На прво место

Македонија не застанува, Македонија забрзува!

Македонска Нација

На одбележувањето на 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, од Струмица беше испратена силна патриотска, државничка и обединувачка порака: Македонија повторно има надеж, повторно има сила и повторно има народ кој верува во себе.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, во својот говор порача дека овој јубилеј не е само прослава на една политичка партија, туку сведоштво за една идеја што трае повеќе од еден век – идејата за слободна, достоинствена и силна Македонија.

„Вечерва не сме собрани само да одбележиме 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва сме собрани да покажеме дека идејата која започна пред 36 години, не само што опстана, туку денес е посилна од кога било. Таа идеја, тој наш сон отсекогаш бил и ќе остане Македонија“, порача Мицкоски.

Од Струмица, пред присутните членови, симпатизери и поддржувачи, беше нагласено дека ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. Тоа е име со тежина, име вградено во македонската историја, име кое носи спомен на борба, жртва, вера и љубов кон татковината.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ не е партија без корен, туку политичка организација која го носи историскиот континуитет на ВМРО – од 1893 година, преку Илинден, преку сите премрежија, прогони, поделби, жртви и воскреснувања на македонската идеја.

Во својот говор тој зборуваше за Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански, Христо Татарчев, Тодор Александров и сите генерации кои низ историјата ја носеле идејата за Македонија како своја најголема должност.

„Секој член на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде свесен за историскиот габарит кој го носи ова име“, истакна Мицкоски, додавајќи дека ВМРО низ историјата секогаш се враќала посилна кога некој мислел дека е поразена.

Особено емотивен дел од говорот беше посветен на основачите на ВМРО-ДПМНЕ од 17 јуни 1990 година. Мицкоски им се заблагодари на сите кои со храброст, визија и љубов кон Македонија ја создадоа најголемата политичка партија во државата.

„Патот до 17 јуни од Голгота се претвори во воскреснување на светиот идеал на историската ВМРО“, порача тој.

Во говорот беше испратена и силна порака за македонскиот идентитет, јазик, култура, традиција и историја. Мицкоски нагласи дека нема пазарење со македонскиот идентитет и дека Македонија има место во Европската Унија, но не по цена на достоинството.

„Нема цена, нема слава, нема моќ која може да ме убеди дека без овие работи ќе прифатиме било што. Ова е нашата црвена линија. Нема пазарење со идентитетот наш македонски. Доста беше“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека правилата мора да важат за сите, потсетувајќи и на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците кај источниот сосед.

Мицкоски зборуваше и за работата на Владата, наведувајќи дека Македонија прави сигурни чекори напред, иако проблемите наследени од претходната власт се големи и длабоки. Тој порача дека нема магично стапче, но има работа, посветеност и одговорност.

Во говорот беа спомнати економскиот раст, странските инвестиции, изградбата на автопати, зголемените пензии, студентските домови, електронските уреди за студентите и проектите што повторно се движат напред.

Посебна порака беше испратена и до функционерите: власта не е привилегија, туку служба на народот. Мицкоски најави реконструкција на Владата и порача дека нема да има толеранција за недостапност, ароганција и заборавање на народот.

„Ние сме овде да му служиме на народот. Чистиот образ тешко се одржува, а лесно се губи“, рече Мицкоски.

На крајот, говорот прерасна во силна национална порака за иднината. Македонија, како што беше истакнато, не смее да биде држава на изговори, туку држава на можности; држава што создава, што работи, што верува во себе и што оди напред.

„Македонија не застанува. Македонија не се предава. Македонија забрзува“, порача Мицкоски.

Од Струмица беше испратена порака дека народот е буден, исправен и решен. Дека кога народот е обединет, нема пречка што не може да се совлада, нема врв што не може да се достигне и нема сон што не може да се оствари.

„Нека се слушне силно од Струмица! Од Беласица до Шар Планина! Од Охрид до Делчево! Од Гевгелија до Куманово! Една татковина! Една заедничка иднина!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Среќен роденден ВМРО-ДПМНЕ!

Бог да ја благослови Македонија!

Најново од: На прво место

Под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова промовирана иницијативата за зачувување и развој на Галичник

Галичник денеска беше домаќин на значаен настан посветен на зачувувањето и идниот развој на едно од највредните културни богатства на Македонија. Под покровителство на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, беше промовирана иницијативата на Месната заедница Галичник за зачувување, обновување и одржлив развој на ова легендарно мијачко село, препознатливо по својата богата историја, архитектура и традиција. […]

Заев на луксузна јахта во Халкидики

Според објавата на Нетпрес, читатели на овој медиум кои престојувале во туристичкото место Миражио Паљури на Халкидики испратиле фотографии на кои се гледа поранешниот премиер и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев, на јахта во грчкото летувалиште. Нетпрес наведува дека според информациите што пристигнале до нивната редакција, јахтата наводно чини околу 800.000 евра и најверојатно […]

Македонија меѓу најрелигиозните земји во Европа

Мапа открива колку Европејци веруваат во Бог На популарната Фејсбук-страница „Maps Porn“ неодамна беше објавена интересна карта што покажува колкав процент од населението во европските држави верува во Бог. Податоците откриваат значителни разлики меѓу различните делови на континентот, а очекувано, највисоко ниво на религиозност е забележано во Југоисточна Европа и на Балканот. Според прикажаните податоци, […]

Струмица ја покажа разликата: ВМРО-ДПМНЕ со народот, СДС во тесен партиски круг

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС никогаш не била поочигледна отколку денес. Додека десетици илјади граѓани во Струмица заедно со ВМРО-ДПМНЕ го одбележаа 36-годишниот јубилеј на партијата, испраќајќи порака на единство, надеж и верба во Македонија, СДС својот роденден го прославуваше далеку од народот, зад затворените порти на Бихаќка. Тоа не е случајност. Тоа е резултат […]

Мицкоски повика на единство, Филипче повторно застана на спротивната страна

Наместо национално обединување во одбрана на македонските интереси, лидерот на СДС уште еднаш застана на страната на политиките што ги оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историја. За миг се чинеше дека Венко Филипче конечно ќе покаже државничка зрелост и ќе ги стави националните интереси над партиските калкулации. Подадената рака од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, […]

Десетици илјади граѓани во Струмица испратија порака на единство, доверба и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција се заблагодари на десетиците илјади граѓани кои вчера присуствуваа на одбележувањето на 36-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, оценувајќи дека бил испратен силен сигнал за единство, заедништво и поддршка за политиките на партијата. Ковачки истакна дека присуството на голем број граѓани на стадионот […]

Основачите и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ: Од Струмица ја почувствувавме истата искра од 17 јуни 1990 година

36 години по историското основање на ВМРО-ДПМНЕ, илјадници граѓани во Струмица испратија порака на единство, надеж и верба во Македонија, потврдувајќи дека идејата родена на 17 јуни 1990 година и денес живее со истата сила и енергија. 17 јуни 2026 година во Струмица не беше обичен ден. Тоа беше ден за паметење. Ден исполнет со […]

Мора да се брани македонската вистина, не сме дрво без корен

По повод 36-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, која денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, генералниот секретар на партијата Драган Ковачки порача дека ВМРО-ДПМНЕ претставува мост меѓу историското ВМРО и современата македонска држава. Во изјава за Сител телевизија, Ковачки истакна дека евроинтеграциите остануваат стратешка цел на Македонија, но притоа мора да […]

To top