-galove

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top